Софиja - импресии

Член од
3 декември 2010
Мислења
168
Поени од реакции
77
Предлог места/молови за шопинг-гардероба по пристапни цени, аутлети, спортски продавници? Кога вообичаено има попусти?
Клима-инвертер за преку граница како е?
Враќање на ддв, кои се условите?

Ако има некој време нека сподели :)
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Скопје-Софија? Се што е потребно и што би требало да знам? (патарини, патни услови, безбедност...) Околу нова година планирам на прошетка па секоја информација е добро дојдена.
Btw прв пат одам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

240/250 км во еден правец. Има две рути до Софија. Едната е преку Дупница, а другата преку Перник. Ти препорачувам да одиш по таа преку Дупница, иако преку Перник е околу 10 км пократко. Внимавај каде ја паркираш колата бидејќи пајаци многу креваат. А ако си на платен паркинг гледај убаво да го изгребеш талонот што ќе ти го дадат тие што се на паркинг и пази како ја праќаш пораката, доколку праќаш порака. Мене за една погрешна буква за порака ми стави шепа и платив 30 лева казна. Цената е од 2 лева па нагоре за час. Паркинзите се безбедни, но внимавај, не оставај вредни работи внатре во кола или некои работи како ранец, чанта, што ќе провоцираат крадци.

Во Македонија има две патарини кон Бугарија. Едната е 40 а другата 60 денари. Во Бугарија обавезно вињетка. Се купува на бензинска и на граница кај цариникот или во бараката позади него. Има за 1 седмица, за 1 месец, 6 месеци и година. Кога ќе ја поминеш границата, внимавај кај селото Грљано, стои гранична полиција нон-стоп, но не мерат брзина туку проверува да не шверцуваш нешто. Вози според дозволеното, 50 км/ч. Кога ќе го поминеш Ќустендил и кога ќе одиш преку Дупница, многу внимавај со која брзина возиш низ селата, посебно низ тоа второто Багренци или не знам како се викаше но е на Б. Има огромна камера која снима. Не верувам дека ќе ја приметиш.
Исти такви камери има и на неколку места низ Софија. Пишува радар и после таблата на неколку метри стојат и камерите. И тие снимаат сигурно, бидејќи јас изедов казна за брзо возење, баш од тие камери.
Пред влез на Софија пак имаш полиција која стои нон-стоп.

Не ми текнува што друго да ти кажам. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај ме тука или во порака.
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Паркинг во близина на центарот кај е најповолно да се паркира за да се прошета во строгиот центар?
Инаку најверојатно првин ќе одиме во Боровец па од таму се враќаме преку Софија и да прошетаме малку. Можеби ете и за таа рута нешто да дополниш доколку знаеш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Паркинг во близина на центарот кај е најповолно да се паркира за да се прошета во строгиот центар?
Инаку најверојатно првин ќе одиме во Боровец па од таму се враќаме преку Софија и да прошетаме малку. Можеби ете и за таа рута нешто да дополниш доколку знаеш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Пред Народната банка. Таа се наоѓа на главната улица во центарот во Софија. Со жолти коцки е улицата/булеварот, така ќе ја познаеш. Паркингот е од отворен тип и се плаќа со смс ако имаш бг број или кај луѓето со жолти елеци што се надлежни за паркингот и што се таму цело време. Таму ќе ти дадат талон да гребеш (час, ден, година, минути, месец). Паркингот ти е пред народната банка од лева страна кога одиш од Цариградско Шосе/The Mall кон центарот. Таму е 2 лева од час. Безбедно е. Во работен ден од 19:30 часот не се плаќа паркинг. Општо за секаде низ Софија.
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Пред Народната банка. Таа се наоѓа на главната улица во центарот во Софија. Со жолти коцки е улицата/булеварот, така ќе ја познаеш. Паркингот е од отворен тип и се плаќа со смс ако имаш бг број или кај луѓето со жолти елеци што се надлежни за паркингот и што се таму цело време. Таму ќе ти дадат талон да гребеш (час, ден, година, минути, месец). Паркингот ти е пред народната банка од лева страна кога одиш од Цариградско Шосе/The Mall кон центарот. Таму е 2 лева од час. Безбедно е. Во работен ден од 19:30 часот не се плаќа паркинг. Општо за секаде низ Софија.
Тука ми рекоа имало и подземен паркинг. Иначе првин идам за Боровец така што кај може да се сменат пари? Ме интересира за винетка дали може во евра да се плати?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Тука ми рекоа имало и подземен паркинг. Иначе првин идам за Боровец така што кај може да се сменат пари? Ме интересира за винетка дали може во евра да се плати?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Би ти препорачал да смениш пари во Ќустендил во банката ДСК (мислам беше) што е на главната улица пред паркингот кај Била зградата (жолта е зградата) и винетка да си купиш од било која бензинска. Но не заборавај да купиш бидејќи проверуваат на граница, а и полиција ако те сопре прво тоа гледа дали имаш.

За подземниот паркинг не знам. Овој што ти го препорачав добар е и безбеден, но не оставај било какви работи во кола на виделина. Стави се у багаж.

Од Боровец до Софија пола од патот е досаден, со една лента во правец и на неколку места со дупки (освен ако не ги поправиле од преклани кога бев). Другата половина ти е голем автопат и многу добар за возење. Истиот кога возиш од Дупница кон Софија.

Боровец ти е повеќе за скијачи и фамилии. Не очекувај да е како Банско.
 
Ке пробам ако најдам во Ќустендил зошто транзит ке поминам, ако не па со евра ке купам винетка мора да примаат на бензиска и не верувам дека е голема разлика, па ке сменам евра во Боровец ако не се снајдам.

Па фамилијарно одам и баш затоа се одлучив за Боровец.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ке пробам ако најдам во Ќустендил зошто транзит ке поминам, ако не па со евра ке купам винетка мора да примаат на бензиска и не верувам дека е голема разлика, па ке сменам евра во Боровец ако не се снајдам.

Па фамилијарно одам и баш затоа се одлучив за Боровец.

Sent from my iPhone using Tapatalk
И на граница можрш да купиш. Откако ќр ја поминеш Бг царина, застани со кола и позафи цариникот кај што седи има уште една барака кај што продаваат вињетки. А можеш и онлајн да купиш за да не се мачиш на bgtoll.bg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom