Славица - Спаваш ли мирно Еминем?

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Oваа Славица е неуморна. Гледам уште се јавува по емисииве контактни.

Кој знае сметка колку плаќа за телефон.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.561
Поени од реакции
38.683
Oваа Славица е неуморна. Гледам уште се јавува по емисииве контактни.

Кој знае сметка колку плаќа за телефон.
Сите тие што се јавуваат се ненормални едни исти тепаат време секој ден
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Jaс не гледам во ваквите емисии голема корист. Се јавуваат луѓе даваат свој мислења или се жалат на некоја тема за политика или за социјална тема и на крај ништо не се случува. Ретко е од телевизијата или радио водителот/ водителката да запишат што кажал некој јавувач и да проба заедно со повеќето политичари или институции да помогне ако воопшто и некој се јавува за помош или посочува нешто што нечини во државата.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Некогаш и биле дома од некоја телевизија и тоа било документирано.
Некој да има видео?
Ретко е од телевизијата или радио водителот/ водителката да запишат што кажал некој јавувач и да проба заедно со повеќето политичари или институции да помогне ако воопшто и некој се јавува за помош или посочува нешто што нечини во државата.
Милена е тука да го смени тоа со својата најнова емисија x y.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.605
Oваа Славица е неуморна. Гледам уште се јавува по емисииве контактни.Кој знае сметка колку плаќа за телефон.
...би те прашала за што е неуморна? односно за што или против кого коментира? за да ти дадам соодветен пример кој друг е исто неуморен но е со спротивен коментар за што или против кого од ова госпоѓа (може да ти биде тетка, мајка или баба по годините, а начинот како ја означуваш „оваа Славица“) што ти „боде“ очи ама не го спомнуваш т.е. „не го приметуваш“! :)
20тинa сметки и имaaт стигнaтo сигурнo.
Не е oд сегa, више oд гoдинa се јaвувa пo емисииве.Слaвицa, Семинa, Венцислaв, Тaле, Блaшкo... кoи беa други? :D
... и овие други нели, за кого тоа коментираат кога се јавуваат на Тв медиум т.е. против кого, баш ме интересира „чија страна“ завземаат овие спомнатите? :sneaky:
Сите тие што се јавуваат се ненормални едни исти тепаат време секој ден
...штом во Собрание можат да седнат пратеници кои наместо да учествуваат во работата на седницата телесно се присутни, но со умот отсутни т.е. тепаат време, играјќи игрици на мобилниот, гледајќи списанија со жешки фотки, при тоа земјаќи висока плата и дополнителни надоместоци?
...тогаш не знам зашто овие луѓе, најобична народна маса која редовно се јавува на ТВ контактни емисии со такви теми зашто би биле ненормални?затоа што ја кажуваат својата вистина околу тешката ситуација во МКД? ...зашто не би биле, на пример „ненормални“ новинарите и тие што ги организираат ваквите емисии? на овие обични луѓе кои се јавуваат, не само им се смалува буџетот со нивно телефонско јавување, туку целата емисија им делува негативно на нивното здравје, покачувајќи им го шеќерот, крвниот притисок и срцебиење поради тие теми?
 
Последно уредено:
K

kicodarker

Гостин
На 24 вести успеав да изгледам целосна емисија не беше баш утринска некаде кај 12ч на пладне.
Или се тотални психопати водителкине или здравјето ќе си го фрлат за некоја година водејќи емисија која испаѓа како кол-центар за некоја психијатриска болница да е. Буквално се јавуваат секакви калибри на луѓе,но ретко некој нормален.
Секогаш има пензионерка која не дослушува и гласот како ехо-ехо-ехо се слуша во triple echo, еднаш преку нејзиниот телефон на тв, втор пат од тв-то на нејзиниот телефон и повторно на тв. И имаш “ало-ало-ало, ме слушате-ме-слушате-ме-слушате“?
Втор калибар се пензионери кои доволно ќе се возбудат од муабетот, а се осеќа дека го “тушира“ телефонот зборувајќи притискаат на грешка некое копче.Човече, не едно сите! блаблабла-тииииит-блаблабла-тиииит.
Трет калибар се јавува кој се префрла од една тема во друга и буквално незнае зошто се јавил.
Сумирано на сето ова и според интелектот на средовечниве луѓенца кои се јавуваат, воглавно може да се заклучи дека:
-Просечниот Македонец има акл отприлика 60-80 IQ
- Заглавен е во Југословенско време, и тоа не во политичко туку во начинот на живеење,технологија,размислување и слично.
Се јавува слушател, и во тек се вестите со оваа опремата за прислушкување што ја најдоа, и коментира: Досега требаше инжиЛери да викнат да најдат по зидоој таму кај има микрфони клаено сите нови згради се прислушуват полни жици се по ѕидојте. Буквално да подзини човек и сфаќа дека и менталниот развој и сфаќање за технологијата е заглавена некаде како во филмот “Балкански шпиун“.

И кој ќе сфатиш дека форсирани се тие пред просечниот младич во Македонија, дека и покрај нивната неинформираност и заглавени што се во 80те, само годините ги прават да се чуствуваат важни, сфаќаш дека имаат право на глас исто како твоето, ти доаѓа харикири да направиш.

