Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Порано во село се живеело, и главно од добиток и одгледување растенија за прехрана. Животот бил едноставен.
Денес треба да идеш на работа за да правиш пари. Треба да бидеш потчинет на некој за да имаш опстанок. Ова на банкарите најмногу им одговара филозофски гледано.

Бракот е уствари едноставна работа исто како и љубовта. Ако има љубов ќе има зошто да постои брак. Но работата за пари тука изремети многу работи. Башка сите се напукаа во еден град што се вика Скопје, каде животот се сведува на „иди на работа и врати се“. Од забавен живот кој треба да вклучува дружење и запознавање само кафичите и тоа рестораните останаа, џоа сите сакаме и можеме да бидеме дотерани, богати, „некој и нешто“ и заслужуваме не знам какво поштовање од другите.

Сега со телефончињата и социјалните мрежи, сеир у п. матер, рекла казала... демек повеќе дружење со социјални мрежи оно се помалце.

Јас не се плашам од брак, ама треба да има љубов, а љубов треба да ја створиш од нешто. Стално се осеќам немоќен да отпочнам нешто на ова поле.

Веројатно новото време многу не тепа психички, што мислите??
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Погрешна перцепција имате, не се плашат жените од брак, напротив, пофрагилни и пожелни да имаат поткрепа од маж никогаш не ни биле. Проблемот е како што кажа Пиратик погоре, економската егзистенција. Сите сакаат да влезат во брак со солидни примања и за кога ќе стигнат децата, да не стигнат на 0.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Под модерна жена подразбирам жена која е над 27-28 годинии има собрано доволно искуство, која е образована, патува, ужива, запознава луѓе. Сака да има личен комодитет, има моќ да размислува сама и да донесува одлуки, никој не ја манипулира и уценува, знае што како во животот и си има зацртано цели кои треба да ги исполни, има изградена кариера и финансиски е независна.
Истата знае и дека може да роди и да израсне дете и без брак.

На таквите не им е страв од бракот и тоа дека ќе имаат повеќе домашни обврски. Тоа беше порано кога се очекуваше жената сама да ги извршува сите работи по дома. Сега во бракот помеѓу модерни партнери обврските се поделени.

На жените повеќе им е страв од неуспехот од бракот и не сакаат да ја направат грешката како многу други. Да не налетаат на неодговорни и нестабилни мажи и мажи со ниско ниво на размислување кои мислат дека после бракот местото на жената е дома покрај старите и да биде слугинка и парите да му ги дава на него.

