Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2011
Мислења
10.383
Поени од реакции
18.527
Smesno mi e koa ja pravdaat odlukava so toa deka bogatasite kje bile odanoceni. Kje bidat odanoceni visokokvalifikuvani rabotnici, nasive gazdite so milion na smetka sekako kje go prikrijat danokot. Taa granica od 1500 evra ne e staena za da go targetira angjusev ili cifliganec.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Орце и Мијалков надвор од затвор, среќна нова.
Ее да е Ставре сега на форумот па да ни кажеше што се смени зошто ги пуштија од затвор он викаше ќе лежеле.Јас не знам дали на следните избори ќе има еден човек кој не е партиски бот и му зависи лебот од тоа да излезе на гласање.Барем се надевам дека ќе биде така.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Некој ќе си помисли дека све програмери е во државава а 90% од омладинава не знае основни работи на MS office. Има и ликови кои што ни електронска пошта не знаат да пратат.

Прогресивниот данок не е толку спорен колку што е очаен акт на една економија која што стои на глинени нозе, доказ за економска безидејност. Популистичка мерка за наводно пеглање на диспаритетот во економските примања кај одредени групи граѓани, каде што причините за ваквиот економски јаз се евидентни и лежат во клептоманските нарави на оваа и сите претходни влади, на нивната корумпираност и склоност кон непотизам, расфрлањето со јавните финансии за непродуктивни трошоци, на одбрана политичка клиентела и нивните фамилии, кои што се богатат и живеат на државен трошок, се расфрлаат со раскош и луксуз и се имуни на законите и правдата.

Пошто кога ќе зачкрипи работата си гласаат сами амнестија за своите недела и ко ништо да не било. Едни исти тендер мафијаши склопуваат матни бизнис зделки на сметка на џебот на обичниот граѓанин. И обичниот граѓанин е виновен, затоа што преку неговиот глас на избори му дава бланко да буричкаат во неговиот џеб.

Ова прогресивно оданочување ви е исто ко да се обидувате да затнете дупка на брод што тоне со селотејп.
Држава не е држава ако буџет полни преку казни за сообраќајни прекршоци, претура од шупливо во празно.
Прогресивното оданочување има и психолошки момент, едно што ја стимулира даночната евазија туку и ги дестимулира инвестициите и штедењето. Ако некој чесно заработува 1500 евра месечно, сега наместо да штеди или да инвестира ќе треба да плаќа повисок данок за да некој таму административен паразит земе плата за своето легачење и неработење.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
1. Што се случи со случајот Саздо и зошто уште нема пресуда?
2. Зошто никој не излезе да протестира за загадениот воздух, убиството на Саздо, скапите цени на горивото?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Smesno mi e koa ja pravdaat odlukava so toa deka bogatasite kje bile odanoceni. Kje bidat odanoceni visokokvalifikuvani rabotnici, nasive gazdite so milion na smetka sekako kje go prikrijat danokot. Taa granica od 1500 evra ne e staena za da go targetira angjusev ili cifliganec.
Ама @Makaron кажа така можеби ( :pos: ) ќе се намалеле класните разлики, плус тие што земале 1500 евра плата се богати, нека плаќаат, зошто они да се богатат, а овие пратениците после мандатот да бркаат по контејнери.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.476
Поени од реакции
18.494
@Bafra многу сакам кога сум во право, и мало его имам скромно скромно.

Инаку Лудиот Макс сценарио така викаат некои луди американци, тешко веројатно е ама како можност го имам во предвид :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1545734632][/DOUBLEPOST]

Така читам тука да видам сега цел текст на линкот :icon_lol:.
Море буци изгледа ќе се изначекаш да бидиш во право со берзиве :)
 
B

Bafra

Гостин
Ај така е, ама другар Бафра и вие капиталистите кога ќе заглавите одма од државата барате помош, како го објаснуваш поинаку ти ова кукање и лелекање на металската индустрија деновиве?
Прво најверојатно без врска плачат, доколку мерката е за просек од последни 3години +5% раст.

