Не за инает туку има целосезонски гуми со солидни перфорамнси на снег, значи не како добрите зимски, но подобри од лошите зимски гуми. Се разбира солидни се и на суво. За МК услови, каде што луѓето возат максимум 10 илјади км годишно, возат полека (оти и нема услови а и забрането е да се вози брзо), во зима ретко кога има навистина зимски услови - и кога има трае кратко - поарно да купат добри олсизон (Нексен на пример) и да ги менуваат после 5-6 години отколку да имаат 2 пара гуми па да ги возат дупло подолго.
Секако, во екстремни услови - дали на снег или на дожд или на суво и топло - специјализирана гума поверојатно ќе те спаси, но безбедноста во возењето доаѓа пред се од тоа да гледаш да не се најдеш во такви услови, ако си дошол до тоа гумите да те спасуваат - предалеку си отишол.