Не знам зошто, ама никој не е изненаден од податоков. Дури и станува нормално да чуеш ваква работа.
Проблемот со квалитетот на зградите не е во законите според мене. Транзицијата создаде лопужи као Ванчо од Радовиш шо се посра од крадење злато од државна фирма. Каде е грешката по мене - купувачот прифаќа секакви срања по становиве. Не реагира, не рекламира...не приметува очигледно лоши решенија, не бара безбедност за децата, парк за играње, да можат пешки да одат до школо. На пример, за поглед, купуваат стан најгоре и после 3-5 години соседот им гради зграда 3 ката повисока од нивната и џабе шо е најгоре кога гледа во ѕид. Да бараше пазарот квалитет, ама стварно да бараше, она радовишко лоповиште може и ќе се обесхрабреше и ќе бараше друг начин да си ги пере украдените пари, наместо да го уништува Скопје. Замисли да дојде семејство (кое btw стварно не знам како ги наоѓа парите за стан) и ќе му каже "станов не чини, фала, ќе си најдеме друг". Наместо тоа, имаш "ќе се снајдеме за паркинг, ќе ги носиме децата со кола у школо, ќе возиме еден саат до работа....ама супер, во Центар сме, се' ни е блиску"...кое "се'" им е блиску жити све, да не одат у опера и филхармонија секој ден? Побарувачката, ниските стандарди на купувачите ебаа мајката, непоправливо, а во копродукција со транзиционерскиве манипулатори.
Ова го мислам за сите профитери кои практично ги уништија Скопје, Охрид, Тетово...дури убеден сум дека и не е толкав профитот колку што се тие алчни и колку што штетата што ја праат е непоправлива. Тие што сакаат помирен живот и финансиски можат да си дозволат, се тргнаа во Бардовци, Злокуќани, Сопиште, дури и Соње, Зелениково одат да живеат...ама и таму делуваат стихијно, без план, па и тие населби наместо комодитет да им е главна карактеристика, поскапеа и станаа повеќе како престижно име, отколку вистински да имаат квалитет.