Прашината која што се крена околу законот за јазиците го покри за момент прашањето околу промената на името, дистракција на народот од една тема кон друга.
На парламентарните избори Дуи имаше очаен учинок на сметка на новоформираните би рекол, ултранационалистички, (со големи примеси на фашизам и сегрегирачки политички програми) партии на албанците. Од типот на Беса и Алијанса на Албанците...
Во едни вакви околности, Дуи на чело со Али, за да ја зацврстат својата позиција кај етничките албанци и да го придобијат изгубеното гласачко тело, (на сметка на новоформираните партии од погоре) се најде во ситуација да мора по секоја цена да го протурка законот за јазиците. Во немоќ да направи ништо друго, ништо опипливо за албанците, зборам на економски план реално да им го подобри животот, прибегна кон веќе проверената варијанта, да ги нахрани со национализам.
По реакциите до сега, еве тука на форумов, социјални мрежи и општо земено, реакцијата на целокупната албанска јавност во државава, не наидовме некој макар да го искритикува законот, не пак да го осуди и да ја обелодени неговата заднина. Што значи албанското гласачко тело, обичниот граѓанин на Арачиново и поразително, т.н албанска интелектуала, се водени под превезот на национализмот и притаените идеологии за бришење на граници и формирање на "големи" држави. Нивна духовна храна е национализмот, не општите економски придобивки за државата.
Затоа е смешно истиот да се поистоветува со некакви си права кои што наводно порано не постоеле, а во најмала рака е шизофрено да се каже и да се употреби како аргумент дека истиот тој закон ги унапредува меѓуетничките односи во државата, предимно помеѓу албанците и македонците. Напротив, со овој закон секоја следна иницијатива кон таа насока однапред ќе биде осудена на пропаст.