Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.826
Поени од реакции
17.055
Со секнување(ок ајде намалување) на криминалот, пикање помалце пари в џеб, намалени државни издатоци, помалце на ти дај ми тендери итн. Јас се кладам дека горенаведениве работи да се применат за 3-4 месеци ќе има резултати и без ЕУ и НАТО.
да, помалце се пика тајно пари во џеб, ама сега имаме иновативно јавно лапање државни пари со отворени очи....
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Јас би рекол. Да ти беше добро немаше да скокаш толку за името, јазикот и македонските дечиња кои се тепани :place:.

Ик бе.
Ама можно е и ти да си тепан во блиска иднина.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.691
Поени од реакции
88.677
Еве да смениме име, и со овој човек ќе ни се подобри животниот стандард... само името е проблемот и тоа не кочи, ништо друго.


Пу, ти ебам коњот глуп :facepalm:
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Грција банкротираше, а е членка во ЕУ и НАТО, Италија и Шпанија за влакно се спасија од тоа сценарио. Бугарија и Романија се слепо црево на ЕУ, пола жители им се иселија на Запад, дека нели кај нив престана крадењето и им се зголемија платите.
Таквите лаги дека ако го промениме името се ќе биде боље, дома да си ги кажуваш, не тука...

Со вакви луѓе на чело на државата, и во Скандинавија да се наоѓаме, пак ќе си останеме најголема беда од држава. Факт!!!
Остави го, не се замарај, класична дијагноза на испрано мозоче
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Во чест на роденденот на авнојска Југославија, во прилог давам таблица долу. Македонија и Словенија беа во една држава и еден заеднички економски систем. Економски , културно , политички Словенија ( и другите републики) беа понапред од нас. Но прашањето е дали тие разлики се намалија? Како што се гледа долу, Македонија беше стабилно околу 2/3 од општиот југо просек. Во 1955, Словенија има 2.5 пати поголем приход од Македонија, кон крај но осумдесетите е околу 3 пати поголем. Значи сигурно не е конвергирање, ако не дивергирање, тогаш барем може да се каже разликите се стабилни. Денеска, после речиси 30 години, тие во ЕУ и Нато, ние никаде, со константни внатрешни и надворешни саботажи, разликите се нешто помали од 3:1.
Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај 2018. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра
GDP (PPP) per capita 2017
Macedonia 15,202.877$
Slovenia 34,063.834$
Односот е 2.25 ако ги гледаме тие цифри.

Испаѓа дека Македонија кога беше во една заедничка држава разликите само се зголемуваа. Кога бевме самостојна држава, разликите всушност се намалуваа и покрај тоа што некои од нив се во ЕУ/Нато со години.

Чисто ова го велам за сите што мислат дека ЕУ е сребрен куршум за нашите проблеми. По секоја цена. Едноставно без значајна внатрешна промена во начинот на размислување, без оригиналност, само со мантрите ЕУ/НАТО ќе имаме некаков просечен раст каде економијата ќе расте отприлика колку што ќе расте Германската економија или генерално ЕУ економија, т.е. релативните односи ќе бидат нечепнати.

 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Ќе скапе у зандана...


Мијалков секој ден добива топол оброк подготвен во кујната на Мериот

Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

[DOUBLEPOST=1543567926][/DOUBLEPOST]
Во чест на роденденот на авнојска Југославија, во прилог давам таблица долу. Македонија и Словенија беа во една држава и еден заеднички економски систем. Економски , културно , политички Словенија ( и другите републики) беа понапред од нас. Но прашањето е дали тие разлики се намалија? Како што се гледа долу, Македонија беше стабилно околу 2/3 од општиот југо просек. Во 1955, Словенија има 2.5 пати поголем приход од Македонија, кон крај но осумдесетите е околу 3 пати поголем. Значи сигурно не е конвергирање, ако не дивергирање, тогаш барем може да се каже разликите се стабилни. Денеска, после речиси 30 години, тие во ЕУ и Нато, ние никаде, со константни внатрешни и надворешни саботажи, разликите се нешто помали од 3:1.
Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај 2018. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра
GDP (PPP) per capita 2017
Macedonia 15,202.877$
Slovenia 34,063.834$
Односот е 2.25 ако ги гледаме тие цифри.

