Па дебата и сега има, секогаш имало, секогаш се дебатира во врска со отворените политички прашања, проблемот ваш е што мислите дека и дебатите треба да бидат забранувани, па Лубчо сакаш да те потсетам за што дебатираше, како лидер на ВМРО ДПМНЕ ? За трансфер на територии ... и ? Што сега ? Се случи тоа ? Или го сметаа и сеуште го сметаат за ненормален, али дебатираше, јебига, демократијата тоа му го овозможува.
Заев јасно кажа, дебата може да има, но ОН е против промена на устав, а сите тие прашања во врска со барањата од платформата опфаќаат и промена на устав, што никогаш нема да се случи. Вие дозволувате лесно да бидете изманипулирани од дно од медиуми каде Љупче Златев ги пишува пола од текстовите, или Сарма од Сител, абе тие барања на албанците треба да сте свесни дека НИКОГАШ нема да поминат преку собранието на Република Македонија, ниту пак ќе поминат преку Уставниот Суд.
И под дебата знаеш што може да спаѓа
Села, сакаме промена на знаме
Заев, не можете тоа да го добиете, треба да се смени устав, треба да помине во собрание, треба да биде во согласност со желбите на сите граѓани на РМ
Ете тоа е дебата, дебата не е еднакво на промена на устав, на двојјазичност на цела територија, дебатата е еден од сегментите за Демократија во едно општество, зар сакаш истата да биде забранета ? Башка секој ден се дебатира во врска со овие прашања, дали на телевизија или зад затворени врати, и еве како што гледаш, Заев во случајов, јавно кажа дека уставот нема да се менува, дека не подржува смена на банкноти, на униформи, дека нека ноторна лага за казни, за учење на албански во училиштата ...
Го имаме охридскиот договор, каков е таков е, потпишан е од сите релевантни и нерелевантни партии во РМ, тоа е тоа, на албанците не им треба повеќе од она што им го налага моментално уставор на Република Македонија, и убеден сум дека најголем дел од албанците не се замараат со тоа каква ќе биде униформата, или знамето, веќе имаат добиено дури и ПОВЕЌЕ од она што се надевале дека ќе го добијат, а тоа им го овозможија грујо и компанија.