Штом бара помош, тури му пепел, не го бива. Остави го нека се откаже од фабриката, па друг што го бива ќе ја купи.
Митал во една европска земја не ја работеше фабриката, евтин бил челикот, не му се исплатело, плус конкуренција ќе си правел. Државата му постави услов, или работи или продај ја, фабриката не смее така неактивна да седи.

Кај нас Југохром си се зафркаваат, плус од државата доби помош. Макстил сами инвестираа 10милиони евра во филтер, така и овие треба. Ако не го правиш тоа, има заинтересирани кои сакаат да го купат Југохром и одма ќе стават филтри со свои пари.

Државна помош треба да се состои само од почетно ослободување од некој данок или регулација. Пари никако. Може тие пари самите политичари / држава да ги потроши па после одговорност да им се бара или да се наградат.

Зашто на Југохром да му дадат 1-2милиона евра. Има преку 200.000 хектари необработена земја под државна сопственост, со парите од Југохром купи дел трактори/ нафта, дел семе и дај на народ нека сади.

Основна работа е владеење на правото. Одговорните за тоа, не си ја вршат работата, нема негативни последици за нив и нормално "богатите" (и банките :P ) се криви.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Дно дна, мизерија незнам што да кажам.
Прво ке почнам од мојот пример, во сплет на околности јас биднав член на управен одбор на едно јавно претпријатие во Куманово ( нема да ви се верува но нити сум политички ставен таму, ниту пак сум им тркач на избори или политички активисти, туку немаа кој па ајде ти т.е само јас ги исполнував условите со образование и искуство), во почетокот гледам одиме на седница одлуките ги изготвува претпријатие т.е раководните луѓе како им одговара доаѓаш гласаш и тоа е тоа, уште тогаш ми смрдеше нешто, кога почнав да прашувам некои незгодни прашања ми се нафрлија како тоа било пракса, како до сега така се работело и немало ништо спорно и немало никакви проблеми, кога прашав ако таква пракса немала проблеми и проаѓало до сега така како што сте го поставиле зошто претпријатието е во огромни долгови, нема да ви се верува какви се небулози се изнаслушав чак што више и дојдовме до лични увреди и со закани дека ако сакаат можат да ме сменат и на крај врх беше зошто одлуките не се усвоени едногласно туку само само еден глас против (мојот) да поднесам писмена изјава до претпријатието зошто сум гласал против, прашувам зошто, па да имаме увид зошто гласаш против, одговрив јас со мојата работа во овој управен одбор не одговарам на вас, а тие пак па на кого одговараш ако не на нас ( значи која вообразеност), одговарам на советот кој ме избрал штама во салата, незнаеше што да ми каже па ми кажа добро писмено изјава до советот, им одговорив кога ке бараат нема проблем, а вреди да се напомне дека еден од проблемите беше висината на репрезентацијата на директорот кој ја беше зацепил на 500.000 денари, сервис за автомовил 150.000, гориво за ист автомобил 300.000..

Муабетот ми е, ова да се случува само во оваа ебано претпријатие ке биде супер, туку се случува од најмали претпријатија па до највисоки органи на државна управа, а пак ова со измена на кривичниот законик и амнестијата е мизерија жива.
 
Ќе одговараат кога тогаш, нели @Makaron
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Орце и Мијалков надвор од затвор, среќна нова.
Шарените корисни идиоти цело време се водеа со паролата-Ќе си лежте.И стварно ќе си лежат,со швалерките во некои скапи спа центри!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
СКАНДАЛОЗНО: Секој директор на јавно претпријатие морало да има заменик?!
Напишано од
Плусинфо
-
26/12/2018 20:41

https://www.facebook.com/sharer.php?u=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2F%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25bd%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2598-%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25bf%2F

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.

Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно. Целта е, според нашите извори, ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.

https://plusinfo.mk/скандалозно-секој-директор-на-јавно-п/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom