Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.464
Поени од реакции
18.470
Заев тврди: Политиката не замеша прсти во бегството на Груевски
Во прашање се денови до завршување на истрагата на Јавното обвинителство за бегството на поранешниот пермиер Никола Груевски, но тврдам дека политиката немала замешано прсти. Ниту сакала, ниту можела, ниту, пак, требала да помогне и да овозможи таква работа. Тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, изјави премиерот Зоран Заев.


Ете човекот нема вина за ова.

Груевски е гнаса избега за да не врати неколку милјарди од Белизе и сега затоа ни опнаа поголеми даноци и акциза, нели ?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Една од поголемите причини, зошто сакам во ЕУ, што побрзо тоа поубаво. Со ваков начин на функционирање како сега,само перењето на пари и криминалот цвета, како за едните, така и за другите, Народот го нема во тој круг..
Па и тоа е сосема погрешно. Ете ги Бугарија и Романија се во ЕУ, па како што напишав во другата тема 53% од вработените во Бугарија земаат 220 евра плата. Институции и корупција си царуваат додека народот се сели минимум три пати помасовно отколку тука.
Што значи нит ЕУ му е мајката, ниту Евроазиска унија, туку треба народецот да си ги засука ракавите, а не да бараат врски родителите кај учителите уште од прво одделение за нивните мамини мази.
Пример ти се Јапонија и Германија. Срушени до темел во ВВ2 па за 2-3 децении станаа и сеуште се меѓу најпросперитетните земји во светот. Или пак Чешка и Словачка, ете наши луѓе одат да работат таму, а пред 3 децении имавме неколку пати повисок стандард од нив.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Или пак Чешка и Словачка, ете наши луѓе одат да работат таму, а пред 3 децении имавме неколку пати повисок стандард од нив.
Така те лажеле кумунистите, сме имале поголем стандард од бугарите и романците, чесите имаат индустрија уште од времето на Австро-Унгарија.
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
861
Поени од реакции
1.370
Не знам дали има некој спомнато околу "МПЦ", али ајде сакам да кажам околу ситуацијава. Знајме (не верувам дека поголемата маса знај, али не ни верувам дека е заинтересирана, шо е фатално за нас) дека сме влезени во раскол уште од 1967г., а причина за то е тогашните комунистичики власти ја посерија работата и нашиве со сиот ум зедоја и прогласија сами Афтокефалија.

  1. Една од причините шо нема да ни биди доделена афтокефалија е бидејчи сами си ја прогласивме црквата за афтокефална без да се согласи СПЦ, а и нормално и другите помесни цркви.
  2. Втора причина е то шо на СПЦ и беше доделен томос од страна на Цариградската Патријаршија на Вардарскиов дел и само преку СПЦ можиме да добијаме афтокефалност.
  3. Трета причина шо никогаш не можиме да имаме, ни на сон афтокефалија, под името "Македонска" е заради Грција. ГПЦ нема да дозволи под никаков УСЛОВ да се признај таква црква шо го носи името "Македонија". Колку и да сакаме и да се удираме в гради, "ама македонија вака, ама охридската архиепископија така" никогаш нема да признаат таква црква шо го носи името "Македонска".

Еве гледаме дека 27 години се испродадоја, барем овие од "МПЦ" да одлучеа да се вратевме во канонска единство дур беше Патријархот Павле во 2002/3 (нормално дека и сега можиме), ама нашиве не сакаја. Барем под СПЦ че си бевме "Македонска Православна Црква" автономна, призната и од другите ко шо бевме до пред 1967г. Какви сакате изговори вадете ама реалноста е дека никогаш нема да има афтокефална црква под името "Македонска". Ем то шо сме во раскол, шо е голема трагедија за нас, а низ цела држава се градат Ракети шо се дерат до кизнеј каде, и појава на секакви други секти и доајџањето на протестантски мисионери од кизнеј си каде, кој ти кажуваат дека не е точно то шо го веруваш, тука ова е точно.

Не проповедам ништо, само кажувам шо се случува и до кое дереџе сме дојдени.

Рама сам си кажува дека сака Голема Албанија, во мејџувреме кај нас то го негираат, додека во соседниве земји сите реагираат на неговата изјава. Ама зато ние че градиме правна држава, мир и соживот, че влезиме во ЕУ и НАТО и че ни биди доделена афтокефалија.

Од шо се толку ретарди отепани, удриаја по пазарџииве да не се продава облека на пазар, ако земаш плата не треба да имаш тезга, а за тезга мора да регистрираш и данок да плајчаш, а на диво ако продаваш тогаш че те бркаат. Еј треба да си стварно ментално заболен, ретардиран, како сакаш речи то да го напрајш, и да се надеваш дека во оваа 2019 година че има голема економски раст и че земаме сите 500 евра плата.

Џабе ти е 500 евра плата кога денарот нема никаква вредност. Кога денарот би имал вредност како еврото, доларот, швајцарски франки и фунти, други би било.
 
Член од
3 август 2015
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.958
Abe glupi luge 2 veka unazat nikoj ne ja upravil makedonija vie ke a upravite vadete bugarski pasos i gitla po evropa ako sakate da vidite zivot pari zadovolstvo i batali makedonija zasekogas
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Народот има погрешни очекувања од членството во ЕУ, барем мнозинството. Погрешен е пристапот дека членството во Еу ќе ни ги реши сите проблеми. Наметнат првенствено од политичарите а пренесен од неспособните новинари кај нас. Се создаде погрешна слика низ годините дека ЕУ е решението за нашата неспособност, за нашата корумпираност. Дека по автоматизам нас ни следува правда и средена држава, висок стандард, штом влеземе таму. Дека тоа нам треба некој да ни го даде, без ние да вложиме никаков труд самите да си го обезбедиме.
Правда и правна држава се работи кои што се императив и без ЕУ.

Ваквиот пристап кон работите, цел живот чекајќи на некој друг, верувам дека ни е генетски вроден. Во Турско чекавме "браќата словенски" да не ослободат, за време на Југославија чекавме на Белград да пушти милостина. Децата чекаат уште на родителите и после полнолетство се сеуште полузависни од нив. Делат ист покрив, зависат од нивните пензии. Тоа му создава една комфорт зона и ретко се одлучуваат на ризик во животот, носење на самостојни одлуки, немаме свое јас, затоа што сме научени цел живот да зависиме од некого, од нечија помош.

Чекаме правдата и правната држава, повисокиот стандард на живот, економската и социјална сигурност друг да ни ја обезбеди. Ние не сме еволутивно дораснати сами да водиме држава. Ние државата ја земаме здраво за готово, нешто кое што ни е дадено на тацна, а не стекнато, заработено со труд.
Истото денес ние го очекуваме и од ЕУ. Е тоа е тој погрешен пристап и колективно гледање на работите кое што не влече наназад.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
Па и тоа е сосема погрешно. Ете ги Бугарија и Романија се во ЕУ, па како што напишав во другата тема 53% од вработените во Бугарија земаат 220 евра плата. Институции и корупција си царуваат додека народот се сели минимум три пати помасовно отколку тука.
Што значи нит ЕУ му е мајката, ниту Евроазиска унија, туку треба народецот да си ги засука ракавите, а не да бараат врски родителите кај учителите уште од прво одделение за нивните мамини мази.
Пример ти се Јапонија и Германија. Срушени до темел во ВВ2 па за 2-3 децении станаа и сеуште се меѓу најпросперитетните земји во светот. Или пак Чешка и Словачка, ете наши луѓе одат да работат таму, а пред 3 децении имавме неколку пати повисок стандард од нив.
Провери БДП пер капитал на СФРЈ во 1990 И Полска и Чешка Словачка и Унгарија имале повисок од СФРЈ и тоа за доста.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Каква иронија е кога човек со бугарски пасош (@fatigoova ) подржува постови против ЕУ.:facepalm:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Amdi,do you love me?! :rolleyes:

Го боли тулето Амди. Утре да има избори он пак ќе биде пратеник и пак ќе лапа мои 60 бона секој месец.
Ама ако, рајата нека се занимава со тоа колку Амди е глуп, дур они прави свадби/сунети во авион над Маврово :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Амди гледа Ахмети што прави и копира. Секогаш да е со власта. Или обратно почнало.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Македонија на дното на Европа според висина на платата. На дното друштво ни прават Косово,Албанија и Молдавија.Ама кај да е 500 евра плата не ни бега!?:eek:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ова почна страв да ме фаќа.

Форумов отсекогаш бил огледало на моменталната расположеност кај народот за гласање. Дури анкетите тука беа со најточни резултати, како на крајот од гласањето на изборите.

Е сега проблемот е што не остана ни еден форумџија кој што е за Заев или за Мицко. Прашањето е дали ова ќе значи дека ќе нема цензус на наредните избори(поради незаинтересираност за гласање)??o_O
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Каква иронија е кога човек со бугарски пасош (@fatigoova ) подржува постови против ЕУ.:facepalm:
Македонија на дното на Европа според висина на платата. На дното друштво ни прават Косово,Албанија и Молдавија.Ама кај да е 500 евра плата не ни бега!?:eek:
Сеј не тропај
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom