@Riddler @Tomasino а и останатите. Што мислите за Маџарска утре, зицер ли е со ѓупците, 1.30 врло солидна квота.
Што и да те советувам ќе згрешам, не паметам кога сум имал толку промашени комбинации, односно во случајот паднати тикети ( по една утакмица ), играм на бет 365 каде има милион алтернативи, вакви хендикепи, такви хендикепи, пак џабе, доаѓам до крај и паѓам.
Унгарија ја чекав последна со Аргентина во петокот, нерешено завршува, со Аргентина, без најдобриот играч, секоја чест.
Австрија ја чекам, Австрија, не 1, за никаков коеф од 1.05, ја чекам да даде ебани +26.5 гола, против индијанска репка како Чиле, даваат 15 гола во прво ко од шала, за во второ Чиле да глуми Металург во најдобри денови и да ги сведе на 9 ( девет ) гола, заминаа 70 евра.
Германија ја чекам со Русија последна, за 60 евра, пак не 1, туку да даде +26.5, Русите од кој стигнаа примаа по +27 гола, дојде Германија и нормално, научија да играат одбрана, Грамс и Киреев, небаре Станиќ во најдобри денови, Германија ракомет со одење играше, 6 гола во првите 10 минути потоа дебакл.
И како да играш?
Погоди ракомети ќе те падни некој фудбал, како на пример Валенсија, еден шут имаше Ваљадолид кон голот и нормално, згодитак, како поинаку?
Ја чекав Атлетико-Леванте +7.5 корнери, погоди колку паднаа на крај?

Само таа ме падна, се лаганица влезе, ми беше страФ да ја пишам 1, ај си викам ќе има корнери, и имаше
П.С.
Да не одам офтопик, да ти одговорам на прашањето.
Реално, по сите параметри Унгарија е поквалитетна, Египет речиси и да нема никакви шанси.
Ако сака некој бод плус во главна фаза ќе треба да тепа Маџарска овде.
А и квотата оди нагоре, е сега цел проблем е дали ќе се замараат МАЏАРИТЕ, ова е клучното прашање?
Многу нестабилна репка, пред се психички, нешто како Веспрем годинава, можат да тепаат со далеку посилни репки, но можат да се изглупираат со некои егзотични екипи.
П.П.С.
Од другите мечеви,
Исланд и Шпанија најверојатно ќе префрлат хендикепи, можеби не основните но оние помалите многу веројатно.
Нашите нема шанси да немаат блекдаун во некоја фаза на мечот, доволно да не избушат, а Јапонците тешко со брзата игра на Исланд.
Плус во форма е Исланд, брзо играат и двете репки, треба и овер да е цела утакмица.