. Вистинското прашање е како веруваш во „геј-вујче“, а не веруваш во бенефитни карактеристики на бивањето педер.
Не си глуп, но тресеш глупости. Бидејќи си паметен, комплицирано ги браниш. Но сепак се глупости.
Да. Сосема е во ред детето да ми биде геј.
Една од најважните теории за еволуција над нивото на себичниот ген е тнр r/K-селекција, каде е инкорпорирана стратегијата на утилизирање на енергијата добиена од околината на различни начини, и преку различни временски периоди. Фенотипот што е на р-крајот е организам со пократок живот, помала комплексност, пократок период на раст и развој, рана возраст на репродукција, бројно потомство, минимална инвестиција во потомството. К-крајот е фенотип со подолг живот, подолг период на раст и развиток, доцна сексуална зрелост, малку деца и максимален инпут во нив.
Секоја од овие стратегии има предност во зависнот од средината; при нестабилни и непредвидливи услови подобро е организмите да растат брзо до репродуктивна зрелост, брзо и опортунистички да се размножуваат, без да инвестираат во потомството, со што се зголемува шансата да се протне потомство. Ова е надобро да се разбере како два фенотипи (р и К) кои се појавуваат во рамки на врста, и во зависност од условите во околината (и нивните промени), популацијата натежува кон едната или другата страна. Во релативно стабилни услови, К фенотипот преовладува, и се фаворизира долг развој, и особено инвестиција во биолошки најскапите структури (мозок), што е исплатливо само доколку организмот живее доволно долго за да се оправда големиот енергетски трошок вложен во комплексен мозок (на човек му треба мозок да сфати зошто влече толкав голем мозок).
Оттука, во периодите на стабилност во околината за време на човековата еволуција, доминацијата кон К селекцијата овозможила развој на се покомплексен мозок преку инвестирање во продолжување на животот (контрола на стареењето). Освен со селекција за индивидуи со себични долговечни гени, К селекцијата кај вид со социјална структура како човековата нашла повеќе начини да го утилизира долгиот животен век и скапиот мозок, еден од нив е преку креацијата на бабата. Само кај луѓето и уште 2-3 врсти делфини и китови постои менопауза, што им овозможува на жените да престанат со репродукција и да се посветат да нивните внуци и деца. Ваквиот тип на инвестиција во потомството селектирал кон жени со долг живот кои се подолго можеле да помагаат со потомството, што понатаму дава позитивен фидбек во се подолг период на развој, поголем и попаметен мозок во следните генерации.
Сето ова е операционализирано во теоријата на роднинска селекција со хамилтоновото правило: инклузивниот фитнес = индивидуален фитнес + придонес кон потомството (и сите сродни). Жена без менопауза живее пократко и инвестира повеќе енергија во креирање на побројно потомство кое нема да добие многу грижа. Затоа бабата е стратегија која овозможува поголем инклузивен фитнес преку имање помалку деца и посветување на остатокот на животот за добросостојба на децата и внуците. Сите докази од сенесенцијата низ еволуцијата водат кон овој заклучок, и е поддржан од математичките модели.
Геј вујкото е, налик на бабата, уште еден начин на кој вид со екстремно долго детство успеал да го продолжи животниот век и да овозможи развој на комплексни организми кои егзистираат црпејќи го скоро целиот енергетски инпут од околината. Ако бабата во просек имала инпут во внуците од само неколку години, геј вујкото го давал својот инпут преку целиот свој живот (немајќи свои деца). Количината на ресурси која геј вујкото ја овозможувал е веројатно близу до онаа на просечен маж, и еден геј вујко можел да ја удвои исхраната на внуците. Оттука, вредноста на “придонес кон потомството” во равенката за инклузивен фитнес е многу поголема во споредба со бабата, особено кога геј вујкото инвестира во потомство кое и понатаму инвестира во потмство (К селекција). Еволутивниот трошок на инвестирање во стерилен маж се исплати преку неговата можност да обезбеди подобар исход за своите гени, во споредба со роднинска линија без педери.
Хомосексуалноста (воглавно) не е наследна, но затоа и успеала да се одржи во популацијата. Околу тоа како воопшто хомосексуалноста се протнала, решението може да биде интензивната К селекција во мирни услови, која ги прави бабите и геј вујковците многу исплатливи. Затоа може да постои некој стохастички регулатор кој на рандом (најверојатно псеудорандом) начин креира геј вујковци во извесен, строго контролиран процент. Ова е многу веројатно да доаѓа од други биолошки механизми кои утилизираат некаков чуден сигнал за да развијат асиметрија. Секое машко дете ја зголемува шансата за геј брат, но само кај десничарите, што најверојатно значи дека креирањето на мозочна асиметрија е накако поврзано со механизмот за креирање педери.
https://en.wikipedia.org/wiki/R/K_selection_theory
https://en.wikipedia.org/wiki/Life_history_theory
https://en.wikipedia.org/wiki/J._Philippe_Rushton#Application_of_r/K_selection_theory_to_race
https://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionary_game_theory
https://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionarily_stable_strategy
https://en.wikipedia.org/wiki/Chicken_(game)
https://en.wikipedia.org/wiki/War_of_attrition_(game)
https://en.wikipedia.org/wiki/Trivers–Willard_hypothesis
https://anthro.rutgers.edu/downloads/faculty/275-rb2854-cronk/file
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/29438909
https://journals.plos.org/plosone/article?id=10.1371/journal.pone.0158943
https://en.wikipedia.org/wiki/Nash_equilibrium
https://en.wikipedia.org/wiki/Mutual_knowledge_(logic)