Кога се' се заврши, јас само ќе кажам, највиновен ни е Уставот од 91ва, во кој македонците се ставаат ниво над сите останати граѓани во републикава. Не може албанецот Арбен и влаот Томи, со ромот Џевдат да бидат под дифолт граѓани од втор ред а за сите да важат исти закони, сите да плаќаме иста сметка за струја, сите да плаќаме иста сметка за телефон и исти даноци. Не може ти, затоа што си македонец, под дифолт да бидеш над сите останати. Не може да сака да отвори универзитет на крај на 20ти век, за да учи на јазик кој му е мајчин, ти да му викаш, ќути бе шкиптар, ќе учиш само македонски. Не, ќе му кажеш, во ред, учи албански ама и македонски, задолжително. Не може да му викаш, ќути бе циган, ти си само за по контејнери, па да сакаш истиот и тебе да те почитува ко да си му господар. Грешно е и срамно, што ние, како граѓани на републикава, кога ќе отидеме у бел свет и ќе не' прашаат кои сме, не поистоветуваат со грчко племе, со срби, со бугари и се вреѓаме, што е во ред, да се навредиш ама од друга страна, кога си најслаб надвор, доаѓаш дома и наместо да развиеш соживот со оние со кои што живееш, ти, затоа што се послаби, цела фрустрација им ја истураш нив. Сега, доцна е за соживот, доцна е за братска љубов помеѓу етнички заедници затоа што имаме премногу омраза, премногу гнев во нас и едни према други. Тој устав, тоа угнетување е една од главните причини за војната во 01, затоа и сега ги разбирам албанците, што сакаат се' повеќе и повеќе, затоа што 50тина години пред тоа се угнетувани и рангирани како граѓани не од втор, од четврти ред, епа сега браќа и сестри, дојде нивното време, си наплаќаат, нешто што би го направиле и вие да сте на нивно место.
Ве молам, не ме цитирајте со излитен фејк патриотизам, си ја сакам и јас државата и не го оправдувам овој пичкарски потег на власВа, у уста ги ебам продад...