Уште минатата година ме советуваше да ја извадам 8цата, затоа што немала доволно простор на вилицата да излезе цела. Цело време ме убедуваше дека е до тоа, за на крај на рентген да излезе дека сум имала гнојни ќеси на двата корена на 6ката (веќе пломбирана и здрава одозгора) и добро, ја оправи 6ката, престанаа болките. Годинава пак почна да ме боли на таа страна и си реков време е да ја извадам 8цата, затоа што речиси цела долна вилица ми е пломбирана и нема од кое друго место да доаѓа болката. Не ме прегледа, само побарав упат. Ја извадив кај хирург, без конци. Нит оток имав, нит ништо, само болки, што е нормално... Не ми препиша ни апчиња, ми рече само нешто за болки ако имаш потреба напиј се. Арно ама, поминаа веќе 2 недели, мене сѐ уште ме убива болкава. Заболекарката ми рече дека била сува коската, длабока рана, дур да заздрави ќе ме боли. Ми ставаше дренови, после тоа јод внатре. Приметив дека кај 5ката има мноогу мал дел со кариес до пломбата, помислив дека можеби и тоа ми предизвикува болка. Ѝ кажав, не веруваше баш, ама ја отвори, ми стави лек... Ја прашав дали ми е расипан, ми рече не знам. Првиот пат кога ми стави анестезија кај 5ката, не ми помина болката, си реков океј, значи до умникот е, трауматизирано е местото и затоа ме боли. Ама вториот пат кога ми стави анестезија на истото место, ми помина веднаш болката. Сето тоа ме буни. Сега ја затвори 5ката со лек и откако го стави лекот уште повеќе ме боли. Сѐ си мислам да не има некое друго жариште... Ме болеше 5ката кога ми ја бушеше, крвареше ептен, на крај ми го извади живецот, ама ете, од негде пак ме боли. Уште минимум 10 пати во рок од овие 2 недели отидов кај неа, затоа што не се издражуваше. Некогаш и двапати на ден, сигурно и досадна станав. За тие две недели, пиев вентор и диазепам од 2мг на секои 6 саати. После тоа заболекс ставав на цела страна дури, затоа што не знам од каде доаѓа болката и не ми ја смируваше баш. После тоа почнав со ефридол прашакот, и сега ми препиша антибиотик, пробиотик и витамин ц. Буквално на секое миење заби мене ми тече крв од негде. Имав гингивитис, ама ова е сосема различно крварење. Немам баш многу доверба, сѐ си мислам да не не е добро направен и уште некој друг заб што толку ме боли. Немам толкава рана на местото на умникот за толкави болки да трпам. Тоа место ме боли само ептен ако ја раширам устата, овака цела страна... Башка тоа што речиси сите заби ми се пломбирани по 2-3 пати наново. Една недела пред да го извадам умникот ме болеше, значи тоа се 3 недели со забоболка, ќе побудалам начисто. Тип на човек сум што ако го заболи заб, одма оди на заболекар. Секој совет за дали јас хистеризирам дека сепак изваден е умник и нормално е да ме боли толку време или пак треба да ја сменам заболекарката затоа што секој заб ми е минимум по двапати пломбиран и можеби има друго жариште, е добредојден.