Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
@Beric Dondarrion мислев на тие со латинско писмо. Нормално не и мандарински.
Сакам да кажам дека тоа пишување во оригинал, кај Хрватите, е недоследно.
Дали нивниот правопис вели дека ги пишуваат во оригинал само имињата кои се во оригинал на латиница, а другите си ги транскрибираат на хрватски?
 
Не мешајте, Пекинг го смени името во Беиџинг.
Исто како Бомбај во Мумбаи.

@Beric Dondarrion мислев на тие со латинско писмо. Нормално не и мандарински.

Па еве ти пример со латински, англичаните за Манчестер викаат Менчеста, за Ливерпул викаат Ливапул, дури и неможеш да ги напишеш правилно како што они ги изговараат зошто немаме соодветни букви.
 
Не е ова исто со Пекинг / Беиџинг.
 
Не е ова исто со Пекинг / Беиџинг.

Муабетов ви е цепидлачење, како да мора сеа ние македонците да ги говориме имињата како што ги говорат во своите држави, поголемо лижење гз од тоа нема, да бидеш поголем британец од британецот или поголем германец од германецот, да измислувам букви и гласови во азбуката што ги немам за да звучам оригинално.

Знаеш ли колку зборови така имаат увезено енглезите со транскрипција од француски и латински? Пола вокабулар што го имаат увезено после норманите кога дошле, дали они глумат фенси французи? Не, туку зборовите ги говорат по свое, така и ние.
 
Ја промашуваш поентата. :D
 
Па и лондончани не го викаат Тотенхем, туку Тот'нам. Ова било предмет на дискусија многу често. Во нашиов јазик се чита како што се пишува, меѓутоа, немаме па и некое правило за импорт на странските имиња пред се, па и други зборови.
Имаме правило:
Туѓите имиња се пишуваат со наше писмо, по правило, онака како што се изговараат. При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на нашиот јазик, т.е. гласовите што ги нема во нашиот јазик се предаваат со наши слични гласови.

Околу примерите што ги даде, транслитерацијата на Сорос по инерција е направена од англиски, инаку од унгарски е Ѓерѓ Шорош (György Soros).
Согласката y, кога е во позиција зад согласките g, l, n и t, нема гласовна
вредност, и служи да ги смекне горенаведените согласки. Оттука, gy се
предава со ѓ: Gyula – Ѓула, Gyömrő – Ѓемре, Győr – Ѓер;
Самогласката ö на македонски се предава со буквата е: Tököl – Текел,
Kőszeg – Кесег, Gyöngyös – Ѓенѓеш, Örkény István – Иштван Еркењ,
Alföldi Róbert – Роберт Алфелɡи.
Најголем простор е отстапен на транскрипцијата и транслитерацијата на туѓите имиња во последниот правопис, а пред да биде издаден, читав едно интарвју со eдeн од авторите, спомена дека во овој дел вложиле најмногу време и труд...
 
Последно уредено:
Имаме правила за транскрипција, со новиот правопис некои транскрипции претрпеа и измени, не ме фаќајте за збор го имам и дома правописот, сега по ново мислам дека и Баерн е Бајерн :facepalm:
 
Не е Баварија?
Русите и клубот така го викаат.[DOUBLEPOST=1545315611][/DOUBLEPOST]
Имаме правило:

Околу примерите што ги даде, транслитерацијата на Сорос по инерција е направена од англиски, инаку од унгарски е Ѓерѓ Шорош (György Soros).

Најголем простор им е отстапен на транскрипцијата и транслитерацијата на туѓите имиња во последниот правопис, а пред да биде издаден, читав едно интарвју со некој од авторите, спомена дека во овој дел вложиле најмногу време и труд...
Претпоставував дека има, ама не се доследни "новинарчињата".
Инаку "умлаутот" претпоставувам дека е различен кај различни јазици. На пример, уште има спортски новинари што клубот и градот го викаат МалмО, а се работи за Ø кое се чита како со умлаут.
Извинете за "умлаут", од германски го знам, а не знам дали имаме збор за знакот.[DOUBLEPOST=1545316400][/DOUBLEPOST]
Муабетов ви е цепидлачење, како да мора сеа ние македонците да ги говориме имињата како што ги говорат во своите држави, поголемо лижење гз од тоа нема, да бидеш поголем британец од британецот или поголем германец од германецот, да измислувам букви и гласови во азбуката што ги немам за да звучам оригинално.

Знаеш ли колку зборови така имаат увезено енглезите со транскрипција од француски и латински? Пола вокабулар што го имаат увезено после норманите кога дошле, дали они глумат фенси французи? Не, туку зборовите ги говорат по свое, така и ние.
Не зборам дека ние треба "Менчеста'" да го викаме. Којзнае како е изговарањето на Беиџинг на кинески. Реков дека во овој случај, не се работи за наш избор, туку за нивни.

https://en.wikipedia.org/wiki/Names_of_Beijing И тука се работи за некаква промена во транскрипцијата.

Кај нас на пример, у ова време на општ идиотизам и глумење некаква автентичност и ние напраивме таква промена, па сега и во личните имиња има промена во пишувањето на латиница. Ч порано беше Č, па ваљда за лочкарите да не ги потсеќа на СФРЈ и нашите антички скотови го сменија во англиско CH. Слично и со Џ кое стана DJ, a беше DZ или Đ...и другите нели...
 
Последно уредено:
Извинете за "умлаут", од германски го знам, а не знам дали имаме збор за знакот.
Дијакритички знаци се тоа.

Меѓу другото, во правописот има и убаво објаснување за примерот со Тотенхем што претходно го спомена:
При пренесувањето на англиските гласови на македонски појдовна
точка треба да биде нивниот изговор, а не начинот на кој се пишуваат, односно транскрипцијата да се бележи во однос на тоа како македонските говорители го перципираат конкретниот англиски глас. Според овој принцип, англиските гласови треба да се пренесат со звуково најсличниот глас од македонскиот јазик, при што се дозволуваат одредени отстапувања во однос на општите класификаторни параметри на гласовите. Вториот принцип кој треба да се запази е принципот на полесен изговор во согласност со особеностите на македонскиот јазик. Според овој принцип, гласовите кои не постојат во македонскиот јазик треба да се транскрибираат со звуково сличен глас или транскрипцијата на македонски да се надополни од англиската пишана форма (на пример, Клинтон, а не Клинтн од Clinton).
 
Не е Баварија?
Русите и клубот така го викаат.[DOUBLEPOST=1545315611][/DOUBLEPOST]
Претпоставував дека има, ама не се доследни "новинарчињата".
Инаку "умлаутот" претпоставувам дека е различен кај различни јазици. На пример, уште има спортски новинари што клубот и градот го викаат МалмО, а се работи за Ø кое се чита како со умлаут.
Извинете за "умлаут", од германски го знам, а не знам дали имаме збор за знакот.[DOUBLEPOST=1545316400][/DOUBLEPOST]
Не зборам дека ние треба "Менчеста'" да го викаме. Којзнае како е изговарањето на Беиџинг на кинески. Реков дека во овој случај, не се работи за наш избор, туку за нивни.

https://en.wikipedia.org/wiki/Names_of_Beijing И тука се работи за некаква промена во транскрипцијата.

Кај нас на пример, у ова време на општ идиотизам и глумење некаква автентичност и ние напраивме таква промена, па сега и во личните имиња има промена во пишувањето на латиница. Ч порано беше Č, па ваљда за лочкарите да не ги потсеќа на СФРЈ и нашите антички скотови го сменија во англиско CH. Слично и со Џ кое стана DJ, a беше DZ или Đ...и другите нели...
Беше даден пример за Y во германски кога се наоѓа помеѓу А & Е, досега се испушташе, сега се транскрибира во Ј.
 
Кај нас на пример, у ова време на општ идиотизам и глумење некаква автентичност и ние напраивме таква промена, па сега и во личните имиња има промена во пишувањето на латиница. Ч порано беше Č, па ваљда за лочкарите да не ги потсеќа на СФРЈ и нашите антички скотови го сменија во англиско CH. Слично и со Џ кое стана DJ, a беше DZ или Đ...и другите нели...
Мислам дека имаш грешка тука.

Č е дел од српска, македонска и уште некои латиници. Кога се пишува со помош на македонска латиница се употребува таа буква.
Ова сега ваљда е пишување на албанска латиница и таму ваљда не постои таа буква.
 
Дифтонзите ai, ei, ey и ay отсекогаш се предавале како aj: Maier, Meier, Meyer, Mayer - Мајер, Kaiser - Кајзер, Frei - Фрај итн. И aey се предава како ај: Baeyer - Бајер.
 
ХАН: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА НА ПАТОТ КОН ЕУ
j7okuxbawq3zyv0mnm25.gif

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, оценува дека Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора, кои веќе се наоѓаат на евроинтеграцискиот пат и кои веќе ги почнаа преговорите за пристапуваање кон ЕУ.

https://24.mk/details/khan-makedonija-mozhe-da-im-se-pridruzhi-na-srbija-i-crna-gora-na-patot-kon-eu

- Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка, рече Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсбад“.

Во однос на исполнувањето на критериумите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но, оцени Хан, по решавањето на спорот со Грција околу името, Македонија има добри шанси да продолжи напред.

Иако не постои прецизен датум, смета еврокомесарот, сепак 2025 година е ориентациската цел од страна на Европската комисија како потенцијален датум на пристапување на земјите со најголем напредок во регионите од Западен Балкан.
 
Добро де, се избричил и потшишал малку... :D
 
https://www.libertas.mk/kod-prva-zh...nija-14-godishno-momche-se-samoubi-so-besene/

Каква видео игра, китови да ве изедат морони глупи, каква врска имаат видео игри и зависност од истите со наводен социјален експеримент насочен кон лекомислени тинејџери. Или чуле-недочуле нешто игри, мобилни, самоубиства и одма си поврзале 2 и 2 дека се 5.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom