Малку напамет зборуваме. Некој погоре спомна дека наводно Албанците биле тие што не плаќале и на нив ке им се простувале долговите, богатите не плаќале, незнам кој друг не плаќал.... Некогаш имаше такви работи но откако ЕВН е приватизирано од швабите таа работа кај нив не поминува. ЕВН сега дури и ретко утужува долгови оти имаат поефикасен начин на наплата, за две- три неплатени сметки ке ти ја скинат струјата и самиот ке одиш и ке си платиш дури и трошок за приклучување. ЕВН струјата ја земаат од ЕЛЕМ и истата треба да ја платат, така да неможе швабите да си дозволат таму некој артим или стојко да не плаќа, поминаа тие времиња. Имаше ескивирање кога беше државно па кој како дојди на власт цицаше од ЕВН и по линија на помал отпор не ги наплаќаа долговите, толерираа неплаќање па после утужуваа ради реда за да задоволат законска процедура и тоа така си одеше.... Откако швабите го купија ЕВН ги наследија и побарувањата кои ги имаше ЕВН од граѓаните и кои побарувања беа утужени и истите беа на извршување во судовите... во 2012 година извршните предмети беа трансверирани од судовите кај извршителите и до денес истите се наплаќаат.... После 6 години кај извршителите е наплатено се што можело да се наплати од тие предмети и останати се само предмети во кои должници се социјалци, луѓе без никаков имот и работа, пензионери со минимални пензии од кои нема начин како да се наплати, има и доста должници кои се починати, иселени..... во принцип предмети од кои повеке неможе ништо да се наплати. Кога ке ги собереш тие побарувања како главен долг и плус му додадеш камата, која со оглед дека се работи за дамнешни побарувања, е доста висока и повекекратно го зголемува побарувањето, станува збор за огромна сума која ЕВН нема начин да ја наплати. Е сега, ако мерката за отпис на овие долгови се изведе на начин што државата ке го исплати целото или дел од побарувањето на ЕВН и со тоа ке се ослободат граѓаните од обврската (која рековме ЕВН нема начин да ја наплати) тогаш од километри се гледа дека мерката е во интерес на ЕВН а не во интерес на граѓаните или државата. Причините за еден ваков потег на владата може да бидат следните:
- ЕВН е австриска (швабска) компанија па владата поради политички притисок од надвор ке им ги исплати побарувањата кои нема начин како да си ги наплатат.
- Дил помеѓу наши функционери и ЕВН (ние вам 140 мил. вие нам нешто од тоа назад...)
- Предизборен муабет од кој нема ништо да биде.