А верувам концептот на емисииве не е лош.На канал5 со милена нешто демек во таков тек ја прават,ама најголем проблем е што самата власт треба да сака да ги слушни “маките“ па да профункционира.Иако што денес е многу полесно со апликација за телефон и пријави проблем. Ама да функционира. Доттогаш секакви славици,талевци и друга раја ќе се јавува на БУКВАЛНО СИТЕ ЕМИСИИ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.561
Поени од реакции
38.683
...би те прашала за што е неуморна? односно за што или против кого коментира? за да ти дадам соодветен пример кој друг е исто неуморен но е со спротивен коментар за што или против кого од ова госпоѓа (може да ти биде тетка, мајка или баба по годините, а начинот како ја означуваш „оваа Славица“) што ти „боде“ очи ама не го спомнуваш т.е. „не го приметуваш“! :)

... и овие други нели, за кого тоа коментираат кога се јавуваат на Тв медиум т.е. против кого, баш ме интересира „чија страна“ завземаат овие спомнатите? :sneaky:
...штом во Собрание можат да седнат пратеници кои наместо да учествуваат во работата на седницата телесно се присутни, но со умот отсутни т.е. тепаат време, играјќи игрици на мобилниот, гледајќи списанија со жешки фотки, при тоа земјаќи висока плата и дополнителни надоместоци?
...тогаш не знам зашто овие луѓе, најобична народна маса која редовно се јавува на ТВ контактни емисии со такви теми зашто би биле ненормални?затоа што ја кажуваат својата вистина околу тешката ситуација во МКД? ...зашто не би биле, на пример „ненормални“ новинарите и тие што ги организираат ваквите емисии? на овие обични луѓе кои се јавуваат, не само им се смалува буџетот со нивно телефонско јавување, туку целата емисија им делува негативно на нивното здравје, покачувајќи им го шеќерот, крвниот притисок и срцебиење поради тие теми?
Ненормални се, кој паметен се јавува секој ден на секоја емисија?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
...би те прашала за што е неуморна? односно за што или против кого коментира? за да ти дадам соодветен пример кој друг е исто неуморен но е со спротивен коментар за што или против кого од ова госпоѓа (може да ти биде тетка, мајка или баба по годините, а начинот како ја означуваш „оваа Славица“) што ти „боде“ очи ама не го спомнуваш т.е. „не го приметуваш“! :)
Неуморна е затоа што можеш да ја слушнеш денес, можеш и утре а сигурно на ден бидејќи се повеќе контактни емисии да ја слушнеш и два пати, еднаш во една контактна емисија па по неколку часа во друга.
Исто така неуморна е затоа што кога ќе се јави збори сто на саат. Вчера кога ја слушнав случајно на 24 вести на некоја политичка тема не се сеќавам сега точно што беше но жената беше колку толку посмирена за разлика од на видеата кој се тука поставени. На Алфа знам често се јавува, таму темите не се политички, а пак водителката на Алфа со една фаца тужна никаква.

Не знам веќе како и да ја означам/пишам зш е ненормална што троши толку време да се јавува во такви емисии.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.605
Неуморна е ...неуморна е затоа што кога ќе се јави збори сто на саат.... 24 вести на некоја политичка тема не се сеќавам сега точно што беше но жената беше колку толку посмирена ...Не знам веќе како и да ја означам/пишам зш е ненормална што троши толку време да се јавува во такви емисии.
...неуморна оти си ја сака сака МКД и скоро сите нејзини муабети држи вода и баш е специфична жена!
...зборува 100 на саат оти госпоѓата е од источниот дел на МКД, не знам точно од кој град и доколку ги познаваш дијалектите од тој дел не МКД сите скоро кога зборуваат „ ја тераат “во трета брзина!
...жената што била посмирена во „ТВ 24 вести на некоја политичка тема“ се разбира ако знаеш чија е таа ТВ и кои теми ги обработуваат, а со тоа и соодветни коментари не ме чуди што била навидум „смирена“!
...тоа што тематски именуваната госпоѓа троши време и пари и се јавува на тие ТВ емисии е нејзин проблем, најмалку твој за да ја наречеш „ненормална“ не ти личи ниту на годините спрема неа, ниту како млад џентлмен, а најмалку како модератор што си ја отворил ваквата тема, па уште упорно потенцираш дека е „ненормална“ жена и таа е нечија мајка да знаеш!
... ќе беше во ред да ја тераш темата во друг правец за дебатирање (мое мислење), а не дека била ненормална :(

...мене ми е забавна и позитивна и камо да имаше вакви жени МКД и колку да е „ дан тмуран ја мамуран“, дефинитивно госпоѓава ќе те насмее и расположи, а богами некој ќе биде хипнотизиран види ја фацата на Роберт...крш! :pos:
,,..сите деца се нежни дајте му торбиче малку лукче, оно детето од ранецот ќе се искриви бог да чува...! :lolzz:... просто ја обожавам госпоѓата! :smirce:
 
Тешко на мажот и дома што ја има, ја да сум со оваа или ќе ја исфрлам или ќе ме извадат со лудачка кошула, трето нема
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.731
Зашто не ме чуди ставот на bijons?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.605
Тешко на мажот и дома што ја има, ја да сум со оваа или ќе ја исфрлам или ќе ме извадат со лудачка кошула, трето нема
... што мислиш нејзиниот маж сигурно ја тера во петта брзина кога зборува и сигурно се сложуваат во бракот! ...и јас мислев дека струмичаните се најбрзи во зборувањето со нивниот дијалект, ама не се веќе!
...инаку не е лоша и да ја имаш дома :) (јас вака ја замислувам)

Зашто не ме чуди ставот на bijons?
...затоа што се„ навикна на мене“ и збунет си како да реагираш :vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom