Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
https://www.sitel.com.mk/vodostopanstvo-iznajmuva-vozila-poskapi-od-pazarnata-cena-selami-tvrdi-deka-nema-da-bidat
Водостопанство изнајмува возила поскапи од пазарната цена, Селами тврди дека нема да бидат употребливи за 5 години
Шест илјади евра секој месец во идните пет години државното водостопанско ќе плаќа за користење на овие теренски возила.

Договорот вкупно тежи 417 илјади евра, склучен е во ноември минатата година за изнајмување на возила по пат на оперативен лизинг.

По истекот на петте години, претпријатитето ќе треба да ги врати возилата на фирмата од која ги набавила. Сомнеж во јавноста предизвика пазараната цена. 14 дачии дастер и едно рено талисман во трајна сопственост чинат околу 275 илјади евра.

Селами како прв човек на институцијата ќе ја користи лимузината изнајмена за 50.000 евра.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еве бе како ќе се унапредува образованието и здравството со новите даноци, нели @Makaron

Селмани не можел да се вози во некакво возило со сомнително потекло, а јас како богаташ со над 1500 еур месечно возам 10 години стара кола.
 
I

INFECTED

Гостин
СДСМ ќе барале од владата (на СДСМ) да се одложи Законот за пазарџии кој беше изгласан и донесен од СДСМ. :icon_lol:

По брза постапка изгласаа закон со кој на стечајци и пензионери им се забранува да продаваат на пазар. Казни 2000 евра. Лиценци секоја година, за секоја тезга посебно. Плаќање придонеси.

Глупациве шизофрени пробуваат со селски финти да глумат спасители, ќе се ваделе од гомната и ќе барале одложување, као божем ќе смени нешто тоа што ќе го одложат за наредна година.

Не ме чуди и за ова да излезат на протест, како лани кога се глупираа пред Влада и изиграваа шизофрени кловнови, протестирајќи сами против себе.

Ама тоа е... кога 90% од членството ти е како тој од Лисичани што му ја смениле бравата од штабот, лесно е да ги правиш малоумни со вакви селски финти.

СДСМ ќе бара одложување на Законот за трговија на зелените пазари
Татко ми продава зеленчук и ќе му ја отсечам главата на тој што ќе се обиде да му прети. Директ под воз!
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
СДСМ ќе барале од владата (на СДСМ) да се одложи Законот за пазарџии кој беше изгласан и донесен од СДСМ. :icon_lol:

По брза постапка изгласаа закон со кој на стечајци и пензионери им се забранува да продаваат на пазар. Казни 2000 евра. Лиценци секоја година, за секоја тезга посебно. Плаќање придонеси.

Глупациве шизофрени пробуваат со селски финти да глумат спасители, ќе се ваделе од гомната и ќе барале одложување, као божем ќе смени нешто тоа што ќе го одложат за наредна година.

Не ме чуди и за ова да излезат на протест, како лани кога се глупираа пред Влада и изиграваа шизофрени кловнови, протестирајќи сами против себе.

Ама тоа е... кога 90% од членството ти е како тој од Лисичани што му ја смениле бравата од штабот, лесно е да ги правиш малоумни со вакви селски финти.

СДСМ ќе бара одложување на Законот за трговија на зелените пазари
Што е лошо кај законов?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Татко ми продава зеленчук и ќе му ја отсечам главата на тој што ќе се обиде да му прети. Директ под воз!
Има голем број на стари луѓе пензионери кои си садат бавчички и си продаваат на пазар онака на ситно од хоби и тепање време воглавном по некое китче марулка, пиперче, доматче, празче, лукче, кромид и.т.н. ем ќе си земат некој денар ем здравјето си го крепат т.е. наместо да лежат дома и да бидат болни они се занимаваат копаат бавчи, ги садат, ги вадат, потоа ги собираат плодовите, нешто за себе, за прехрана, нешто одат и го продаваат на пазар... многумина ова ги држи во живот и во форма, говорам за пензионери кои живеат или во села или по населбите каде си имаат дворишта и сега некои кретени та биле од СДС или од ДПМНЕ сеедно им текнало ќе фрчат со закани вакви казни онакви казни, па кој ку*ац ако некој бил пензионер, зошто да не смее допунски да се занимава со земјоделство или сточарско, па секој што е пензионер си го одработил своето и затоа си зема заслужена пензија, откако веќе станал пензионер и има слободно време може дополнително да си работи што си сака, мислам на приватни дејности, какви забрани и казни какви глупости, нека одат во Арачиново, Слупчане или во Шипковица да делат правда, казни и закони !
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Едно е да биде нелогично друго е да биде логично но да е етикетирано како лошо поради Х причини.


Пензионери, социјалци и веќе вработени луѓе ако сакаат да продаваат на пазар нека си платат лиценца, нека бидат нахнадно одданочени и бујрум, нека продаваат.
Така се сузбива сива економија.

Но не се согладувам да стечајците бидат ставени во ист кош со луѓе кој секој месец имаат приход и тој плус што го заработуваат на пазар не сакаат да го одданочат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Затоа што првите имаат пензија а вторите плата.

Нормален сум и знам што прашувам. Ти знаеш да одговориш?
Па и пратенициве имаат плата, зошто мора да се во управни одбори?

Инаку ова е некое ново нормално, ваљда дека СДСМ јако го почитува законот.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
https://www.youtube.com/watch?v=d-kOKgLV4-0&feature=youtu.be&t=1756
Не мора многу само 2 мин. погледнете. Знам дека боли вистината ама кога тогаш ќе мора да се соочиме со истата.
Значи измама од епски размери, а се заменува со тези дека демек НЕ НЕ БИВАЛО. Народот е во некакво бунило, се врти во некои магични кругови и си мисли дека му нема излез, а никој не ни пробува да го најде што е најстрашно....како да сме "озрачени" со нешто.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.360
Поени од реакции
21.790
Што е лошо кај законов?
Луѓе кои имаат било каков друг приход, макар и минимален (вработени, пензионери, социјални случаи, хонорарци, стечајци), им се забранува да продаваат на пазар. Значи, не им бараат лиценци, туку им забрануваат да продаваат.

Па така, некоја баба која едвај преживува со 3-4000 денари пензија во некое забаталено село и која поминува десетици километри секојдневно за да заработи нешто дополнително на пазар, колку да го истурка месецот до крај - нема да може да продава.

Социјални случаи и стечајци, кои примаат некоја минимална помош од државата и едвај преживуваат - нема да може да продаваат.

Вработени лица кои издржуваат цело семејство со минимална плата - нема да може да продаваат.

Пензионери кои живеат од една пензија, и која половина од неа им оди за лекови - нема да може да продаваат.

Хонорарци кои завршиле некоја услуга еднаш во годината, и за која им бил исплатен хонорар за завршената работа - нема да може да продаваат.

Ти, кој земаш 9000 денари плата, а дома живееш со болни и работонеспособни родители - нема да можеш да продаваш. Пример те зедов тебе, општо зборам.

Сите други што не влегуваат во погорниве категории, потребно е секоја година да плаќаат лиценца (60 евра), за секоја наредна тезга по 40 евра. Ако имаш една тезга со јаболка, една со домати, друга со пиперки, трета со јајца - за секоја посебно треба да плаќаш лиценца, секоја година. Плус, членарина за Комората на пазарџии, месечен паушал за тезгата од приближно 5,000 денари, персонален данок, како и пензиско и здравствено осигурување од 2,050 денари.

Со други зборови, ова е закон за полнење буџет со пари од лиценци и казни, како и фиктивно намалување на невработеноста со тоа што секој пазарџија ќе биде заведен како вработен, без разлика што 1-2 неделно продавал на пазар (за викенди).

Закон кој дополнителнно ќе ги осиромаши најранливите категории луѓе, а ќе ѝ даде можност на владата да се фали дека ја намалила невработеноста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom