Измени на законот за работни односи 2018та

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.804
Поени од реакции
5.077
Измени на законот за работни односи - летниот одмор ќе треба да трае најмалку две непрекинати работни недели
04.06.2018 | 17:25
Економија
Прочитано: 34977
Огласите за вработување, наместо пет, во иднина ќе траат само три дена, а пробната работа од шест ќе се намали на четири месеци. Новите измени на Законот за работни односи кои влегоа во собраниска процедура, ќе ги сменат и правилата за користење на годишниот одмор.

199649.jpg

Доколку се усвојат во наредните недели, ова лето наместо 12 рабони дена, рабониците ќе мора да користат годишен одмор од две непрекинати работни недели.

Работниците пред да добијат отказ, ќе имаат рок од 15 дена да се подобрат во работата, а за тоа писмено ќе бидат предупредени од своите работодавачи. Дали со ваквата измена работодавачите два пати ќе размислат преда да го поделат отказот?

„Ние ова го толкуваме дека ни дава можност да бидеме попрецизни во известувањето на работникот, оти во следна фаза на работен спор со погрешна процедура, работодавачот може да го игуби аспорот и да го врати работникот.“ - изјави Миле Бошкоски, Конфедерација на работодавачи.

Доколку работникот биде прогласен за технолошки вишок, работодавачот не смее две години да вработи нов на тоа место, а доколку има потреба од работник избрканиот да има предност пред останатите. Од Министерството за труд велат дека сегашната регулатива остава простор за манипулација, па работниците се прогласуваат за технолшки вишок, а веќе следниот ден на нивно место се вработува нов.

За ВМРО-ДПМНЕ овие измени се козметички. Тие побараа обаснување од министерската Царовска.

„Зошто носи на дневен ред ваков популистички законј, а во пракса луѓето ги брка од работа.“ - вели Благица Ласоска, ВМРО-ДПМНЕ.

Но, Царовска денес не се појави пред пратениците. Со новите измени на Законот за работни односи се зголемува приправничката плата од 40 на 70 проценти, но и испратнините за работниците, што беше предизборно ветување на СДСМ.
 
Доколку се усвојат во наредните недели, ова лето наместо 12 рабони дена, рабониците ќе мора да користат годишен одмор од две непрекинати работни недели.
:-(
кај нас на работа само што слушнаа за овој предлог одма го применија иако е на прво читање и не се знае дали ќе помине и во која форма
 
Ова ако си на неопределено работни време, такви ретко во праватните компании затоа сите одат на три месеци договор и оди земи одмор да те видам... а не пак 12 или по ново 10 работни дена... ако се буниш кога ќе ти заврши извини ама за тебе нема нов и чао...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Ова ако си на неопределено работни време, такви ретко во праватните компании затоа сите одат на три месеци договор и оди земи одмор да те видам... а не пак 12 или по ново 10 работни дена... ако се буниш кога ќе ти заврши извини ама за тебе нема нов и чао...
Законот (сегашниот) ти дава право на одмор ако работиш 6 месеци непрекинато кај ист работодавец, небитно дали си на определено или неопределено време.
Ете примерот што го кажа со договор на 3 месеци, ако после тој договор ти одма продолжиш со уште еден договор на 3 месеци, а работодавецот во меѓувреме не те одјавил од АВРМ, ти после вториот договор од 3 месеци стекнуваш право на одмор.

Е сеа, тоа што работодавците ги прекршуваат работничките права, а работниците се водат „наведната глава сабја не ја сече“ е тотално друга работа и во суштина баш ради тоа е и таква ситуацијата, со потенцијал да станува уште полоша.
 
А што да прават .... кога судијата ем ќе им ги земе парите на тие што ќе се осмелат да тужат, ем време ќе потрошат и на крај во 90% од случаевите пак ќе пресуди во корист на фирмата. Ти најдбро знаеш какво е владеењето на правото во МКД.
 
Не е така. Барем кога се работи за бизниси кои не се во сопственост на политичките елити судот пресудува праведно.
 
А стварно ли ќе има покачување на минималната плата од 12 на 14 илјади?
 
А стварно ли ќе има покачување на минималната плата од 12 на 14 илјади?
Mислам дека во програмата на СДСМ беа предвидени и 15.000, може и тоа ќе го направат. Мене не ми е битно...
 
сетоа тоа филмови.
За вработување преку агенција за администрација сега не треба повеќе сертификата за Англиски, намалени се критериумите за да можат најпростите да влезат
 
знае ли некој дали полагањата од понеделник натаму си течат или се запираат за сите огласи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom