Срцко вака, ќе си појдеш во големите маркети(таму има најголем избор) и ќе застанеш пред презервативите и ќе си читаш и бараш големина, моја препорака е durex invisible. Исто така, откако ќе ги отвориш прочитај го упатсвото за како правилно да го наместиш(пенисот треба да биде или полу или цел во ерекција(затоа предиграта е важна
), го држиш резервоарчето со два прста на горниот дел од кондомот и со другата рака го навлекуваш се до крајот на пенисот, патем внимавај да не има воздух ). Мило ми е што сте почнале да размислувата за безбеден секс и дека сте увиделе дека не е доволно само да пазиш туку и во предсемената течност(она кај девојките што го велат влажнење го има и кај вас) може да залутал некој јак пливач
, и немој случајно да ти текнало да користиш два презервативи (читав по форумов дупла заштита дечките сакаат), триењето помеѓу двата е поголемо и доведува до пукање на истиот. Малку пракса и се ќе биде добро.
Патем фамава што ви е за контрацептиви конкретно апчиња, малку повеќе информираност за истите не би било лошо. Рекла казала, форум муабети, информирани, полунеинформирани не е исто како разговор со гинеколог или некое друго стручно лице, за жал кај нас освен апчиња, спирала и презервативи други контрацептиви колку што знам нема. Е јбг, тоа е изборот во нашата чудесна Македонија.