Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.475
Поени од реакции
84.906
Проблемот е кај тебе, што ти си мислиш дека ЕУ = правдина.
Јас сум работел и Словенија и Германија, сум имал/имам контакти од таму, па знам што и како е.
Работата е што кај нив регулар џо не му работи мозокот за тие работи.

Иди во Целје, на плоштадот имаш ќебапчилница. Го прашувам Словенецот чија е... вика некој Албанец или Босанец ама не знам како успеа да ја отвори. Многумина Словенци сакале да отворат нешто на истата локација, ама од општина им рекле не може.
Го прашувам како овој работи, крева раменици. Нели е голема веројатноста да потплатил, Словенецов се чуди и вика па можеби, не ми текнало досега :tapp:

Германија нели сега ги фатија со имигрантите како од општината за 1.000 еур добивале одма документи.

Ти верувај дека влез во ЕУ значи правичност, ама при толку знаење историја да веруваш во такви работи, сметам дека си премногу субјективен и го глумиш Лет во праење на тошо.
Сваровски судиите баш со влезот во ЕУ ќе си речат, е сега ќе мора чесно да судиме оти .... Оти што ... :toe:

Обичниот граѓанин ќе си остане обичен и уште посиромашен, ама заслужено ни е тоа, кога немаме во главата.
Миљон глупости. Нит сум рекол дека ЕУ е правдина, нит обичниот граѓанин таму е посиромашен од тука, нити истиот се среќава во секојдневието со поголема корупција и мито, од тука.
 

0nline

ЕУ и Нато Антифашист
Член од
8 јануари 2012
Мислења
103
Поени од реакции
58
ЕУ нема иднина. Сите знаат што се и се случува на ЕУ. ЕУ заврши како добар проект преку кој требаше да се направи профит од судбината на луѓето. Идејата ЕУ, ја изеде корупцијата. Кога си моќен со пари, почнуваш да го пумпаш балонот со маркетинг или пари. Нас не лажеа со 2 000 евра плата со влез во ЕУ. Ама сите соседи што влегоа и ден денес немаат просечна плата 2 000 евра. Самата ЕУ даваше налог (конкуренцијата во ех. Ју или ) во Македонија да се продадат профитабилните држави фирми, а другите да се стават под стечај ( да си ја елиминира конкуремцијата)- со уцена ако сакаш да влезеш во ЕУ. 720.000 луѓе невработени кои редовно се пријавуваат во АВРМ, не гласаа за ЕУ, затоа што самата ЕУ ги создаде.Значи даваш ветување или пари на се и сешто , а не исполнуваш ништо. Затоа што на ЕУ и требаат робови.
На ЕУ силата и заврши пред една деценија кога пукна финансиската криза .Сега се остварува профит од народот кој ја лапна таа патка. Уште долго време ќе го цицаат народот на Европа кој е економски роб. Денес реалноста е дека Африка со Кина и се потсмеваат со Европа. Самата ЕУ е слаб фактор во мултиполарниот свет. Елитната политичка проституција во самата ЕУ се проценуа дека зафаќа повеќе од 1/3 до 1/2 од самата ЕУ бирокријата. ЕУ во мометов може да се сведе како судбина на една проститутка : ветувањето или идејата за независен и пријатен живот не е ништо повеќе од покана за сјаен затвор со бескрајни болки и страдање на идните гемерации, каде ЕУ (корупцијата) се обидува да ги искористи и злоупотреби оние кои во проституирањето се вклучени .Во Македонија политичката проституција е евидентна. Пример за тоа се пратениците кои се продаваат. Па сите тие да се со програма како независни кандидати со идеја за промена на име на држава, на народ, на устав, ...итн, ниеден нема да влезе во парламент.
Проституцијата не представува колективна вреднист.
Просто е, има луѓе што не сакаат да се проституираат.
Се виде ова при прославата на Илинден на Мечкин камен, а се потврди тоа и на пропаднатиот референдум.
Така да на следни избори, попис, ... , за Република Македонија ќе излезам, но никогаш под додавката Горна, Северна, Нова,.....,Илинденска.
Тивкиот бојкот продолжува без разлика дали ќе трае со години.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Дали сакаш да кажеш дека митото и корупцијата во земји како Романија, Бугарија, Грција е исто како митото и корупцијата во Босна, Србија, Македонија?
Благо речено е скоро иста, а во многу случаи и поголемо е митото во овие три Еу членки.

Бугарија да не ја споменувам, од чистачка во установа до министри и премиери се корумпирани, за џандарите да не зборам. Романија исто, ако не и полошо...

Грција, ти е приказна сама за себе... таму има магнати кои толку се недопирливи, па дури се смета дека си ја присвоиле државата за своја! Шверцаат дроги и нафти со бродови и танкери, влетуваат со оружје по фудбалски терени да делат правда како шерифи...

Исто така, помеѓу грчките тајкуни има и многу воени профитери, кои пренесуваат оружје на боиштата по Блиски Исток.

Ова што ти го кажувам се примери кои се обелоденети и фатени од полицијата, а до ден денес нерасветлени и заташкани по судовите, без судски епилог. Затоа друже се е до главата... разлика во Грција гледаш ради тоа што имаат подобар стандард, на кредити, и мислиш дека таму побогато живеат ради помала корупција! Не, самата држава е побогата (природни ресурси), подобра геостратешка положба и како таква е интересна на Западот да биди стабилна, а далеку од тоа дека нема криминал и корупција!

https://sport1.mk/fudbal/ligi/grchkiot-fudbal-tone-gazdata-na-olimpijakos-obvinet-za-dilanje-droga

http://inpress.com.mk/?p=37459
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Џабе што има работа кога не е платена, затоа никој не го сака тоа бидејќи нема да може да преживее со таа плата, затоа и се јавува тој реваншизам и кодошење за да се дојде до подобра позиција. Со влез во Еу ова би го немало, па така ќе може секој да работи што сака и да може нормално да живее.
Кај нас партиското полтронство тешко дека ќе се искорени ,а тоа е еден од кључните проблеми.Едноставно секој сака работа во администрација,пошто во приватниот сектор е катастрофа,тоест нефеудализам.И така 27 години во безизлезен круг и незапирливо тонење.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.690
Поени од реакции
88.671
Митото и корупцијата во тие земји е сто пати потешко од митото и корупцијата кај нас.?

ОК, i rest my case.
Ај кажи ми во која организација членуваат МКД, СРБ и БИХ? Ги контролира некој над глава за тоа што корупција прават? Кој ги спречува да НЕ прават мито и корупција?
Ај сега истото прашање за ГРЦ, БУГ и РОМ, тие се членки на ЕУ... нели таму немаше корупција? Како тоа пола Романија и Бугарија се исели, ради чесното работење на нивните институции? Како Грција банкротираше ако ги посматраа одозгора?

Причината за толкава незаинтересираност на луѓетово во вакви моменти? сиромаштијата и ршумот шо е направен сите овие години во државава, или нешто друго е во прашање??? шо мислиш ти?
За Референдумот? Па може да се каже недовербата во институциите што се покажа и на самиот ден на гласањето со полнењето на кутиите. И тоа е плод на 27годишното ебавање на институциите. Реално ако збориме, на референдумот имаше излезност од 450 до 500 илјади гласови, и тоа преку сила, со натегање. Со полнењето си се направи бројка од 666 илјади.

Оправдувања 101, ама ете ако ти е полесно, теши се.
Партија која била на власт повеќе од деценија и да не знае како да се справи со полнење кутии жими таквото.
Ти си одбрал да бојкотираш, а последиците од тоа ќе ги префрлиме на јаничарите (y).
Англичаните не мислеа на тоа, туку излегоа. едните беа За, другите против. А кај нив е уште полесно да полниш кутии т.е. да наместиш гласови
Какви оправдувања, какви бакрачи... еве ти извештај од ДИК, референдумот е НЕУСПЕШЕН. Крај, финито... после ова тој договорот од Преспа требаше да служи само како тоалетна хартија, ништо повеќе. Ако одиме по твојава логика, ондак требаше и Референдумот во 2004 да биде важечки, дека иако немаше цензус, сепак повеќето гласови беа против новата територијална поделба, така? А за тоа дека во Англија било полесно да се полнат кутии... мало сутра дечко.


