Здраво на сите. Јас сум атеист и секогаш сум отворен за дискусии во врска со оваа тема. Како што растев почнував да си поставувам некои прашања во врска со нашето постоење (youtube имање големо влијание врз мене). Често се прашувам како е можно нашето постоење и постоењето на универзумот. Доколку некој ентитет го создал универзумот, кој го создал тој ентитет и така натаму со рекурзија. Како е можно секоја ноќ да се впуштаме во таква состојба во која свеста не го перципира времето и се будиме инстантно следнто утро, а за тоа првите дискусии да се водат доста касно во човечкиот еволуционен циклус. Доколку религијата е вградена во човековото постоење и доколку само една од нив е вистинската, тогаш зошто на пример не се роди некое дете во општество кое не е христијанско и нема слушнато ништо за христијанството, па да вели дека исус е вистинскиот спасител. Зошто уште во 21 век, луѓето веруваат во книги кои се напишани од овчари пред повеќе од 2000 години со тогашно разбирање и сеуште веруваат дека магарињата летаат или дека земјата е рамна? Факт е дека ако религијата каква што е денеска поточно христијанството не постоело, светот би бил различно место, можеби и полошо место за живеење отколку денес. Има премногу променливи во игра па затоа има луѓе кои цел живот го поминуваат на истражување на регигиите и нивното значење.
Мое мислење е дека сеуште имаме премногу верувања кои се престари и треба да се заменат или модифицираат со нови. Така сме стасале до 21 век. Така сме стасале до рационални дискусии, до научни откритија, до кола, до авион, до мобилен, со промена на религиозните идеи и замена со секуларни. Земјите кои имаат најдобри услови за живот имаат најголем степен на секуларизација. Секуларизацијата почна да ја почитува моќта и правата на индивидуата, а не религијата.