Стан под кирија или цел живот кредити.

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Не знам од каде да почнам, прво цената не е рамна, и според заводот за статистика имаме пад на цените во последните неколку години.
Второ, има хиперпродукција на станови, и ќоро и сакато почна да гради заради огромниот ќар, а преголема понуда при стагнантна побарувачка носи пад на цените, тоа е економска закономерност. Можеби не се осеќа одма, има одреден лаг (како што имаше лаг падот на цената на нафтата пред неколку години, не падна одма штом нафтата од фракинг доведе до хиперпродукција), но на крај економската логика преовладува и носи пад на цените.
Трето, се' повеќе скопјани од средна класа се иселува во странство, тие се тековни или потенцијални корисиници на станбени кредити, со тек на време тие кредити ќе се исплатат и испразнетите станови ќе отидат на пазар и ќе направат дополнителен притисок на цената. Уште повеќе што после големиот број на издадени БГ пасоши Скопје престана да биде посакувана дестинација за младите од внатрешноста, што носи притисок на куповната страна.
Цената паѓа во последните години точно но предходно благо растеше па земам во просек дека е рамна. Инаку ако паѓа после треба да раст или барем да е стабилна долгорочен пад е помалку веројатен од рамна или раст.
Колку и дали има празни станови кои се на продажнба незнам...броеви нема. За празни може не се вселени не средиле или живеат од време на време плус и за тоа се зборува со години така да ефектот или е завршен или целосно или делумно цената зборува.
Цената на станбени кредити опаѓа...
Има миграција надвор од МК ама грубо иста е од пред години...број нема...
Скопје вака грубо расте на прв поглед сообрајќај итн...попис нема...
Малку на бафтана се работиве да се каже точно...
Но од многу груба логика не ми изгледа дека може премногу долго цена да паѓа повеќе од 5-10 години е мнооогу ретко барем што сум гледал криви и што одприлика знам за Ск и економијата.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Цената на становите не е соодветна со примањата тука. Нереално високи се почетните цени на становите.
Пример ако на запад со 2000 евра плата, стан е 150 000 евра, тоа се 75 месечни примања.
Кај нас со 400 евра плата стан од 80 000 евра тоа се 200 месечни примања.
несразмерно високи се тука.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
епа има толку мн празни и градат ко луди, а цените не паѓаат.
зошто не би го држеле празен?
да ја извади почетната инвестиција за една зграда доста му е 30% да продаде, другите може да ги чува празни ако сака и да чека цена.
Јас што сум гледал во зградата во мое мало и зборел со инвеститорот за купување на деловен простор и стан...50-60% му беа продадени во карабина фаза а 90% пред да почне столарија...инаку 50% не се вселени иако зградата е готова година дена. Јас не купував и не планирам...еден родина купуваше па му помагав и онака следев ме интересираше инаку купи дуќан и уште не е почнат со работа заглави со пари на внатрешно уредување а помина година ден откако го купи имотот.[DOUBLEPOST=1508752326][/DOUBLEPOST]
Цената на становите не е соодветна со примањата тука. Нереално високи се почетните цени на становите.
Пример ако на запад со 2000 евра плата, стан е 150 000 евра, тоа се 75 месечни примања.
Кај нас со 400 евра плата стан од 80 000 евра тоа се 200 месечни примања.
несразмерно високи се тука.
Уште беше полош случајот во 90ти и почеток на 2000ти па растеше цената...фактор е ова како што пишав ама еден во море...
Инаку што се одесува на млади речиси сите сакаат одвоено да живеат и да имаат повеќе м2 по глава тоа е тенденцијата и ќе продолжи како што тргнало. Иако наталитет опаѓа...а има миграција кон Ск.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Најдобро е под кирија,додека не се соберат пари за куќа
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Тешко со под 1% камата на депозити...
Па ако немаат пари како да живеат со сопствена куќа,за да се купи нешто треба да се соберат пари а кредитот е опасен и никој не видел добро од него и само ти идат парите дека си земал кредит,затоа сум против кредитот
