Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Ако си роден тука, зошто Албанскиот не го ставиш на 3то место, па детето прво да го научиш Македонски, Англиски и ако има желба нека си учи Албански?Преку 100 години сме одлепени од Албанија, одам таму заради одмор, како што одиш ти, не е мој проблем како треба твоите таму да учат, мене ме интересира моето дете, кај ќе расте, што ќе учи, апсолутно ништо друго не ме интересира, светот околу нив ми се врти, мислам дека за секој кој е родител е така. Не викам дека нема да им дозволам да научат македонски, туку не сакам македонскиот да им биде пред англискиот.
Лични искуства имаме сите, јас ни пола не сум напишал тука, ниту дозволувам тие искувства да генерираат стереотипи и да генерализирам, иако работам два смени наоѓам време кршам прсти и се обидувам со моето да фрлам светло.
Кои пратеници жив ти све, морав да ја гуглам ова за да знам која е. Тие провоцирања од Албанија се опасни колку провокациите на Груевски кон Грција.
За пописот не ми е јасно едно, ако странците ги ујдисале пописите и договорите, зошто да ризикуваат со 25 %, зошто не отишле со 15% и немаше да се намачат со фалсификување пописи?
На крајот на денот обичниот албанец нема одговорност за политичари од Албанија, или ујдисување од странци, кажи што можеме да правиме, да им кажеме на Америка немојт да се мешате, добро сме?
Секој што е роден тука, мајчин јазик треба да си смета оној јазик што е официјален во државата, спротивно никогаш нема да се интегрираш во тоа општество, без разлика за која држава станува збор.