Испаѓа дека Македонија кога беше во една заедничка држава разликите само се зголемуваа. Кога бевме самостојна држава, разликите всушност се намалуваа и покрај тоа што некои од нив се во ЕУ/Нато со години.

Чисто ова го велам за сите што мислат дека ЕУ е сребрен куршум за нашите проблеми. По секоја цена. Едноставно без значајна внатрешна промена во начинот на размислување, без оригиналност, само со мантрите ЕУ/НАТО ќе имаме некаков просечен раст каде економијата ќе расте отприлика колку што ќе расте Германската економија или генерално ЕУ економија, т.е. релативните односи ќе бидат нечепнати.

Претпоставувам дека имплицираш дека не треба во ЕУ да влеземе. Јас како непознавач на економија, мислам дека прескокнуваш многу битни работи во целава анализа.
Еве, јас не тврдам дека МОРА да влеземе, ама што не ми влегуе у твојава логика:
Прво - економски раст, како показател е дека нешто позитивно се случува во економијата. По проста логика да, има повеќе пари. Треба прво да расчистиме - имањето повеќе пари, не значи дека подобро ќе се живее, затоа што доволно е тие повеќе пари да одат во џебови на газди и аутоматски, стандардот не расте, дури и може да се влошува. Значи, набави го тој податок каков е во Словенија, па каков е во Северна.
Второ, историскиот контекст, географскиот контекст - НЕ Е ИСТ, па макар и што сме живееле заедно 45-50 години. Османлиската империја на наша територија какви економски параметри оставила, а какви оставила Австро-Унгарија во Словенија. Што останало во смисол на технолошки развој, инфраструктура, градежништво. Во последните 100 години и нешто повеќе, ние сме имале и две војни плус од Словенија - двете Балкански. Значи, тоа што Словенија го има создадено како вредност претходно е многу, многу поголемо од ова овде. Војната на Словенија со ЈНА траеше саати, не денови. Нашиот конфликт со УЧК се чини дека не е завршен од 92-ра наваму, еден малиген тумор константно буцкан од Вашингтон.
Трета работа е нашето економско лутање, со индустријализација, уништување на селските средини, немање концепт во кој правец да се цели развојот, резигнираноста и неспособноста во барањето на нови пазари за нашите производи, па и околниот контекст - војните во Југославија, кои значеа загуба и за нас и за Словенија.
Четврто, многу битно е тоа што кај нас цифрите често и се лажирани, не често, туку секогаш. Во периодот на владеењето на паторот имаше економски раст базиран на инвестиции во градежништвото од страна на државата - еднократен, непродуктивен раст, кој води во ќорсокак и е неодржлив. Дури, има една работа од која можевме да имаме фајде, а тоа беше - да создадеше паторот некој градежен гигант, па истиот да гради и во странство, патишта, згради - ама к***ц, тој му напука пари на Кочан лоповон и ене го сеа, со распадната фирма, а тој у затвор (или којзнае, у Мериот е ваљда и тој).....значи куп говна од тој раст.
Стабилен раст е тој што се базира на извоз и тоа на производи од висока технологија, со голема додадена вредност, како што се германските автомобили на пример или висококомплицирани машини. На економија од 10 трилиони - 1% e поголем од тој на економија од 100 милиони, па макар и бил 20%.
Пострашните работи според мене се тоа што нема кадар за ништо. Сите се диџеи, инфлуенсери, завршуваат менаџмент, маркетинг....сериозна економија бара работа, бара производство. Ние немаме најдено правец у кој ќе се усмериме. Овие од сдс, нити се замараат, нити знаат кај тераат. Лесно е да кажеш раст од 5%, ама тој со корнишони и ајвар не се постигнуе.
Овие споредби треба многу внимателно да се праат. Гледај ја репортажата на Горан Милич за Ал Џазира за Словенија и види колку од младите се на пат да ја напуштат, па спореди со истата кај нас. Словенија се расправаше со централната влада на СФРЈ за нерамномерната распределба на парите од даноците, согласно учеството на поединечните републики во федерацијата. Пак ќе кажам, еве и овој показател оди во тој правец - Словенија изгуби од ослабувањето на пазарите на бившата СФРЈ, ама пак работи на тоа да ги врати. Нешто од нешто, Словенците разбираат...
Ок е да се имаат контра-ставови, ама уште по-ок е и да се нудат решенија. Еве, не мора во ЕУ да се влезе, ама што да се работи овде?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.826
Поени од реакции
17.055
https://press24.mk/zapalen-avtomobilot-na-soprugata-na-zechevikj-od-sdsm?fbclid=IwAR2-I2iIHNaI-WyiuZdzDqKAnCCY40i0VNA-W8X-2WRycqXmUMrqzw2Kjmo

ова е многу важно... а што ќе изгореа 6 луѓе при горењето ( подметнато?) на кафаната МЕЧКА бргу се заборави....[DOUBLEPOST=1543572508][/DOUBLEPOST]Толпата на „крвавиот четврток“ го барала и Вељаноски

на крај на кривосудната комедија, кој ќе биде организатор ?? паторот, а може и бејли ( откако ќе си отиде на друга должност)... важно раскрвавениот со чалмата го имаше по сите светски медиуми, а сеља нормално уште му е лут, зошто само тој не го знаел сценариото на филмот...
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Ај бе пиши кој го подметнал пожарот во полураспаднатото куќаре "Мечка" во сред грејна сезона, аман веќе!
Не живееме сите у нечиј друг шизофрен свет.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.826
Поени од реакции
17.055
Ај бе пиши кој го подметнал пожарот во полураспаднатото куќаре "Мечка" во сред грејна сезона, аман веќе!
Не живееме сите у нечиј друг шизофрен свет.
јас не го измислив, во ПРВАТА вест имаше предпоставка дека е подметнат пожарот а од тогаш МВР не излезе со никаков коментар... загрозени беа 6 луѓе... а не така дамно, во Гостивар изгореа 4 лица, имаа и ден на жалост, а МВР не покрена истрага за одговорноста за причината ( неисправна ел. инсталација)
****************************************

Титаник: Јанкулоска и Груевски договараат притисоци и вработувања

ова не е ништо, сега адвокат Вуиќ ќе ги подбере и со тужба за авторски права, незаконско копирање на методите на СДСМ
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
@Ѓорѓи Н. не ти пречи што е блокиран градот?
Додека не видам (авто) камп пред влада, не ми пречи. Малку е ова.
Ти знаеш што сум пишувал за блокирањата и на градови (Скопје) и на автопатишта.
Ама, сега не може да се спречува тоа, луѓе „живееа“ со месеци на булевар, оди сега на други забрани им го тоа.[DOUBLEPOST=1543575985][/DOUBLEPOST]
Фактички Денко Малески (или кој и да е т.н консензуален кандидат за претседател) е во суштина новиот шеф на државата.
Очигледно е дека во пазарот кој од поодамна е направен влезени се и претседателските избори, парламентарни веројатно нема да има а и тоа зошто е така испазарено, ДПСМНЕ ќе настапи со некој неартикулисан кандидат и со млака кампања, како и досега ќе ја игра улогата на умерена опозиција т.е дозиран отпор.
Во меѓувреме никој од големите играчи нема да одговара и ќе има по некое жртвено јагне, Хидрожмицко ќе ужива во хидроптенцијалите на библиската земја како што и сите останати „вмровци“ слични на него ќе си уживаат во благодетите кои ги стекнаа додека беа на власт нормално на слобода без никакви последици.
Затоа шо тоа шо СДС и командант Заеви го говореа предизборно за некакви епски криминали било обична заебанција.
Реформите и борбата со корупција, департизација итн се порачани од али експрес, се чека да стигнат.

Само уште едно боливудско сценарио во низата, но над се најмногу ми е криво шо се шо беше само и само во главата на Грујо стана реалност, и тоа без исклучок.

Денко Малески и не е лош кандидат, но самиот факт шо учкарите на чело со Али Ал Зајаси го предлагаат и/или му даваат поддршка автоматски ми го анулира како избор.
Да се пакуваме и да фаќаме „џенем“. Не бива, колку и да се надеваш на подобро утре. Плус и името ќе ни се смени со сите додатоци, секако обезличени, па нема да има мотив за останување во „татковината“.[DOUBLEPOST=1543576068][/DOUBLEPOST]
Ај бе пиши кој го подметнал пожарот во полураспаднатото куќаре "Мечка" во сред грејна сезона, аман веќе!
Не живееме сите у нечиј друг шизофрен свет.
Како бе полураспаднато куќаре? Нормална куќа си беше.[DOUBLEPOST=1543577336][/DOUBLEPOST]
Сите викате името, јазикот, идентитетот. Дај нека каже некој како ќе се зголемат платите ако им речеме кој ве ебе на Грците?
Бидејќи гледам дека не ти е важно достоинството, а сакаш да ти се зголеми платата, еве јас ќе ти предложам нешто, не сакам да го разбереш како навреда:
Сега се проституираме како држава, за да добиеме поголеми плати (покрај други работи). Лично, можеш да се занимаваш со проституција и ќе имаш добри приходи. Сериозно. „Ебеш“ достоинство со мали плати. Нема името, пардон, достоинството да ти ги плати сметките, да имаш пари... итн...[DOUBLEPOST=1543577409][/DOUBLEPOST]
Eте, Бејли да ти бил организатор на 27-ми април.
Не очекуваш белки дека ќе си оди „невин“ од (Северна) Македонија.[DOUBLEPOST=1543578061][/DOUBLEPOST]
Плати се зголемуваат со странски инвестиции,а не со купување вазелин!И има уште еден значаен момент-Љубе Жабица е советник за странски инвестиции!:cautious::facepalm:
Јас изгубив надеж за странски инвестиции кога Рамиз Мерко и Самка Ибраимовски („министри за странски инвестиции“) ги напуштија тие функции и станаа градоначалник и пратеник. Малку надежта ми се врати кога дојде Љубе Бошкоски за советник за странски инвестиции, ама тој е само советник, овие двајца беа министри, врвни експерти.[DOUBLEPOST=1543578412][/DOUBLEPOST]
Со влез во Еу и Нато ќе се намали криминалот бидејќи нема да смее никој да краде како што 11 години се крадеше, со самото тоа ќе се зголемат и платите. А за влез во Е у и Нато мора да се смени името, тоа е единствен проблем.
Не верувај на „малоумни“ партиски пароли. Навистина детски е ваков коментар. Во НАТО и ЕУ нема да се намали криминалот сам по себе. Ќе се намали со поголема свест кај луѓето и најмногу со санкционирање, со правна држава. Реков ПРАВНА, а тоа значи да не се гонат одредени, а не други. Видовме колку сме „правна“ и по промената на власта. Едно е да имаш закони, друго е да ги применуваш.
Но, и за тоа треба свест и совест. На пример, зарем треба со казна некој да се натера да не фрла ѓубре на улица, туку в канта? Не треба. Треба совеста и свеста на човека да му каже дека не треба така. Па казните да бидат за малкуте нес(о)весни, а не како кај нас...[DOUBLEPOST=1543579512][/DOUBLEPOST]
Ова тие сарказам, така?
За Гугл и Фејсбук не е сарказам. Тие со години се присутни кај нас. Речиси да нема (релативно помлад) човек без профили кај нив.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.944
Не очекуваш белки дека ќе си оди „невин“ од (Северна) Македонија.
Глеаш ли бе, мајката... А на никој да не му текне дека он у ствари да ти бил најголемиот македонски патриот.
Да не се лажеме, сепак, сите потајно знаевме дека Бејли ги организираше настаните од 27-ми, али само Ireal и ти имавте храброст тоа јавно да го кажете.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom