Народните преданија кај нас, говорат дека кога дошле Арнаутските бегови на селата како награда од Султанот после извесна војна, повеќето села ги попримиле јазикот и верата, а некои од нив само јазикот. Мислам дека тоа биле озлогласените потерџии. Нема логика да се нативни не-словени, а да се опкружени со Словенска топонимија. Па дури и Словенски имиња, кои ги носат со поколенија. Бранко што би му значело на Албански ?
Јас не сум историчар, но од општо знаење би рекол дека Бранко е од генерацијата која што претпоставувам дека почнала да се асимилира , под влијание на политиките на Краљевска Југославија... па сите православни албанци што живееле во реканскиот регион, а сега признават дека мајчин јазик им е албанскиот, да не кажам станале по македонци од самите македонци, па затоа и имињата им биле македонски. Колку што знам, бугарската империја, па и српската , во периодот од 9 век па натаму до 13 век, се распостраниле до Епир, или Јужна Албанија, па така да и таму имаш словенски топоними, на пример река Бистрица во Саранда. Албанците никогаш немале асимилирачка моќ, оти биле по инфериорни од комшиите...по смрта на Скендербег, има илјадници фамилии кои избегале во Јужна Италија, познатите арбреши, и интересно е дека православните албанци ја зачувале културата и јазикот и ден денес (Калабрија е жив доказ), додека католичките албанци полесно се асимилирале со итаљанците.
Албанците што ја примиле исламската вера сигурно дека имале повластици од отоманската империја, оти десетици големи везири биле од албанско потекло, и имале бенефити од тоа, ама не верувам до тоа мера , за да можат да асимилираат словенки народи, кога и во самото албанско население имало поделби од верски аспект (на крајот на краиштата и овие паши, бегови и везири биле само слуги на отоманската империја). И ден денес во Косово имаш големи фамилии кои дел се католици дел муслимани, или поколенијата можат да ги бројат до 5 поколение муслимани , па потоа католици.