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Па ако немаат пари како да живеат со сопствена куќа,за да се купи нешто треба да се соберат пари а кредитот е опасен и никој не видел добро од него и само ти идат парите дека си земал кредит,затоа сум против кредитот
Зависи од камата, рок на живеење, однос кирија/цена итн треба да се пресмета тешко со една реченица да се каже...има калкулатори за тоа. Убавото кај кредитот е тоа што имаш слободни пари...инаку ти се сите врзани се во недвижност. Зависи од многу работи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Според мои математики, принос на стан со 50% учество и 15 години рок на кредит во последните 15 години има поврат окулу 1.5%. За следните години очекувам од 3% до 9% со истиот кредит. Со сегашни услови за депозити стан во Ск со 95% шанси го победува депозитот во следните 15 години.
Инаку најдобра долгорочна инвестиција ви се македонски акции...можеби и сребро.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Да, Просечен годишен принос.
Стеф, друже, пола држава се исели, има хипер-инфлација на изградба на станови, цените на квадратот постепено ама постојано иде надоле и ти очекуваш 3-9% просечен годишен принос.
Да не ти се изабиле батериите на дигитронот?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Стеф, друже, пола држава се исели, има хипер-инфлација на изградба на станови, цените на квадратот постепено ама постојано иде надоле и ти очекуваш 3-9% просечен годишен принос.
Да не ти се изабиле батериите на дигитронот?
7.1% има принос од кирија(2*3,5% поради левериџ 100%), или 4.1 % капитал инфлоу по плаќање на рата за кирија 4% капитална априцијација со 2% раст (ова е релативно мозе и 0% да е јас мислам дека 2% на 15 годишен рок е реално) на што имаш -2%(Х2 левериџ) на одрзување и седење празно или со овие бројки имаш зголемување на капитал од 6.1% годишно со учество од 50% камата 6% (за целиот рок) и рок од 15 години. Тоа ми е просечна проценка.
Според мене песимстичко сценарио е 2.2 %(0 % априцијација) а оптимистичко окулу 10( 4% априцијација) годишен принос.
100% сум убеден дека недвизност е подобра од депозити во МКД и ЕУР.
Јас лично планирам да земам недвизност во скоро време.Потребна ми е нискоризична долгорочна инвестиција. И изброт е меѓу депозити, осигурување и обрвзици и недвизност. Мислам дека од ова се недвизност е најдобра опција. За повисоко ризична инвестиција има други опции.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
7.1% има принос од кирија(2*3,5% поради левериџ 100%), или 4.1 % капитал инфлоу по плаќање на рата за кирија 4% капитална априцијација со 2% раст (ова е релативно мозе и 0% да е јас мислам дека 2% на 15 годишен рок е реално) на што имаш -2%(Х2 левериџ) на одрзување и седење празно или со овие бројки имаш зголемување на капитал од 6.1% годишно со учество од 50% камата 6% (за целиот рок) и рок од 15 години. Тоа ми е просечна проценка.
Проблемот е што имаш капитална депрецијација, по слободна проценка од 2% годишно, помножи по 2 ради левериџ и едвај си над нула.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Проблемот е што имаш капитална депрецијација, по слободна проценка од 2% годишно, помножи по 2 ради левериџ и едвај си над нула.
Да, со -2% е 0% ама тоа е хипер песимистичко, реално негативен раст значи за овој од -2% пад од 26% на цена за 15 години, мислам дека тоа е нереално. Растот сигурно на долг рок ќе биде позитивен. Моја проценка окулу +2%. Со твојава проценка ако имаш стан или било каква недвизност ти се испалти или барем се исто е да ја продадеш па да ги ставиш парите во депозит и живееш под кирија.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2016
Мислења
17
Поени од реакции
1
zdravo nabrzo imam kupeno baraka 70m2 vo naselba dracevo isto taka imam dadeno dokumenti za otkup na dvornoto zemjiste prasanjeto mi bese dali moze da napravam dogradba plus 30m2 lepenka so barakata i kolku bi me kostalo dozvola i komunalii blagodaram
 
Kajgana Shop

На врв Bottom