П.С. Ги гледам ова Французиве и им се чудам на паметот, ептен будали луѓе биле, земале протестираат пола држава ја блокираа.... место да земат да сменат име на држава и Устав, сите проблеми ќе им се решат, тие одлучиле на улица правда да бараат :toe:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Џабе што има работа кога не е платена, затоа никој не го сака тоа бидејќи нема да може да преживее со таа плата, затоа и се јавува тој реваншизам и кодошење за да се дојде до подобра позиција. Со влез во Еу ова би го немало, па така ќе може секој да работи што сака и да може нормално да живее.
Гледам се трудиш да ни објасниш цело време како ќе биде подобро ама ние никако да разбереме.Можеби и си во право ама треба да го промениш начинот на објаснување.За почеток би било добро да ни пратиш на сите број од твојот дилер.За понатаму ќе видиме можеби слика со премиерот на профилна.И ако те вработиле веќе смени ја не мора да стои не се плаши.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Narodot e veke zgmecen, nema nitu volja nitu bilokakov interes za protest. sarenite bea plateni za protestiranje, da ne se lazeme. tie so ne zemaa pari protestiraa za drzavni fotelji i klativratovski rabotni mesta, nekoi se piknaa ama poveketo povtorno si ostanaa so prstot vo usta. Istite tie pred nekoi sledni izbori pak ke protestiraat za bilokoj sto ke obeka drzavna plata za lezenje. ni drzava, ni ime, ni narod, ni ekonomija ama bas nisto ne gi interesira, sveta im e samo bilokakva drzavna fotelja.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Кај нас партиското полтронство тешко дека ќе се искорени ,а тоа е еден од кључните проблеми.Едноставно секој сака работа во администрација,пошто во приватниот сектор е катастрофа,тоест нефеудализам.И така 27 години во безизлезен круг и незапирливо тонење.
Катастрофа е не викам не, но пак ќе кажам, затоа е потребно членство во Еу за да се подобри и приватниот сектор со што луѓето не би морале да се кодошат меѓу себе за подобра позиција. Ете сега ќе се почне со префрлање на администрација во приватен сектор, што е добро но пак тие луѓе ќе бидат незадоволни заради платите, а тоа ќе се промени со влез во Еу.
Ај кажи ми во која организација членуваат МКД, СРБ и БИХ? Ги контролира некој над глава за тоа што корупција прават? Кој ги спречува да НЕ прават мито и корупција?
Ај сега истото прашање за ГРЦ, БУГ и РОМ, тие се членки на ЕУ... нели таму немаше корупција? Како тоа пола Романија и Бугарија се исели, ради чесното работење на нивните институции? Како Грција банкротираше ако ги посматраа одозгора?



За Референдумот? Па може да се каже недовербата во институциите што се покажа и на самиот ден на гласањето со полнењето на кутиите. И тоа е плод на 27годишното ебавање на институциите. Реално ако збориме, на референдумот имаше излезност од 450 до 500 илјади гласови, и тоа преку сила, со натегање. Со полнењето си се направи бројка од 666 илјади.



Какви оправдувања, какви бакрачи... еве ти извештај од ДИК, референдумот е НЕУСПЕШЕН. Крај, финито... после ова тој договорот од Преспа требаше да служи само како тоалетна хартија, ништо повеќе. Ако одиме по твојава логика, ондак требаше и Референдумот во 2004 да биде важечки, дека иако немаше цензус, сепак повеќето гласови беа против новата територијална поделба, така? А за тоа дека во Англија било полесно да се полнат кутии... мало сутра дечко.


П.С. Ги гледам ова Французиве и им се чудам на паметот, ептен будали луѓе биле, земале протестираат пола држава ја блокираа.... место да земат да сменат име на држава и Устав, сите проблеми ќе им се решат, тие одлучиле на улица правда да бараат :toe:
Па Французите протестираат против цените на бензинот, нивниот проблем е тоа, нашиот е името.
Гледам се трудиш да ни објасниш цело време како ќе биде подобро ама ние никако да разбереме.Можеби и си во право ама треба да го промениш начинот на објаснување.За почеток би било добро да ни пратиш на сите број од твојот дилер.За понатаму ќе видиме можеби слика со премиерот на профилна.И ако те вработиле веќе смени ја не мора да стои не се плаши.
Тој што користи дрога си ти, затоа толку слепо пишуваш и скокаш ко петел.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Нема да можат, парите ќе бидат контролирани од Еу, тој што ќе проба да краде ќе биде казнет.
Немој навистина немој, нааивно и глупо е да се размислува така. Добро ќе е да е така, но....[DOUBLEPOST=1543918918][/DOUBLEPOST]
Не е исто.
Поголемо е, таму во милијарди се мери. Романија нели се гордееа со таа обвинителката која затворила еден куп административци, политичари. Сигурно не ги затвориле без ништо нели. Грција преку 200милијарди должи, каде се отидени тие пари. Имаше преку 50% од жителите на некои острови се праеле глуви или слепи за субвенции.
Ене ти ги и Словенија и Хрватска со осудени премиери и претседатели. Го имаш Берлускони, сега ја имаш Дојче Банк каде полиција ја истражува за перење пари, па ја имаш дизелгејт аферата каде платија преку 20милијарди за спогодба. Панама пејперс и ЦДто од Швајцарска банка со преку 2000 германци, од што се тие пари ...
Гадафи колку ЕУ лидери спонзорирал, тоа легално ли е ...[DOUBLEPOST=1543868815][/DOUBLEPOST]

Оправдувања 101, ама ете ако ти е полесно, теши се.
Партија која била на власт повеќе од деценија и да не знае како да се справи со полнење кутии жими таквото.
Ти си одбрал да бојкотираш, а последиците од тоа ќе ги префрлиме на јаничарите (y).
Англичаните не мислеа на тоа, туку излегоа. едните беа За, другите против. А кај нив е уште полесно да полниш кутии т.е. да наместиш гласови.
Каде е сега таа обвинителка
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.690
Поени од реакции
88.671
Не. Значи правиме муабет за 100-150 луѓе шо протестираат за промената на име.

Тоа е поширок поим кој треба да се гледа години наназад...поточно од кога се осамостоивме како држава. Земи ја тука како почеток транзицијата, бркањето од работа, приватизацијата, малата плата, па додади ги и војните во бифшите ЈУ земји што постојано ни седеа пред врата, психолошкиот притисок таа војна да не дојде кај нас. Земи ја потоа 2001, војната што заврши погубно за нас, а албанците добија статус на бели мечки во државава. Па територијалната поделба од 2004, па блокадата од Грција, а да не правиме муабет за корупцијата што ја има во државните институции... значи Македонецот постојано трпи тешки удари, и моментално сме психички утепани како народ, тоа е факт. Тебе да ти менуваат име и устав на држава, а ти да не мрднеш со прст, па тоа го нема нигде. Психички е осакатен Македонецот, не дека немало отпор и протести во овие 27 години, туку секогаш ние сме го извлекувале подебелиот крај.
А не сме биле секогаш такви, ете земи го протестот на работниците од Железара од '86 или '87 (постарите знаат) кога преку 10.000 луѓе барајќи поголеми права за себе, влагаат во собранието, ја кршат цела зграда и не излагаат додека не добијат гаранции дека ќе се стори нешто за нив. Луѓето кои биле внатре во објектот плачејќи ги молеле работниците да не ги утепаат, и се им потпишале на крај.
А сега имаш случаеви кога добиваш 5 годишна казна затвор зашто си ја скубел Шеќеринска, таа ебана кокошка за коса... јас сум те бирал бре, јас имам право да те отепам ако не си ја вршиш работата.

Ете гледаш, секогаш Македонецот е на ебаната страна, што тоа не е случај еве пример со Албанците... тие чим зинат, одма се им се дава, се, се, се, се. Дури и извинување добиваат за тоа што зинале уста. Ни утепаа 5 деца на Смилковско, се кренаа на протест како најголеми талибанци од ИСИС, и никому ништо, нит казни, нит затвор, дури беа преставени како жртви во цел тој случај... ене ги денес потенцијалните убијци на тие деца шетаат слободно... А ние се буниме ако 20 излегле да протестираат против промена на име, не ќе сме можеле на време дома да стигнеме. Бре...

Македонецот денес во 2018 е отепан во корен, е тоа ни го направи државата овие 27 години... дојдовме до дереџе да бидеме како овци пред колење, со наведнати глави само чекаме да не пресече некој.[DOUBLEPOST=1543920025][/DOUBLEPOST]
Па Французите протестираат против цените на бензинот, нивниот проблем е тоа, нашиот е името
Нема врска бензинот, ние го откривме магичниот еликсир... смени име и устав, и се ќе биде подобро. Треба и французиве да пробаат со тој рецепт, можда ќе упали.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Ај сега истото прашање за ГРЦ, БУГ и РОМ, тие се членки на ЕУ... нели таму немаше корупција? Како тоа пола Романија и Бугарија се исели, ради чесното работење на нивните институции? Како Грција банкротираше ако ги посматраа одозгора?
Залудо го повторуваш зборот "пола" ко папагал, едноставно цела Бугариjа и Романиjа се иселиjа, за тебе да ти биде добро, нема луѓе таму одамна, додека Македониjа бранеjќи го идентитетот, континуирано се полни со народ и се хомогенизира етнички во корист на македонскиот православен елемент, на Истокот нема Цигани кои се котат наголемо и на следниот попис броjот на Турците никако не ќе се зголеми, а Торбешите на Западот се враќат назад кон своето македонско потекло и на Албанците не ми успева да ги асимилират, Охрид и Битола се добри демографски и само jакнат.

Бедно гревче македонско, тотално исфрустрирано, се посра де се теши божемски лошо е во ЕУ знаеjќи дека едноставно нема кацапитет да се упика таму и затоа чека мирно броjче за произдход и бугарски пасош.

Иако не се наjдобри балканските земjи-членки на ЕУ, тие ги имат своите success stories, добри економски гранки и одлични перспективи да прогресират, додатно таму никогаш нема да биде таква ненормална партизациjа и исполитизирање до небо, а кои се последиците од тоj македонски феномен сите ги знаеме.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Дај ми доказ црно на бело дека Заев земал поткуп.
Барал, не земал. Доказот го виде цел свет.[DOUBLEPOST=1543922873][/DOUBLEPOST]
Aко некој нема право на форумов, тоа си ти. Бијонс има поише право од тебе.
Ти имаш право за/на сè. Со „рекла-казала“ муабетите.[DOUBLEPOST=1543923075][/DOUBLEPOST]
Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу..
Ха.. прашај ги оние што веќе влегоа како е кај нив. И тоа со подобри позиции и услови од нас.
Кога ќе влеземе... помлад од 50-на години тешко да остане овде.[DOUBLEPOST=1543923155][/DOUBLEPOST]
Нема да можат, парите ќе бидат контролирани од Еу, тој што ќе проба да краде ќе биде казнет.
Ова како на деца в градинка да им раскажуваш.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.690
Поени од реакции
88.671
Залудо го повторуваш зборот "пола" ко папагал, едноставно цела Бугариjа и Романиjа се иселиjа, за тебе да ти биде добро, нема луѓе таму одамна, додека Македониjа бранеjќи го идентитетот, континуирано се полни со народ и се хомогенизира етнички во корист на македонскиот православен елемент, на Истокот нема Цигани кои се котат наголемо и на следниот попис броjот на Турците никако не ќе се зголеми, а Торбешите на Западот се враќат назад кон своето македонско потекло и на Албанците не ми успева да ги асимилират, Охрид и Битола се добри демографски и само jакнат.

Бедно гревче македонско, тотално исфрустрирано, се посра де се теши божемски лошо е во ЕУ знаеjќи дека едноставно нема кацапитет да се упика таму и затоа чека мирно броjче за произдход и бугарски пасош.

Иако не се наjдобри балканските земjи-членки на ЕУ, тие ги имат своите success stories, добри економски гранки и одлични перспективи да прогресират, додатно таму никогаш нема да биде таква ненормална партизациjа и исполитизирање до небо, а кои се последиците од тоj македонски феномен сите ги знаеме.
Татар, не биди толку butthurt...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom