Крај на светот нема да биде, но крај на македонизмот и државното уредување во оваа форма какво што го знаевме до сега, тоа сигурно.
И баш заради тоа, баш заради фактот што ние сме една минорна точка, нем набљудувач и никаков фактор во светските текови, не треба да дозволиме да ни се случуваат вакви работи. Држави како нашата опстануваат врз едниството на народот, а идентитетот е сврзно ткиво врз кое што почива неговата државност. Ние не ги поседуваме овие карактеристики, затоа и нашата државност виси на конец. Ние немаме цврсто идентитетско јадро околу кое што ќе ја градиме нашата државност, кое што ќе служи како како обединувачки фактор.
За нас обединувачки фактор требаше да биде идентитетот, гледате и сами дека низ историјата тоа е нашата главна борба, борба за самопотврдување. За некоја друга држава можеби тоа е нешто друго. За Израел територијата, за муслиманските земји религијата, за монархиите круната, за трети природните ресурси...за нас обединувачко јадро на целиот македонски народ требаше да биде идентитетот, кој што пак е тесно поврзан со името на државата.