На мажите повеќе им е страв од брак и обврски.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Jeste bogami poveke ni e strav posto nie imame zdrav razum i i svesni sme sho e toa obrvska. A zenite se vodat se vodat uglavnom nagonski, ke gi spopadne toa nagono za razmnozuvanje i ne se svesni uopste sho posakuvaat, kakva e odgovornosta.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Во ваква држава каде поголемиот дел до 28 години работат за мизерна плата или пак ако заминат од дома немаат кров на глава не ми изгледа дека треба да си Ајнштајн за да сфатиш која примарната причина за нестапување во брак и кај двата полови.
Проста математика, на страна од програмерите и нешто ситно од останати области каде платите се над 500 евра, се останато што е под некоја граница од 30 години и кога ќе се вработи зема мизерна плата со која едвај сам може да го прогура месецот, ако уште и не живее со своите (што е кај поголемиот дел кој се дојдени од помалите места во Скопје) е дополнително отежнување на ситуацијата со кирија за стан (во грото од случаите додека се сами седат со цимери каде делат трошоци) и доаѓате до ситуација каде дури и да влезат во брак, од старт поради финансиски причини тој брак е осуден на пропаст.
Да бидеме реални, млад пар дури и без деца ако плаќа рата за кредит за стан или кирија мора да заработува минимум барем 600 евра за некако да го протурка месецот (200 евра ратата, плус 100-120 евра сметките, плус 300 евра за храна и облека под услов да нема возило за одржување, ако има и кола тоа се дополнителни мин 800-1000 евра годишно) и се ова е ова е за мизерен живот, а кога ќе дојде период за деца и кога едниот партнер ќе мора да отиде на породилно (ситуација што во поголемиот дел од фирмите во државава завршува со отказ) доаѓаме до уште поголем хаос да целиот финансиски товар падне само на едниот партнер, е тука да се здрави и живи мама и тате и од двете страни, ако немаат поткрепа од семејството поголемиот дел нема да можат да го поминат месецот ни со леб и сол.
На страна од финансискиот дел се и некои останати социјални моменти и следење на некои фејк трендови од социјалните мрежи за совршен свет, уживање, патување, искривена реалност каде преку филтрите на инста и фб и гомното изгледа прекрасно, сонување за совршен партнер и од физичка и од умствена страна и перфекционизам, уживање во слободата и тн.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Погрешна перцепција имате, не се плашат жените од брак, напротив, пофрагилни и пожелни да имаат поткрепа од маж никогаш не ни биле. Проблемот е како што кажа Пиратик погоре, економската егзистенција. Сите сакаат да влезат во брак со солидни примања и за кога ќе стигнат децата, да не стигнат на 0.
Нема врска тоа со примањата дали се солидни или не. Еве во 2006 година се омажи сестра ми и тоа работејќи во кладилница за плата од 10.000 - 11.000 денари...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Не била модерна жена. :D
И денес ги има таквите што се мажат, а земаат 250 евра плата и на таквите не и е страв од неуспех и на каков ќе налетаат. После се чудите зошто секој 3 брак завршува со развод.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нема врска тоа со примањата дали се солидни или не. Еве во 2006 година се омажи сестра ми и тоа работејќи во кладилница за плата од 10.000 - 11.000 денари...
Ама нели на темава збориме за модерни жени што бркаат кариера?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Ама нели на темава збориме за модерни жени што бркаат кариера?
Aбе и модерна да е и кариера да бркат ако сакат да се мажит пак тоа немат да бидит пречка...(Немат да наоѓат никаков изговор)...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Aбе и модерна да е и кариера да бркат ако сакат да се мажит пак тоа немат да бидит пречка...(Немат да наоѓат никаков изговор)...
Не е баш така тоа.

Има мажи и што не поднесуваат жена ориентирана кон кариерата, имаш мажи што и не поднесуваат жена им да заработува повеќе од нив, малку погледнете и во вашиот двор (не дека ти си таков ама има еден куп мажи кои одговараат на овој профил погоре).

Типичен пример е Нина од Групeр, девојката е во топ 5 мозок жени во Македонија според мене, нема ни 30 години а е мажена. Ете бизнис ориентирана жена, се омажила порано ама нашла партнер што разбира дека кариерата и амбициите секогаш ќе бидат дел од неа и дека ќе мора и тој да направи жртви ако му значи. Јас се кладам дека пола форум не би издржал во врска со неа ни недела дена не па брак.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Таквите како таа имаат среќа на тие години да најдат таков партнер како што им одговара, ама ептен се ретки тие.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Таквите како таа имаат среќа на тие години да најдат таков партнер како што им одговара, ама ептен се ретки тие.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Абе ја ич не ги сфаќам и машките и женските што се фаќаат со партнер со чии обврски и амбиции не можат да се справат. Како жена да се омажи за фудбалер и да му дрви секој ден зошто патува многу или маж и на Нина да и дрви и да е љубоморен зошто има состаноци со рандом мажи по цели денови. Ретко кој во државава знае што сака од партнерот и само си губат време без врска.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Не дека се плаши од брак, дечки не заборавајте дека да постојат жени надвор од наша лига, и нема да се задоволат со помалу успешен и амбициозен маж, хемија е во прашање.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.573
... што ќе ни е маж кога е во прашање хемија, ако нема и нешто физика?
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Убаво рекол Хитлер, на паметен маж му треба глупава жена....не бил далеку од вистината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom