Него нешо да прашам некој повозрасен овде, Југославија знам дека имала некои авиони Орао ли како се викале. Моторите на тие авиони беа домашно производство или од надвор ги носеа?
Југославија немаше капацитет ниту технологија за авионски мотор така да требаше да се земе мотор од странство (Ролс Ројс). Официјалната верзија според Вики е дека не е добиен посакуваниот мотор заради романското учество во Варшавскиот пакт.
Неофицијаната верзија што сум ја слушнал е дека било се договорено со Енглезите за посакуваниот мотор но на тестови авионот испаднал подобар отколку што се очекувало па наместо ветениот мотор бил испорачан мотор со послаби пероформанси со што Орао (о)стана обичен просечен авион значи ништо спектакуларно.
Потоа требаше да се дизајнира наследник (со корегирани сите недостатоци на Орао плус искуството) со прототипно име Нови Авион кој доста ветуваше на почетокот (потсетува на Лави) но војните во деведесетите и распадот на СФРЈ го запреа трајно проектот.