Нормално дека ке е подобар скорот кога најверојатно се мери на сервери на Телеком или Телекабел што е у државата наспроти мерење на Нетфликс сервери што не се тука.
Нетфликс препорачува 25 мегабити за 4K streaming. Не гледам спорно ништо во брзината на телекабел ако некој е толку запнал да стрима 4K content на мобилен интернет, нема да биде спречен.
Од нормални и реални брзини што Бидиков ги има постирано, како и сликата над мојот пост, може да се види дека Телекабел нуди пристојни брзини за да се завршат сите работи на интернет, вклучувајќи и неразумно стримање на 4K зашто ете некој и тоа сака. Поентата на пакетите на Телекабел е да биде достојна замена за Телеком и Вип, и не гледам ништо спорно со нив.
Инаку ако веќе одиме до крајните граници, повеќе логика има пакетот со неограничен интернет на телекабел, него најскапиот на вип, зашто 20 гигабајти итекако брзо може да се потрошат и накрај со ништо да не останеш.