Стариве мој имаа телевизор порано Hitachi на декларацијата пишуваше гаранција 10г поминаа 10г верувате или не САМ се исклучи и толку никој неможеше да го оправи и после си купија нов Sony ... Јапонциве ко да имаат timer

сега за климиве нее така изгледа да ти даде гаранција 5г и се гаси на 5г
Ајде вака сега со трајноста на клима уредите и со математиките... економично греење нели!?
Климе обично кажуваше позитивни примери за комшии и тоа често тенденциозно... но еве јас ќе кажам негативно (иако и моето лично до пред две год беше такво)... значи комшииве мои во стан од 45м2 (40тина кв) греат со таванско греење, имаат некои панели на плафонот распределено по станот, при што имаат инсталирана моќ од 6kW... стан во зграда на приземје, доста ладен, ориентација север, од изолација ништо, но PVC повеќекоморни прозори... тој минатиот месец плати за струја 8,500, овој ќе плати над 10,000... сметките вон грејна вели од 1500 ретко 2000... значи тој по сезона само за греење плаќа над 25,000 Денари! Доколку во двете соби дневната со кујна и спалната стави клими 12ка и 09ка... и тоа од оние поевтините, а речеме да си набави Lomo Eco 12 ili Haier Tundra12 за 24м2 + Vivax AEQI 09 за 12м2 или дури најевтината комбинација на Vivax со AEQI (09+12ка) ... ќе го кошта тоа како инвестиција 37-40,000 Денари... но тој по сезона греејки го истиот простор квалитетно и поевтино, ќе заштедува најмалку 10,000 Денари по грејна сезона за разлика од сега! Значи како инвестиција ќе ги врати климите во четвртата година (во гаранцискиот рок) петтата ќе му бидат исплатени климите, а греењето поевтино за 10К, шестата ако му прекинат тој ништо не губи!
Пример два... еве на темава Ljes Neri што пишуваше за греење на 55 квадрати со електричен котел...
https://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-1083#post-8293291 тој пак нереално малку те. премногу оптимистички, дека инвертерот Haier Tundra 12 ќе го врати уште првата година... но еве под претпоставка зел и 18ка клима (да го покрие цел стан).... и ја враќа комплетно како инвестиција третата или четвртата година, а петтата година од гарантниот рок испаѓа дека греењето му е ептен евтино а климите ги исплатил како инвестиција... со разликата во цена во однос на греење со ел котел, или споредено плафонско како којшијава мој (исто или многу слично би било и со панел-конвектори)...една год над гаранцијата да работат, ти си ќар!
Инаку, немој да мислиш дека само со клима-инвертрите е ограничен рокот на употреба со изминување на гаранцијата... со сѐ е така особено со бела техника. Еве ти напис кој вели машините за перење се ограничени на 2000-2500 перења, LED TVата на толку и толку часа (ко LED сијалици)... да не ги спомнувам смартфоните, лаптопите...
http://www.novosti.rs/vesti/naslovn...ml:440669-Roba-traje-samo-do-isteka-garancije