Не знам каков впечаток имате од досегашниот дел од првенството ама ја мора да кажам дека сум разочаран од настапите на Талевски и Кузмановски. Не знам дали јас имав преголеми очекувања посебно од играта на овие двајца, ама од тоа што го гледам премалку е од лев и централен бек. Нема никаков придонес од нив во играта, можеби само покорисно од минатите првенства е лимитираното трошење на топки од нивна страна. Говорам за класичен придонес, да се види дека Талевски е бек, да се дигне да распали, или па да привлече противнички дефанзивци на себе, па да рашири. Сето тоа е скоро неприметно од него, а со оглед дека почна редовно да настапува во РНЛ очекував многу помудајлиски Талевски. За Кузмановски веќе имав формирано мислење дека е поголем куроња од Талевски, веќе и го има докажано тоа со влезови и слично, меѓутоа на првенствово некако не го гледам тоа. Имаш репрезентации како Јапонија и Бахреин со кои можеш буквално да покажеш дека си квалитет ама нишо, климаво. И како да се надеваме на позитивен резултат против една Хрватска ( која исто така не блеска нешо посебно) кога од двајцава немаш никаков придонес. И во право е Горан Шпрем кој е аналитичар и ко-коментатор ан РТЛ кога ќе каже дека Македонија ги има фантастичните Лазаров, Ристовски, Стооилов и Манасков и до некаде тоа би било тоа. Едноставно немаат голем ростер, а коа немаш ростер ондак противникот (особено некој од калибарот на Хрватска) многу е лесно да те прочита. Плус играта у одбрана, која мора да биде на најјако ако сакаш да се надеваш на победа во вакви натпревари., а сите знаеме каква е нашата одбрана. Највеќе од се би сакал да ја изненадиме Хрватска и дај боже да е така, ама од тоа што го видов до сега, не ми иде натака работава.