Автобусов нема ниту една гума експлодирана. Ако имаше пукнато уште во првите 2-3 секунди ќе беше на парчиња и бандажот ќе беше искривен и дали воопшто ќе беше на осовината.
На видеото се гледа дека предните гуми се летни и излижани, погонските всредина се зимски а останатите назад не заприметив. Автобусот бил 2001 година, 18 години стар што за кола се премногу километри и амортизираност а не за автобус кои во годината прават најмалку 100.000 километри и повеќе. Таблиците се од старите со 3 бројки, што значи се штедело и на тоа да не се фрлат 1500 денари за нови табли. Сигурно ситуацијата е настаната од дефект на автобусот типично балканско размислување за возила ама буквално и за се “арно е нема галје“. Сигурен сум дека проблемот е дефект на автобусот од дотраеност и моментлано со шпекулации како пукната гума,срцев удар и останато се користат да се заташка и да се помини со полесно. Затоа и нема официјални изјави ниту од шоферот ниту од компанијата се додека не склопат добра приказна за тоа дека било несреќен случај. Да несреќен случај, се се случува верижно од помала - до поголема реакција.Butterfly effect. Голем број сопственици на крнтии возат така не заради немање пари туку обратно - се додека се можи за нешто без да се дава пари ќе туркаат со истото. Сведоштва на шофери кои возат прекувремено ги има премногу - летото се враќав од црна гора со комбе, шоферот се предозира со кафиња и не тераше да сме погласни (погласни бре!) за да не заспиел. Го прашав колку време возел вика од 3 утрото тргнал за црна гора, а во македонија се вративме кај 9 и пол вечерта. Цели 18 часа на волан со паузи за мочање.
Не само возилата што се форсирани до максимум туку самите луѓе кои ги возат се исто така максимално исфорсирани. Сами на себе се правиме робови.
Жално е затоа што човечките животи кои загинуваат се само бројка и статистика во црната хроника.