Криза во Венецуела

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Кога е бал, нека биде маскембал...

ПРИСТИГНАЛЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА

Ројтерс: Руски платеници го чуваат Мадуро

Платеници на приватна воена компанија, кои извршуваат тајни мисии за Русија, пристигнале во изминатите недели во Венецуела да го засилат обезбедувањето на претседателот Николас Мадуро поради протестите на опозицијата поддржана од САД, објави Ројтерс.



Русија, која ја поддржува социјалистичката влада на Мадуро со милијарди долари, неделава вети дека ќе остане покрај него откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се прогласи за претседател со поддршка од Вашингтон.

Ова е најновата меѓународна криза која ги подели големите сили, при што САД и Европа го поддржуваат Гуаидо, а Русија и Кина порачуваат дека не треба да се мешаат.

Евгениј Шабаев, лидер на локална гранка на паравоена група козаци поврзани со руски воени платеници, кажал дека во Венецуела можеби има околу 400 руски платеници.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека немаат такви информации.

Платениците се поврзани со таканаречената Вагнер група, чии членови, главно поранешни војници, се бореа на страната на руските сили во Сирија и Украина, според разговорите на Ројтерс со десетици платеници, нивни пријатели и роднини.

Повикувајќи се на контакти во руската државна безбедност, Шабаев кажал дека контингент отпатувал во Венецуела оваа недела, ден или два пред почетокот на протестите на опозицијата.

Тој кажал дека тие со чартер летови заминале за Хавана, од каде со редовни комерцијални летови биле префрлени во Венецуела.

Тој додал и дека задачата на платениците во Венецуела е да го чуваат Мадуро од обиди на симпатизерите на опозицијата во неговите безбедносни сили да го уапсат.

56-годишниот Мадуро, наследникот на Хуго Чавез, излегува на улица само во внимателно контролирани ситуации бидејќи се случувало масите да реагираат непријателски.

Еден од двата анонимни руски извори, близок до Вагнер и кој се борел во странски конфликти каде групата била активна, кажал дека платениците првпат стигнале пред претседателските избори во мај 2018, но втора група пристигнала „неодамна“.

На прашањето дали распоредувањето е поврзано со заштитата на Мадуро, изворот кажал дека е „директно поврзано“.

Ројтерс наведува дека јавно достапни податоци за летовите покажуваат дека неколку авиони на руската влада слетале во Венецуела или блиску до неа во изминатите неколку недели, иако нема докази дека тие летови се поврзани со војници платеници.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/rojters-ruski-platenici-go-chuvaat-maduro
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Член од
12 март 2009
Мислења
20.341
Поени од реакции
16.505
Нова Сирија со обратен резултат, најверојатно! Русите по обичај кај први стигнат први си одат и обратно ;)
можна е и нова Јалта меѓу Путин и Трамп?? Сирија за Венецуела, Грузија за Куба ???
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.849
Поени од реакции
17.559
Хахаххахахаха да бе ова е ризико па ке си разменуваат територии :pos::pos::pos:
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Ме заболе кур за народот во Венецуела.
Е зошто сега така? Ти дојде живот, се интегриравте во евроатлатските структури, благосостојба иде од сите страни, ама си изгубил емпатија према луѓето кои не се толку среќни.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Е зошто сега така? Ти дојде живот, се интегриравте во евроатлатските структури, благосостојба иде од сите страни, ама си изгубил емпатија према луѓето кои не се толку среќни.
Сета љубов и емпатија ми се истроши за нашето обесправено малцинство, шизофрениот ни премиер што го донесе благодетот и неговите куртони од поддржувачи што не спасија од патењето. Не остана ништо за народот на Венецуела. :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Kajgana Shop

На врв Bottom