Хетеро парада не постои, не замарајте со тоа. Хетеро луѓето никогаш не биле обесправени во историјата на човештвото, додека геј луѓето во минатото биле линчувани и бутани у затвор, „лечени“ со електрошокови и сл. Парадата е прослава на човековите права што ги има добиено до сега ЛГБТ заедницата, основно е создадена заради Стоунвол бунтот, за којшто сигурен сум дека не знаеш.
Наци парада да организираат? хахаха. Зборуваш за идеологија полна со омраза и насилство, и ја изедначуваш со сексуална ориентација која што не штети ама баш никому. Ако тролаш, ондак оправдано ти е, ако не тролаш, просто генијалец си
Добро бе, не мора наци парада да праат, ама кога Дизни праи парада поврзана со сексуалната ориентација, зошто да не напраи парада поврзана со политичка ориентација. Еве нека биде социјал-демократска парада на Дизни во Дизни Ворлд. Или нека напраат фешта (не мора парада) со социјалната ориентација. БлуКолар фестивал или слично.
Сакаш да кажеш дека затоа што хомосексуалците биле угнетувани историски (и сеуште се некаде), не е доволно само да се прекине таа пракса и да им се дадат права, кои ги заслужуваат, туку треба и паради или други пи-ар активности да се прават?
ОК, да речеме дека организирање на вакви паради е некакво исправање на криви дрини.
Но, сето тоа не дава одговор на прашањето како Дизни има врска со ова, да биде до толку инволвиран, за да организира геј-парада.
Дизни е ентретеинмент компанија. Зошто на пример, Тојота не организира геј-парада? Или зошто Дизни не организира БлуКолар фешта/парада? Има миљарда повеќе случаи и периодуи каде што луѓето со оваа социјална ориентација биле угнетувани. Дури и по вокација они се угнетувани. Цело време.
Сакам да кажам дека уопште не му е паметно ова на Дизни. Од аспект дека не е тоа уопште негова работа. Не е соодветна занимација за ваква компанија. Го бутаат носот кај што не им е место.
Патем, не ли ти се чини дека филмот Блек Пантер е дискриминаторски во поглед на правата на ЛГБТ заедницата, заради тоа што таа беше претставена во филмот со 0%. Но, ова треба да се дискутира, можеби во филмските теми.