Меркел за Брегзит
"Трагично е, но мора да го почитуваме гласот на народот на Обединетото Кралство"
Ама во Велика Британија се почитува гласот на народот... одржаа референдум, имаа косензус, и изгласаа напуштање на ЕУ. Да, имаше многу масовни протести за останување во ЕУ, милијарда политичари си поднесоа (и ќе поднесуваат) оставки додека да излезе земјата од Европската фамилија, ќе изгубат милиони фунти со тоа напуштање, ама така народот одлучил, и тоа е закон кај нив.
Кај нас во Северџан, распишаа Референдум, водеа Гебелсова пропаганда, на самиот ден полнеа кутии ко луди, и пак не успеаа да имаат косензус. И што прават понатаму?
Излага владата пред малите екрани и го прогласува Референдумот за успешен, Димитров прави математики и го убедува народот дека гласањето е успешно, вадат политичари од затвор на сам ден на гласањето во Собранието, им се закануваат да гласаат ЗА, сето тоа поминува и глатко си ги гласаат промените во Уставот.
И утреден еве кога ќе влеземе во тоа фамозно ЕУ и НАТО, мислите дека нашиве политичари и ние Северџаните како народ ќе седиме
рамо до рамо со другите држави и народи? Ние како прво не се почитуваме себеси, а не пак другите да не почитуваат. Мислите дека подобро ќе се живее со вакви политичари?
Приказни за мали деца... јас ќе повторам, за да одеше државава напред прво требаше:
- да смениме знаме
- да смениме име
- да примиме бегалци од Косово
- да потпишеме рамковен
- да менуваме Устав
- да пропадне референдумот во 2004
- пак да менуваме име
- пак да менуваме Устав
А државата со секој поминат ден е се поголемо дно

. Жално