Ako raboti 24/7 ne moze da bidat zidovite mraz ladni. Vaka se pravi najgolema greska so narodot gi gasi klimite i misli deka taka nesto ke zastedi.
Секој бетонски столб ќе е мраз ладен. Бетонска плоча на кров ќе е неизолирана. Пуздер може да нарави бетонска плоча. Бетонот е одличен спроводник на ладно и ќе е грч ладна.
Затоа пожелно е бетонски делови од објектот да се опшијат со макар 2цм стиропор од внатре или од надвор. Разликата е стравотно голема. Поготово ако се работи за поголема површина како плоча.
Ако е горна плоча, само наредена 5цм тервол ќе направи голема разлика. Ако е долна плоча, потешко е и ќе мора да се лепи одоздола стиропор. Ама тоа се круцијални топлински мостови на огромен губиток. И тоа не само за пари и греење, туку за комфор. Тој дел не се загрева. Ако е ѕид рецимо. И седиш со грб свртен накај ѕидот. И во собата е 26ц! Тебе пак ќе ти студи. Фацата ќе ти жари, а грбот ладен.
Затоа и се научени на 26ц да греат. Ако се задихтуваат сите процепи и се решат топлинските мостови може да се одржува 21ц температура. А внатре ќе е поудобно и на луѓето ќе им се чувствува потопло отколку на 26ц во соба со големи губитоци.
Парите заштедени се само бонус.
1. Задихтување на прозори и врати.
2. Топлински мостови, столбови и плочи.
3. Инвертер клима уред со соодветна јачина.
4. Изолација на фасада.
По овој редослед. Не мешајте топлински мостови со изолација на фасада.