Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Скопје-Софија? Се што е потребно и што би требало да знам? (патарини, патни услови, безбедност...) Околу нова година планирам на прошетка па секоја информација е добро дојдена.
Btw прв пат одам.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Паркинг во близина на центарот кај е најповолно да се паркира за да се прошета во строгиот центар?
Инаку најверојатно првин ќе одиме во Боровец па од таму се враќаме преку Софија и да прошетаме малку. Можеби ете и за таа рута нешто да дополниш доколку знаеш.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Пред Народната банка. Таа се наоѓа на главната улица во центарот во Софија. Со жолти коцки е улицата/булеварот, така ќе ја познаеш. Паркингот е од отворен тип и се плаќа со смс ако имаш бг број или кај луѓето со жолти елеци што се надлежни за паркингот и што се таму цело време. Таму ќе ти дадат талон да гребеш (час, ден, година, минути, месец). Паркингот ти е пред народната банка од лева страна кога одиш од Цариградско Шосе/The Mall кон центарот. Таму е 2 лева од час. Безбедно е. Во работен ден од 19:30 часот не се плаќа паркинг. Општо за секаде низ Софија.
Тука ми рекоа имало и подземен паркинг. Иначе првин идам за Боровец така што кај може да се сменат пари? Ме интересира за винетка дали може во евра да се плати?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Би ти препорачал да смениш пари во Ќустендил во банката ДСК (мислам беше) што е на главната улица пред паркингот кај Била зградата (жолта е зградата) и винетка да си купиш од било која бензинска. Но не заборавај да купиш бидејќи проверуваат на граница, а и полиција ако те сопре прво тоа гледа дали имаш.
За подземниот паркинг не знам. Овој што ти го препорачав добар е и безбеден, но не оставај било какви работи во кола на виделина. Стави се у багаж.
Од Боровец до Софија пола од патот е досаден, со една лента во правец и на неколку места со дупки (освен ако не ги поправиле од преклани кога бев). Другата половина ти е голем автопат и многу добар за возење. Истиот кога возиш од Дупница кон Софија.
Боровец ти е повеќе за скијачи и фамилии. Не очекувај да е како Банско.
Ке пробам ако најдам во Ќустендил зошто транзит ке поминам, ако не па со евра ке купам винетка мора да примаат на бензиска и не верувам дека е голема разлика, па ке сменам евра во Боровец ако не се снајдам.
Па фамилијарно одам и баш затоа се одлучив за Боровец.
Sent from my iPhone using Tapatalk