Вакцини (општа дискусија)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Бебињата зависат од колективниот имунитет, а тој е ептен опаднат. Ај може ќе се освестат мамичките, за да не биде касно.

Во врска со морбиливе, зошто не објават колку од заболените со познат вакцинален статус се вакцинирани?
Мислам дека така најлесно ќе им ја затнат муцката на анти-ваксерите.
Над 70% се невакцинирани.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.814
Бебињата зависат од колективниот имунитет, а тој е ептен опаднат. Ај може ќе се освестат мамичките, за да не биде касно.

Над 70% се невакцинирани.
Видов, денес го објавија.

Пишува дека околу 71% се еднаш вакцинирани или невакцинирани. Али 23% се оние кои не потпаѓаат под задолжителна вакцинација, така да, друга е математиката.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.916
Поени од реакции
12.405
@Bafra две деца досега починаа од компликации, кој е прагот според кој може да се каже дека состојбата е алармантна? Пошо и за 7 деца кога се прогласи епидемија малце беа нели, абе ненормални со 7 заболени прогласуваат епидемија. Колку се сега заболени, близу 40?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
@Bafra две деца досега починаа од компликации, кој е прагот според кој може да се каже дека состојбата е алармантна? Пошо и за 7 деца кога се прогласи епидемија малце беа нели, абе ненормални со 7 заболени прогласуваат епидемија. Колку се сега заболени, близу 40?
https://youtu.be/A1KeQLqfQuY
Еве како идат тие работи,вака се прогласуваат пандемии
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега ќе пишат ааа детето имало и други здравствени проблеми.
И најјаки ми се оние што преку коментари ги обвинуваат докторите за смртта на двете деца и во онаа групата Здравје со игла не влегува се` уште никој ништо нема објавено.

Самите родители се виновни и поради нивните одлуки ќе страдаат многу деца и други родители кои ја прифатиле нивната одлука за која прочитале од оние групите на фб.

Нека продолжи трендот со невакцинирање, ќе ги вратат сите болести, ама кога ќе дојде до компликации да не бараат помош од доктори и оставки од министри. ;)

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Не е толку битен бројот на заболени, битен е заразувачот, во случајов вирусот. "Само" од 3 случаи Вариола во Југославија (додуша од вториот или третиот дури се знаело за што се работи), моите во Скопје биле во приправност, Југославија била буквално во воена состојба. Наводно заради "мудрувањето" на само 1 аџија
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.663
Зависи од болеста - епидемија се прогласува кога има ненадејно зголемување на број на случаи на болеста над она што вообичаено се очекува ; на пример ако сега се појави само еден случај на маларија ќе се прогласи епидемија.
 
B

Bafra

Гостин
@Bafra две деца досега починаа од компликации, кој е прагот според кој може да се каже дека состојбата е алармантна? Пошо и за 7 деца кога се прогласи епидемија малце беа нели, абе ненормални со 7 заболени прогласуваат епидемија. Колку се сега заболени, близу 40?
Ова со починатите деца биле здрави и прави деца, па од морбили починаа или не е битно според тебе??
Ете и со 7 прогласиле епидемија и што се постигна ... прочита негде од официјалните лица, причина која е за морбилите, кој период најчесто се појавуваат, препораки некои (освен вакцина) зашто и возрасни со две дози пак ги фатиле (во маркет :icon_mrgr:)

Зашто од грип не бараш да се вакцинира народов, а и епидемија да се прогласи или тоа уште го нема по медиуми па не знаете како да реагирате :P
Не читам дека си загрижена за здравјето на децата за кои се хронично болни, а лекарствата не им се на позитивна листа. Не читам да се буниш за условите на детска клиника и Козле, не читам да се буниш за многу работи против системот (поврзано за деца), ама затоа прва си против правото на избор на "обичниот" човек. Многу интелектуално и одговорно (y).
Системот не сака, системот се грижи за нашата благосостојба, само покорно и ЌЕ биде.
Дај боже да си станеш Мајка, па можеби ќе ја согледаш реалноста.

А од каде тоа ќе ги врателе болестите ... Досега ги немаше или не ви беше сервирано по медиуми па како и секогаш се залетувате ко прлиња, плус спремни и за фашистички мерки.

Не само што ќе се вратат, туку побројни, посилни ќе се, а и нови пријателчиња ќе си донесат.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.814
Не е толку битен бројот на заболени, битен е заразувачот, во случајов вирусот. "Само" од 3 случаи Вариола во Југославија (додуша од вториот или третиот дури се знаело за што се работи), моите во Скопје биле во приправност, Југославија била буквално во воена состојба. Наводно заради "мудрувањето" на само 1 аџија
Била спроведена интервентна вакцинација на целото население. 22 милиони да вакцинираш одеднаш, треба јака организација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
На фб најдов што наводно се случило со нулта пациентот во ЈУ. Некој го советувал да го избрише местото со алкохол затоа што се давала со боцкања, а не со инјектирање или со лажичка. Од таков памет резултатите биле страшни. First Prizreni anti vax
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Еве ги пишаа не биле здрави и прави децата.

Точно не биле здрави и имале и други здравствени проблеми и кај нив полесно доаѓа до компликации, а истите не може да се вакцинираат на таа возраст и затоа е потребен колективен имунитет.

Ама изгледа не е јасно зошто е потребен.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Utre kerka mi treba da ja nosam na vakcina, tretata vakcina po red, shestovalentna onaa
  • Ди Те Пер
  • ХиБ
  • Хепатитис Б
  • Полио
Rodena e kerka mi na 28mi Noemvri, nema polni 3 meseci. Edna od sestrite shto raboti na vakcinacii se sretnala so edna moja bliska rodnina i razgovarale i uz muabet rodninava moja spomnala deka na 11.02 treba da ja vakciniram kerka mi so ovaa vakcina. Medicinskava sestra iskomentirala vo stilot "Ne znam zoshto so nepopni tri meseci im rekle da ja primi taa vakcina. Minimum 3 meseci treba da ima bebeto.

I sega mnogu se nerviram so komentarov. Sakam kerka mi da si ja vakciniram, ama ova se shto se slucuva, komentarov od medicinskava sestra, seto toa me frustrira i sozdava nesigurnost kaj mene.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.539
Поени од реакции
34.700
Зависи од болеста - епидемија се прогласува кога има ненадејно зголемување на број на случаи на болеста над она што вообичаено се очекува ; на пример ако сега се појави само еден случај на маларија ќе се прогласи епидемија.
Точно!
... според Законот за јавно здравје порастот на заболувања од одредена специфична заразна болест кој по време и место го надминува вообичаениот број на случаи во претходниот период, како и невообичаено зголемување на бројот на заболените со компликации или смртен исход преставува -епидемија!

Според член 56 Законот за заштита на населението од заразни болести при ваква вонредна ситуација надлежниот завод е должен јавно да прогласи епидемја и доколку има опасност истата да се прошири и во други подрачја тогаш должно е Министерството за здравство да прогласи епидемија и наложува мерки за справување со вонредната ситуација!

...Член 64 од истиот закон вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат има право и должност додека трае опасноста од епидемија да забрани собирање на лица во училишта, кина, театри, јавни локали и други јавни места, додека трае опасноста од епидемија!

,,... грип, Институтот за јавно здравје укажа дека заклучно со први јануари биле пријавени 9.485 новозаболени лица, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 4.194 лица, со исклучок на пандемската сезона 2009/2010, бројот на пријавени случаи е највисок регистриран во последните 10 години, како за овој период од сезоната така и воопшто..,,

,,... мали сипаници, Сектор за превенција и контрола на заразни болести даде извештај да во период од 02.02.2019 до 08.02.2019 пријавени биле 54 случаи на мали сипаници во Скопје и четири случаи од други градови, во епидемијата во Скопје 201 заболен е класифицирани како мали сипаници по направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати!

...според вакциналниот статус, 144 или 71,6% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус,спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 8.434, од кои 5.900 лица се на територијата на град Скопје!
Utre kerka mi treba da ja nosam na vakcina, tretata vakcina po red, shestovalentna onaa Ди Те Пер, ХиБ, Хепатитис Б, Полио Rodena e kerka mi na 28mi Noemvri, nema polni 3 meseci. Edna od sestrite shto raboti na vakcinacii se sretnala so edna moja bliska rodnina i razgovarale i uz muabet rodninava moja spomnala deka na 11.02 treba da ja vakciniram kerka mi so ovaa vakcina. Medicinskava sestra iskomentirala vo stilot "Ne znam zoshto so nepopni tri meseci im rekle da ja primi taa vakcina. Minimum 3 meseci treba da ima bebeto.I sega mnogu se nerviram so komentarov.Sakam kerka mi da si ja vakciniram, ama ova se shto se slucuva, komentarov od medicinskava sestra, seto toa me frustrira i sozdava nesigurnost kaj mene !

..тоа што не знае медицинската сестра „зошто“ тоа да не те загрижува, тоа треба министерот да го загрижи и да превземе мерки, ние тука ништо не можеме!
...еве ги исечоци од законот за имунизација против одредени заразни болести и увери си самиот и доколку девојчето ти е во добра здравствена ситуација ич да не му ја мислиш - вакцинирај ја, доколку има оправданост да сега не може да се вакцинира според мислењето на лекар тогаш оправдано е да почекаш и во самиот закон за имунизација има одредена ситуација кога во моментот е контраиндицирано да се вакцинира!

...се надевам дека ја тргнавме фрустираноста и тато ќе биде посигурен да ја вакцинира својата ќеркичка зошто тој најмногу ја сака и го сака најдоброто за неа, поздрав и убаво да си поминете :smirce:
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ова со починатите деца биле здрави и прави деца, па од морбили починаа или не е битно според тебе??
Ете и со 7 прогласиле епидемија и што се постигна ... прочита негде од официјалните лица, причина која е за морбилите, кој период најчесто се појавуваат, препораки некои (освен вакцина) зашто и возрасни со две дози пак ги фатиле (во маркет :icon_mrgr:)

Зашто од грип не бараш да се вакцинира народов, а и епидемија да се прогласи или тоа уште го нема по медиуми па не знаете како да реагирате :P
Не читам дека си загрижена за здравјето на децата за кои се хронично болни, а лекарствата не им се на позитивна листа. Не читам да се буниш за условите на детска клиника и Козле, не читам да се буниш за многу работи против системот (поврзано за деца), ама затоа прва си против правото на избор на "обичниот" човек. Многу интелектуално и одговорно (y).
Системот не сака, системот се грижи за нашата благосостојба, само покорно и ЌЕ биде.
Дај боже да си станеш Мајка, па можеби ќе ја согледаш реалноста.

А од каде тоа ќе ги врателе болестите ... Досега ги немаше или не ви беше сервирано по медиуми па како и секогаш се залетувате ко прлиња, плус спремни и за фашистички мерки.

Не само што ќе се вратат, туку побројни, посилни ќе се, а и нови пријателчиња ќе си донесат.
Правото на избор на “обичниот човек” за вакцини треба да биде еднакво колку правото за управување возило во алкохолизирана состојба. Со неодговорните свои постапки поединецот загрозува други. И немој да почнеш со приказната “ама ако другите се вакцинирани од што се плашат”. Концептот за колективен имунитет ти е нејасен, современата медицина очигледно исто нејасна, упорно иницираш тема на дебата што не е тема на дебата туку здрав разум мислејќи дека си ги надмудрил сите. Со твојот став баш ти најмалку покажуваш загриженост за било кој друг. Искрено се надевам дека немаш деца, или барем ако имаш дека жена ти имала доволно свест да ги вакцинира бидејќи доволна би била една магарешка кашлица да го подвиткаш опашот и да отрчаш да ги вакцинираш.
И на крај целата твоја логика е неодржлива бидејќи 100% си вакциниран и ништо бутур не ти се случило ни тебе, ни на никој околу тебе. Генерации луѓе се пораснати здрави и прави, откако ја измислија студијата и откако онаа кокошката на Џим Кери не можеше да си се помири со фактот дека нема “нормално” дете по нејзини стандарди одеднаш вакцините станаа извор на сите зла.
Во суштина, меѓу најдобро сокриените историски факти е дека всушност Хитлер бил рабин пацифист ама Менгеле му се запнал да го вакцинира и ето белаја...
 
Да де, вас се ви е јасно, колективен имунитет, а се понездраво населението :unsure: .
Имам 2 деца :P. Не се секирај за нив, при жив татко и мајка.
За разлика од ФБ групи, мојата едукација и избор се направени од други извори.
Твоите заплашувања чувај си ги за необразованите и виткајте кичми, опаши, верувај во системот, твој избор. Само НЕ ми наметнувај мене.
Ти како медицинско лице да си во Норвешка, можеби ни чистачка нема да те стават со твоето знаење размислувања и однос.
Тоа што си учела деценија (кој знае и како завршено :D) ништо не значи, кога си учела погрешни работи. Продолжи концентрирај се на последиците и далеку ќе стигнеш. Напишав, не само што не биле истребени болестите, туку ќе се вратат уште појако, а и со помодерни сопатници.

Алкохолизирана состојба е за ворзасни и споредбите како медицинско лице ти се во најмала рака трагични бидејќи си од медицинската фела, а врска немаш ни да објасниш, туку со заплашувања и слепа покорност.
Ој препиши некој антибиотик и боцкај кого сакаш, ама остај не нас "магарињата" со кашлицата и на погрешна врата тропаш со заплашувања. Појаки доктори од тебе пробале.

Современа медицина (y)
Индустријализацијата со овозможување чиста вода во секое време, хигиена дома/надвор, секаква храна во секое време нема ефект врз здравјето, туку магичното апче :cuc:

Егото на медицинарите ( хирурзи не спаѓаат тука) е најголемо и најтешко за скротување, посебно на помладите генерации, ама како созреваат дел признаваат дека нешто не е во ред со тој систем. :P

Во сите нас има хитлер, само треба напор да се надмине желбата да се биде таков. Женскиот нагон за владееење е посебно штетен доколку жената се однесува како маж :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom