Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Нема шанси за 5 години да влеземе во ЕУ дури и се да исполниме до последна точка и запирка, мислам дека до 2025 год. само Црна Гора и Србија можат да влезат во унијата, а ние заедно со Албанија, Босна и Косово ќе си почекаме троа уште малкичку.....
Од друга страна ајде малку пообјективно да ги погледнеме работите ... масовното иселување на народот е сериозен проблем за било која држава од најголема до најмала, процесот на иселување на населението особено на она младото и работоспособно население од источна и југо-источна Европа према запад е процес кој нема никаква врска со тоа дали некоја земја е членка на НАТО и ЕУ или не е ... Македонија и Србија на пр. не се членки ни таму ни таму и масовно народот се иселува последниве 2-3 декади, но на пр. други држави од регионот како Бугарија и Романија пак и покрај тоа што се членки на НАТО и ЕУ пак народот масовно им се иселува кон запад !
Па од тука заклучокот дека Македонецот се иселува и ден денеска со БГ пасош, а некогаш во иднина кога би биле членки на овие сојузи тоа би го правел уште полесно дури и со својот северно-македонски пасош наместо да се моли и фрла пари кај браќата Бугари за Бугарски пашапорт !
Нема да не остават од Еу да бидеме црна дупка на Балканот, не за џабе толку труд вложија овие години. Сигурен сум дека пред Србија ќе влеземе. Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу, нема да можат политичарите да крадат и со самото тоа ќе се среди економијата која моментално е на дното заради 11 годишното крадење.
Сега ваља појасно ти е зашто оваа држава не функционира ? Државата е влезена во повторлив циклус на реваншизам кој од 1991 до ден денес се повторува со тоа како се менува власта. Причина за тоа се простите луѓе како тебе кои го подржуваат тој циклус и една од главните причини зашто не сме се поместиле цело ова време. Батка овие истиве кои денес повторно крадат се оние истите кои краделе од осамостојување на РМ. Демек дојдоа да ја оправат државата, не напротив дојдоа да си го зголемат контото на сметка и да го поделат народот уште повеќе за да можат да владеат подолго. Нив не им треба непослушен народ, нив им треба проста маса која повторно ќе ги гласа !!!!
И да, СОНУВАЈ дека со вакви политичари ќе влеземе во ЕУ за 5 години, можеби ако додадеш некоја нула после 5ката.
Реваншизам ќе снема кога економијата ќе биде средена и платите поголеми, со самиот влез во Еу ќе се отворат работни места и ќе нема потреба од реваншизам. Сега тој постои бидејќи секој сака да има работа и плата, нешто што секој и ќе го има после влезот во Еу. Затоа мислам дека не треба толку да плаче било кој, туку да гледа да влеземе во Еу што побрзо.
 
B

Bafra

Гостин
Меркел за Брегзит
"Трагично е, но мора да го почитуваме гласот на народот на Обединетото Кралство"

Ама во Велика Британија се почитува гласот на народот... одржаа референдум, имаа косензус, и изгласаа напуштање на ЕУ. Да, имаше многу масовни протести за останување во ЕУ, милијарда политичари си поднесоа (и ќе поднесуваат) оставки додека да излезе земјата од Европската фамилија, ќе изгубат милиони фунти со тоа напуштање, ама така народот одлучил, и тоа е закон кај нив.

Кај нас во Северџан, распишаа Референдум, водеа Гебелсова пропаганда, на самиот ден полнеа кутии ко луди, и пак не успеаа да имаат косензус. И што прават понатаму?
Излага владата пред малите екрани и го прогласува Референдумот за успешен, Димитров прави математики и го убедува народот дека гласањето е успешно, вадат политичари од затвор на сам ден на гласањето во Собранието, им се закануваат да гласаат ЗА, сето тоа поминува и глатко си ги гласаат промените во Уставот.

И утреден еве кога ќе влеземе во тоа фамозно ЕУ и НАТО, мислите дека нашиве политичари и ние Северџаните како народ ќе седиме рамо до рамо со другите држави и народи? Ние како прво не се почитуваме себеси, а не пак другите да не почитуваат. Мислите дека подобро ќе се живее со вакви политичари?
Приказни за мали деца... јас ќе повторам, за да одеше државава напред прво требаше:
- да смениме знаме
- да смениме име
- да примиме бегалци од Косово
- да потпишеме рамковен
- да менуваме Устав
- да пропадне референдумот во 2004
- пак да менуваме име
- пак да менуваме Устав

А државата со секој поминат ден е се поголемо дно :toe:. Жално
А колкава беше бројката во УК на тие што бојкотираа :D.
Тие што беа за Излез, гласаа, тие што беа против, гласаа.
Само вие (патриот бојкотирачите) си најдовте некакво си оправдување во опцијата бојкот :confused: и испадна дека мнозинството го боли таквото за името.
Ти колку што памтам беше за бојкот, а тука најмногу се секираш за името. Штом си бојкотирал, што туку плачеш за името :toe:

Типично за овој простор, секогаш некој друг да ни ја заврши обврската. Е тој другиот не е глуп, па нормално ќе ја заврши ама во негова полза.[DOUBLEPOST=1543861033][/DOUBLEPOST]
Нема да не остават од Еу да бидеме црна дупка на Балканот, не за џабе толку труд вложија овие години. Сигурен сум дека пред Србија ќе влеземе. Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу, нема да можат политичарите да крадат и со самото тоа ќе се среди економијата која моментално е на дното заради 11 годишното крадење.
Немало да можат политичарите да крадат :lolzz::lolzz:
 
Нема да можат, парите ќе бидат контролирани од Еу, тој што ќе проба да краде ќе биде казнет.
 
B

Bafra

Гостин
енглезите немаат ајвар :toe:
ајвер
Имаат, ама други им го прават за нив и без пари. Не се глупи па тие да рмбаат ;)[DOUBLEPOST=1543861267][/DOUBLEPOST]
Нема да можат, парите ќе бидат контролирани од Еу, тој што ќе проба да краде ќе биде казнет.
:pos::pos::tapp::tapp:

Колку години имаш мореее, не ти е срам на тие години да веруваш во вакви глупости.
Бугарија и Грција нели се во ЕУ, па види колку мито и корупција има.
Тоа е таа интелектуална класа на сдс (y)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.930
Колку години имаш мореее, не ти е срам на тие години да веруваш во вакви глупости.
Бугарија и Грција нели се во ЕУ, па види колку мито и корупција има.
Тоа е таа интелектуална класа на сдс (y)
A ти колку годинки имаш, што цениш дека митото и корупцијата во Грција и Бугарија се на ниво на истата во Босна, Србија, Македонија....
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Нема да не остават од Еу да бидеме црна дупка на Балканот, не за џабе толку труд вложија овие години. Сигурен сум дека пред Србија ќе влеземе. Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу, нема да можат политичарите да крадат и со самото тоа ќе се среди економијата која моментално е на дното заради 11 годишното крадење.

Реваншизам ќе снема кога економијата ќе биде средена и платите поголеми, со самиот влез во Еу ќе се отворат работни места и ќе нема потреба од реваншизам. Сега тој постои бидејќи секој сака да има работа и плата, нешто што секој и ќе го има после влезот во Еу. Затоа мислам дека не треба толку да плаче било кој, туку да гледа да влеземе во Еу што побрзо.
Незнам дали да плачам или да се смеам.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Незнам дали да плачам или да се смеам.
Ja isto brat otkoga takizvanive sareni amebi dadoa tolku glasovi na ovie gjubrinjava so dojdoa kako sto dojdoa na vlast i ja raspartalija drzavava.
Covek so barem 2 grama mozok nikad nema da glasa za komunjar, zaklucok nemaat ni 2 grama tamu gore.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Нема да можат, парите ќе бидат контролирани од Еу, тој што ќе проба да краде ќе биде казнет.
Франција,Белгија и Холандија деновиве потсеќаат на Украина 2014 за време на еуромајданот. На Макрон во моментов му гори под нозе,цел Парис е во пламен.Ни на крај памет не му е да се замара со нас.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.726
Поени од реакции
31.828
Нема да не остават од Еу да бидеме црна дупка на Балканот, не за џабе толку труд вложија овие години. Сигурен сум дека пред Србија ќе влеземе. Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу, нема да можат политичарите да крадат и со самото тоа ќе се среди економијата која моментално е на дното заради 11 годишното крадење.

Реваншизам ќе снема кога економијата ќе биде средена и платите поголеми, со самиот влез во Еу ќе се отворат работни места и ќе нема потреба од реваншизам. Сега тој постои бидејќи секој сака да има работа и плата, нешто што секој и ќе го има после влезот во Еу. Затоа мислам дека не треба толку да плаче било кој, туку да гледа да влеземе во Еу што побрзо.
,,,,ti navistina veruvash na sam sebe na gore napishanoto,,,
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Нема да не остават од Еу да бидеме црна дупка на Балканот, не за џабе толку труд вложија овие години. Сигурен сум дека пред Србија ќе влеземе. Иселувањето ќе се намали многу кога ќе влеземе во Еу, нема да можат политичарите да крадат и со самото тоа ќе се среди економијата која моментално е на дното заради 11 годишното крадење.

Реваншизам ќе снема кога економијата ќе биде средена и платите поголеми, со самиот влез во Еу ќе се отворат работни места и ќе нема потреба од реваншизам. Сега тој постои бидејќи секој сака да има работа и плата, нешто што секој и ќе го има после влезот во Еу. Затоа мислам дека не треба толку да плаче било кој, туку да гледа да влеземе во Еу што побрзо.
а ти под работа и плата подразбираш администрација така ?
 
B

Bafra

Гостин
A ти колку годинки имаш, што цениш дека митото и корупцијата во Грција и Бугарија се на ниво на истата во Босна, Србија, Македонија....
А ти до кога ќе изиграваш дворски шут ....
Колкави се буџетите а и долговите на Бугарија и Грција и каде се парите од тие потрошени пари ...

Еве пред некоја година имаше Бугарски министер за земјоделие на ќерка си и префрлил 700.000 евра субвенции.
Во Грција мал милион случаеви на мито и корупција излегоа на виделина. Банкарот во Грција кој перел пари (милионски суми) и за Сименс кој нели е Германска фирма во рок од 1ч после враќање од рочиште се ослободил од алката која ја имал поради домашен притвор, го снема од Грчка.
Шпански министер го имаше во Панама пејперс итн итн.

ЕУ и ќе немало мито и корупција :aplauz:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom