Библијата

Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Библијата моралистичка?
Ок, нека ти биде, учи за морал од таму. Иако не знам како моралистичка книга ќе те доближи до божественото. Света книга не се заморува со човечкото, туку со божественото. Не се мешаат стварите! Но тоа е тема која, не би сакал да ја јас разглобувам на форум. :)
Не многу одамна рече - човештвото пред се.

Не ја поистоветувам со Црква библијата. Со прст покажувам кон секоја Црква од стариот еон за уништување и налудничаво напаѓање на учења од кои подло краделе знење! Има разлика...
Меѓутоа, очигледно и Библијата не ти се допаѓа. Ќе ме радуваше да дискутираме за конкретни примери ама тоа е тоа...

Слабо дискутираш на темиве тука а и во животот, затоа не знаеш за мирјани. Ова ти е само занимација која ќе те одмине и ќе продолжиш со нешто трето во животот.
37642"]
Не ги познавам сите мирјани и не можам да тврдам дека сум во право. Веројатно ни ти.
Да, може да се рече дека ова ми е занимација зашто не ми е професија, но не е веројатно дека ќе ме одмине зашто ми е важна занимација.

П.С. Тоа е лага дека науката и спознавањето на човекот на Земјата нема да помогне во внатрешниот пат на поединецот! Преиспитај си ги ставовите. Премногу христијански одиш, не православно христијански, но некако разводенето протестантски
37642"]
Науката ми е далеку подобро позната од религијата и знам дека таа е корисна за материјалната но не и за духовната страна на животот...

Моите ставови не произлегуваат ниту од православието, ниту од протестантизмот, ниту од Библијата. Тие се резултат на сето мое искуство и одживеано и прочитано.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Да и сега велам „Човештвото пред се“. И не разбираш што зборувам во однос на светите книги и човекот. И исто така не разбра и за индивидуата и човештвото во целина!
Слично како христијаните зборуваш, кај нив богот и човекот се далеку со еони и не може да го премостат тој јаз!

И реков и дека треба еволуција на мислата и знаењето и праските. Догмата не дозволува тоа. Толкувачите на Библијата бараат непроменливост. Затоа и реков библијата да се разгледува во однос на другите тогашни и идни учења... дури и со Исламот може... како нус-производ на христијанството. И реков дека не разглобувам некои ствари на форум. Погрешно ќе се разбираме, а мене целта не ми е бесконечно да се објаснувам. Посебно кога за ова сум зборувал, само треба да се пребара по форумов. :)

Како заклучи дека библијата не ми се допаѓа, кога веќе кажав што не ми се допаѓа во однос на Библијата и организациите кои се повикуваат на оваа книга?

Можеби науката ти е далеку попозната од разните религии, учења, тајни иницијаторски редови - но не доволно по се изгледа.
Запознај се подобро и со религија и со наука и ќе видиш дека науката може да помогне за внатрешниот пат и дека постои промена за разлика од старото време. Нормално, оние кои се верници, ќе ти кажат дека се е исто.. нека им биде по нивна волја. :)
Нема да ти помогне со религиите како ислам и христијанство, тоа се сложувам.

За што всушност ти дискутираш со мене? Да ми укажеш дека Библијата сеуште е валидна и христијанството е највисокиот дострел на човештвото во однос на духовното?
Да ми покажеш дека Библијата содржи моралност и етика вредна да се одржува со еони?
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Нема противречност. Под анализа го подразбирам она што ти го наведе како неопходно да се разбере Библијата. Јас реков дека пораката на Библијата е едноставна и јасна. Понекогаш е битно "каде од што доаѓа и кој е авторитетот од каде што е преземено/наследено учењето" - доколку тоа ти помогне да го разбереш учењето. Овде тоа не е случај, пораката на Библијата е јасна и без проучување на додатни извори.



Сите темели се догматски, па и во науката. Друга работа е дали догмата смее или не смее да се доведува во прашање. Јас под догма подразбирам претпоставка која не може да се докаже со постојното знаење.



Не сум забележал дека мирјаните креваат врева за било што. Се разбира доколку навистина се мирјани.



е по малку спротивно со...



...но се согласувам и со едното и со другото:).



Значи сепак постои цел - еволуција нa духовноста и самото човештвото.



Ја поистоветуваш Библијата со институционалните религии и нивните догми а тоа не е иста работа. Точно е дека Библијата е збирштина од се и сешто и во неа лесно можеш да најдеш потврда за било какво тврдење и за било каква идеологија од најхумана до најѕверска. Има и потценување на жената има и величање на жената, има политика, демагогија и тежок шовинизам. Но целината на Библијата е сепак консеквентна - таа се темели на догма но не е ниту догматска ниту мистичка туку моралистичка книга, моралистичка со хуман аспект.[DOUBLEPOST=1550484172][/DOUBLEPOST]

Науката е најбитна и најкорисна од работите што човекот ги создал...во материјалниот но не и во духовниот домен.
Не постои "духовен" домен има само психа која е резултат на електрохемиски интеракции на материјата т.е. на супстанции.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
И не разбираш што зборувам.......
Имаш право, ништо не разбрав. Немаше ни што да се разбере. А да читам стари постови немам ни време ни воља. Поздрав и со среќа![DOUBLEPOST=1550571160][/DOUBLEPOST]
Не постои "духовен" домен има само психа која е резултат на електрохемиски интеракции на материјата т.е. на супстанции.
Така било значи?! А ти, конкретно, на наизменична струја работиш или на батерии?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Тоа што не можеш да разбереш, не значи дека нема. Прав христијанин си, потаен - но христијанин.
Догматичар :)
Сега и знам зошто ме цитираше, не беше Библијата за муабет, туку моите размисли... исто како христијаните што веруваат во Библијата зборуваш: и за нив во науката имало догма. Дури науката и поголема догма од нивната догма било...
А поголема догма од старите религии - нема и нема ниту да има повеќе.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Имаш право, ништо не разбрав. Немаше ни што да се разбере. А да читам стари постови немам ни време ни воља. Поздрав и со среќа![DOUBLEPOST=1550571160][/DOUBLEPOST]

Така било значи?! А ти, конкретно, на наизменична струја работиш или на батерии?
Во основа на батерии, клетките во мозокот што е се во т.н. духовен свет работи на еднонасочна струја. Нема духовен свет тоа не постои се резултат на хемија и физика.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Во овие два цитата е вметната целата вистина за Библијата.
Во училиште наставничката му диктира на еден ученик, а тој тоа го запишува на табла , додека другите ученици само читаат тоа што е напишано на таблата.
Во училиште наставничката му диктира на еден ученик, а тој тоа го запишува на табла , додека другите ученици само читаат тоа што е напишано на таблата. После одреден период дел од овие ученици прераснуваат во учител(к)и. Сега некој од нив диктира, еден ученик пишува, другите само читаат од таблата. Но новиот учител(ка) многу работи не разбрал добро, нешто заборавил, нешто измислил за да ги пополни празнините... Се создава искривена верзија на почетниот диктат. Уште неколку пати така и Библијата добива само еден бог, наместо 12 врховни богови Старогрчката митологија води потекло од староегипетската, оваа од староакадската, оваа од некоја друга (можеби од бабилонската), таа од некоја поранешна.
И се доби Библијата со еден Бог (но Исус сепак има 12 апостоли), наместо 12 врховни (инаку ги има неброено) во сите претходни што ги наведов.
Во библијата (која е препис од претходни книги) вметнале разни приказни, избришале некои делови и добиваш приказна за замајување и контрола на масата. Но поголемиот дел е опис на правилата на универзумот, сончевиот систем итн итн.
Непознати се за нас, бидејќи тие информации "некои" решиле да ги сокријат, а целта знаеме која е.
Разни преписи, разни преводи ја искривиле Библијата толку многу што малку останало веродостојно на почетните (акадските? бабилонските?) записи. Веќе пишував дека првата жена на Адам е Лилит, ама ете, тој дел веќе не постои. Некој од непознати причини го исфрлил.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
B

Bafra

Гостин
Разни преписи, разни преводи ја искривиле Библијата толку многу што малку останало веродостојно на почетните (акадските? бабилонските?) записи. Веќе пишував дека првата жена на Адам е Лилит, ама ете, тој дел веќе не постои. Некој од непознати причини го исфрлил.
Сакаш да кажеш дека ти веруваш дека напишаното се однесува на вистински личности (луѓе) :unsure:

Не е битно името, битното е што таа иста приказна се провлекува илјадници години наназад, кај сите.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Сакаш да кажеш дека ти веруваш дека напишаното се однесува на вистински личности (луѓе) :unsure:

Не е битно името, битното е што таа иста приказна се провлекува илјадници години наназад, кај сите.
Адам и Ева не се лични имиња. Ева значи нешто како „мајка“ Во Библијата тие се преведени како лични имиња.
Инаку, ДА. Мислам дека постоеле. Но се бледа копија на староакадските записи. Дури и староакадските записи се повикуваат на некои постари записи. Со секое препишување (преведување) се губи смислата на првиот запис. Нешто погрешно се преведува, нешто погрешно се препишува и на крај од 12 врховни „богови“ (а ги имало многу) во христијанството и исламот останува само еден.
Староакадските записи се многу постари од Библијата. Таа директно или индиректно е нивни превод. Се разбира, многу неверодостоен превод.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
Сакаш да кажеш дека ти веруваш дека напишаното се однесува на вистински личности (луѓе) :unsure:

Не е битно името, битното е што таа иста приказна се провлекува илјадници години наназад, кај сите.
Ах, едвај чекам да чујам на што се однесува.
Кажи дека биле тоа хороскопски алегории, како што кажуваат во оноа Зајтгајст (филм со највеќе неточни "факти").
 
B

Bafra

Гостин
Ах, едвај чекам да чујам на што се однесува.
Кажи дека биле тоа хороскопски алегории, како што кажуваат во оноа Зајтгајст (филм со највеќе неточни "факти").
Па одвај да си сакал да чуеш, ќе си потрошел време да видиш и други размислувања. Вака полесно ти е да изиграваш комедијант и што каже попот тоа е, нема замарање на мозок. (y)
Така можда е и најдобро, пуши, јади сери, спиј, шо има да му ја мислиш :P
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Епа со среќа на младите, а и тебе со среќа.(y)
Кога ги добиле децата, кој ли им ги крстел :D
Нема потреба од цинизам. Јас го напишав само моето мислење (како одговор на Вашето прашање).
Ако сте ги прочитале моите поранешни постови, треба да знаете дека Библијата ја сметам за шарлатанство, Бог за измислена личност (во тој контекст е и мојот потпис кој се јавува на дното од секој пост).
Сепак сметам дека Библијата за основа ја има ВИСТИНАТА, иако е толку многу искривена, па нема врска со вистината. Сметам дека големиот потоп е вистина, иако не може да биде онаков како што е прикажан во Библијата. Сметам дека човекот не може да биде продукт на еволуцијата (одеднаш прескокнал милиони години, значи дека е создаден или ДОСЕЛЕН), сега би можел да користи само камени орудија, не да е на овој висок степен на развој.
 
B

Bafra

Гостин
Нешто си ми нејасен:
треба да знаете дека Библијата ја сметам за шарлатанство, Бог за измислена личност
А после ова го имаш напишано:

Сепак сметам дека Библијата за основа ја има ВИСТИНАТА, иако е толку многу искривена, па нема врска со вистината.
Библијата не е шарлатанство, доколку напишаното го анализираш како правила/опис на астролошките движења. Ако ја читаш од религиозен аспект, нејаснотии милион и нормално таков Бог/креатор не може да постои.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Библијата не е шарлатанство, доколку напишаното го анализираш како правила/опис на астролошките движења.
Не знам што подразбирате под поимот астрологија. За мене тоа претставува гатање од ѕвездите (и планетите, мислеле дека и тие се ѕвезди). Во секој случај ѕвезди баш многу и не се споменуваат.
ПС
Ах, да. Мудреците од истокот следеа ѕвезда која се гледала и преку ден (можно е - не велам НЕ „ѕвезда“ да се гледа и дење) за да го пронајдат Исус кога се родил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom