евтино, лесно, едноставно, и ефикасно перење на автомобили

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Сигурно нејќете да го оставите вашиот автомобил на други да ви го перат, или ако не гледате никаков проблем во тоа, тогаш сигурно не ви се чека со часови. Па на толку што ќе платите и уште да ви кажат дали сакате да се почастите нешто.
Одсега има полесен начин. Никакви чекања, сами си го перете автомобилот, ем евтино ем за помалце од 15 минути.
Епа, затоа е тука новата Gala Wash.
Еве каде се наоѓа:
Gala wash
Skopje 1000
https://maps.app.goo.gl/kGBxV
Доаѓате со кола, плаќате едно 50 или 100 денари, зимате жетони, ставате у тоа апаратот, кликате и зимате прскалката и за 15 минути гланц нова.
Ем нема други да ви ја перат, ем и време ќе заштедите, а и поевтино доаѓа.
Имало и на други 2 места, ама појма немам кај се тие.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.764
Поени од реакции
29.026
,,ima i na placot kaj salata Boris Trajkovski,,,istiot princip,,mislam deka rabotno vreme 24h,,
,,,prilichno praktichna rabota,,,ama se neshto se mislam sho narod sme,,,
 
Член од
25 февруари 2018
Мислења
104
Поени од реакции
26
Јас дома во двор, ќе и го опнам ова цревото, еден сјај, сунѓер (во макпетрол има многу убај) и за едно 15-20 мин како нова ќе си биди... :D :P
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
167
Поени од реакции
132
Знаете ли каде ставаат восок на колата?
Или пак колку кошта да си купам едно такво / колку трае?
 
Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Јас првпат ја перев колата пред еден месец таму. Малку скептично дека ново и непознато (бар за мене прост балканец, веројатно по светот ова го имаат од 1995).
Импресивно. Јас се одушевив колку убава излезе колата после зафатот, кој иначе во 02:00 по полноќ го правев (работат 24/7).

Се пере и за помалку од 15 минути, јас за 4 жетони по 1.5 минута (вкупно 100 денари) мијам комплетно Е класа Мерцедес цел. Да се разбереме, ако сакате да бидете педантерии и 10 минути да прскате само околу тркалата, ова не е за вас (од финансиски аспект). Ако колата ви е гнасна, успат полните и гориво, застанете и за ептен кратко време ја светнувате. А не дека во перална ќе ви посветат особено внимание на вашата кола...

Знаете ли каде ставаат восок на колата?
Или пак колку кошта да си купам едно такво / колку трае?
Восок има баш на Gala Wash (има посебен програм за перење со восок). А за мачкање со восок тоа го прават веројатно по гаражите и автолимарите кои полираат коли.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
куќа у село фурка, па таму на тој огромниот двор со црево и средство.
тука у стан живеам, шо мислиш црево од тераса да влечам lol
 
Ф

Флеш

Гостин
Ова шо зборите е само за надвор од колата ....Дај препорачајте добра перална шо чистат комплет и внатре,комплет и седишта и таван и врати ..... Секако најважно добра услуга и цена ....Пежото ми е лом од флеки на предни врати и седиште и од ебани цигари,шо највеќе ме нервира,шо јас не пушам,да тргнам мирис ....
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

Иди у перални прашај, некои и хемиско праат 1500 денари од кола, ако е кочина може и више
 
Ф

Флеш

Гостин
Иди у перални прашај, некои и хемиско праат 1500 денари од кола, ако е кочина може и више
Ја носев у Сарај и после 4 јули улицата,супер едни беа за 2000,ама нешо ко македонски газда,попиздаа со цена и квалитет ....Негде до Карпош ако има....Стариов и брат ми шо пушат,се за ќотек ....Коа не го возам моторот,одам со кола,земи ја,џабе урлаш нема пушење и јадење :ROFLMAO:
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ова шо зборите е само за надвор од колата ....Дај препорачајте добра перална шо чистат комплет и внатре,комплет и седишта и таван и врати ..... Секако најважно добра услуга и цена ....Пежото ми е лом од флеки на предни врати и седиште и од ебани цигари,шо највеќе ме нервира,шо јас не пушам,да тргнам мирис ....
Забораив да кажам и за внатрешно чистење имаат и усисивачи.
 
K

kicodarker

Гостин
Треба малце и знаење во самоуслужните перални не само пуштај жетони и чуди се од кај да почниш.
Од финансиски аспект најдобро е самоуслужна. Од мрзлив аспект - најди си некој новалјија што просечно пери сеуште за 150 денари надвор/внатре и ќе бидиш задоволен.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Треба малце и знаење во самоуслужните перални не само пуштај жетони и чуди се од кај да почниш.
Од финансиски аспект најдобро е самоуслужна. Од мрзлив аспект - најди си некој новалјија што просечно пери сеуште за 150 денари надвор/внатре и ќе бидиш задоволен.
Да, до негде.
Си имаат овие пералните и инструкции, и имаше денес кога бев јас еден старец кој што надгледуваше/проверуваше и беше тука за асистенција.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
316
Ајде прво ќе ги пишам локациите

Gala wash има на следниве локации
локација: кај Борис трајковски салата
локација 2: Аеродром Oкта бензиска бул. Србија
локација 3: Аеродром Окта безниска 3-та Македонска бригада ( на оваа пумпа во склоп има и правосмукалки кои исто така работат на жетони) 1 жетон-180 секунди.

Ова е интересно за оние што немаат двор и им е мерак ете да пробаат да го исперат аутото, aли дека ќе се измие кола воопшто за 100 денари тешко. Впрочем и за 200 денари нема да се измие.
Исто така за таксистиве е добро кои сакаат да ги исплакнат коливе.

Јас Бев два-три пати бидејќи ми беше интересно да пробам.
Она што мене ме зачуди додека чекав на ред, е што многу од нашиов народ незнае воопшто и како се пере кола.
Дека треба на крај да се пребрише итн.
Мисли дека вапот ќе го земе испрскај и готово. Колата е чиста веќе.
Пред мене беше човек со жена, кој ставил 50 денари и леле вика ја исправ за 50 денари колата. И наредниве 3-4 дена ќе ми биде чиста
Му велам абе знаеш ли дека треба да се помине колава со еленска.
Инаку ефект ќе немаш ни 1 саат само со вапот.
Ми вели поима немам брат. :confused:
Отиде купи крпа и пребриша колку толку.

Еден дечко кој чекаше после мене ме праша дали еленска се употребувало пред или после перење. Љубезно му помогнав.
Според мене за перална цена/квалитет (вложено-добиено) Веро Џамбо пералната е најдобра. За 250 денари комплет се добива навистина средена кола.
Никогаш нема да се испере така на Gala Wash макар ставиле и жетони од 500 денари.

Единствено нешто што вреди на Gala се правосмукалките.
Јас се надевам дека сега народов кога веќе има можност, особено жениве нема да се правдаат и ќе си ги исчистат коливе.
 
Последно уредено:
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72

Грешка си другар, баш напротив со бришењето после перење се замачкува возилото, затоа е ставен последниот програм осмозата, две коли перам после финиш со осмозата ич не сум чепнал по колата и се супер, првиот пат кога ја перев, после тоа со крпа ја поминав и само зезнав работа.
Информирај се пред да кажеш нешто :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom