Ај кажи ми во која организација членуваат МКД, СРБ и БИХ? Ги контролира некој над глава за тоа што корупција прават? Кој ги спречува да НЕ прават мито и корупција?
Ај сега истото прашање за ГРЦ, БУГ и РОМ, тие се членки на ЕУ... нели таму немаше корупција? Како тоа пола Романија и Бугарија се исели, ради чесното работење на нивните институции? Како Грција банкротираше ако ги посматраа одозгора?
За Референдумот? Па може да се каже недовербата во институциите што се покажа и на самиот ден на гласањето со полнењето на кутиите. И тоа е плод на 27годишното ебавање на институциите. Реално ако збориме, на референдумот имаше излезност од 450 до 500 илјади гласови, и тоа преку сила, со натегање. Со полнењето си се направи бројка од 666 илјади.
Какви оправдувања, какви бакрачи... еве ти
извештај од ДИК, референдумот е НЕУСПЕШЕН. Крај, финито... после ова тој договорот од Преспа требаше да служи само како тоалетна хартија, ништо повеќе. Ако одиме по твојава логика, ондак требаше и Референдумот во 2004 да биде важечки, дека иако немаше цензус, сепак повеќето гласови беа против новата територијална поделба, така? А за тоа дека во Англија било полесно да се полнат кутии... мало сутра дечко.
П.С. Ги гледам ова Французиве и им се чудам на паметот, ептен будали луѓе биле, земале протестираат пола држава ја блокираа.... место да земат да сменат име на држава и Устав, сите проблеми ќе им се решат, тие одлучиле на улица правда да бараат