https://news.sky.com/story/venezuelan-opposition-leader-declares-himself-president-amid-unrest-11615604
Веќе подолг период Венецуела е држава пред распад, по смртта на Хуго Чавез, сегашниот претседател Николас Мадуро не успева да ја одржи државата во нормална состојба, пребогатата со нафта Венецуела постојано е во економска криза, со огромна инфалција, социоекономско распаѓање, масовно иселување на населението.
Актуелната криза настана по ланските претседателски избори каде победи повторно Мадуро, но опозицијата не ги признава резултатите.
Сега имаме ситуација каде парламентот (Националното собрание) не го одобрува мандатот на Мадуро, а истовремено опозиционерот и претседател на Националното собрание Хуан Гаидо се самопрогласува за привремен претседател на државата.
Кризата ескалира со признавањето од страна на САД на Гаидо за легитимен претседател, потег кој го имаат направено и поголем дел од латиноамеричките држави, особено што за разлика од пред неколку години кога во латинска америка имаше огормно анти-САД расположение и неколку левичарски влади и претседатели, ситуацијата е сега сменета заклучно и си изборот на Болсанаро во Бразил, па така овие држави сега се во своевидна антивенецуелска коалиција, од друга страна Мадуро го признаваат Русија и Турција (веројатно и Кина иако на долната мапа не е ставена)
Мапата веројатно ќе се менува деновиве, ЕУ и европските држави уште официјално немаат фатено страна, но за очекување е да го подржат Гаидо.
Факт е дека имаме нов фронт за геополитичкото мерење на големите, интересното тек следува.
П.С Штом Косово го подржало Гаидо, победникот е решен, они секако се на правата страна секогаш

Последно уредено: