Инаку како што читам овде, има и многу одбиени од вицепрезидентот. Порано се знаеше, ако поминеш на совет, зимаш пасош сега може и вицепрезидентот да те одбие. Само не знам на кој основ го прави тоа, јас мислам дека кај него најмногу зависи од интервјуто, пошто ако поминеш на совет и не ти бараат дополнителен документ тој на кој основ би те одбил ? На совет заседаваат повеќе луѓе, не одлучува еден човек дали ќе поминеш на совет. И доаѓаш кај вицепрезидентот и те одбива, без право на жалба, без можност да доставиш дополнителни документи (ако е било потребен дополнителен документ зошто не те вратиле на совет? )
Да се надевам дека се ќе биде во ред и дај Боже сите да земеме државјанство.