Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.489
кога по осамостојувањето се гласаше за воведување македонска валута, Денко беше еден од 4-цата министри кој гласаше ПРОТИВ воведување сопствена валута
сеуште има живи пратеници од првиот состав кои тврдат дека Денко јавно ја рекол реченицата-,,македонија самостојна преку мене мртов,,

знам дека тогаш имаше караница која химна прво да се пее-македонската или југословенската. За Денко се зборуваше дека несакал да стани на интонирањето на македонската химна

Бране..врати се...простено ти е:eek:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.944
Денко Малески беше дел од србо-носталгичарскиот комплекс на идиоти (и Киро Глигоров тука), кои заедно со СДСМ (кој се викаше поинаку тогаш), го кочеа осамостојувањето на Македонија. Колку што знам, имаше кажано - Македонија независна - само преку мене мртов (или нешто слично). За воља на вистината тој ниет го имаше поголемиот дел од македонското население, што се покажа на референдумот за независност.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Има ли некаде веродостоен доказ дека Малевски го рекол тоа или се тоа само некои дпмнеовски митови од 90-тите?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.944
Има ли некаде веродостоен доказ дека Малевски го рекол тоа или се тоа само некои дпмнеовски митови од 90-тите?
Добро прашање.

Но и без таа изјава, остатокот е вистинит.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Добро прашање.

Но и без таа изјава, остатокот е вистинит.
Не се сомневам дека бил дел од таа гарнитура што сакала Македонија да опстане во рамките на Југославија, кај најрадикалните макар и во таа скратената форма (Србославија). Ама како што кажа, голем дел и од Македонците беа за такво решение, не за џабе такво референдумско прашање сме имале.
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
Полиберте е сега. Бугарија е прва.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.826
Поени од реакции
17.052
Не се сомневам дека бил дел од таа гарнитура што сакала Македонија да опстане во рамките на Југославија, кај најрадикалните макар и во таа скратената форма (Србославија). Ама како што кажа, голем дел и од Македонците беа за такво решение, не за џабе такво референдумско прашање сме имале.
Впрочем, и денес да дојде работата да мора да бираме некаква нова унија со Србија (и Ц.Гора) или Бугарија, народот во мнозинство ќе ја одбере првата опција.
има друга работа, Денко јавно се изјасни во слепа послушност на НАТО, тој би ги пратил нашите војници да бидат топовско месо ... а состојбата е деликатна и НЕ треба брзање за НАТО .. не само во Украина, ако спука таму може и в комшии да спука... да не ги јадеме пак грчките гом*на, како со блокадата на Србија, кога ние ја кршевме за Грција да има чист образ...а не верувам дека Грција во случај на конфронтација на Нато со Србија ќе учествува активно... па ни против Русија иако ѓоа ги заоштрија односите...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.489
Добро прашање.

Но и без таа изјава, остатокот е вистинит.
Samo zivi pratenici od prviot sostav toa možat da go kažat. LjuBčo i da znae....ke odmeri dali da kaži....Andov ke laži vo sekoj slucaj...Tito isto.
Od mojot grad ostanat e samo Goce ortopedot što beše pratenik, no so ogled na toa deka ne e tolku zborliv( poznat e po anegdotata deka toj edinsven ne progovoril ni eden zbor vp parlamentot vo edna od tie godini)
Ke go prašam...no se somnevam vo odgovorot
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.691
Поени од реакции
88.677
Всушност ова со денот на албанскиве знамиња и нивната азбука покажува колку албанциве си го почитуваат нивното, не се како нас да ако извадиш знаме или се побуниш за смена на име одма да ти се залепи некој мрсул и да ти вика "vidi go patriotov, nema leb da jade ama imeto i znameto ke gi cuval hehehe..." и нормално истиот тој мрсул ќе нема да зуцне за тоа што прават албанците на вакви денови.

Штознам, можеби албанциве имаат леб за јадење па им се може да мавтаат со знамиња, да прават орелче со рацете и да бараат трета држава :toe:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.489
Denes sve živo od albancite(Dui) bea vo Zajas kaj spomenikot na " majkata"....toa e ona desno od magistralata so tie stolbčinjata od prohrom
Site nivni funkcioneri bea na proslavata.....kako i mnogu albanci sto vaka vo muabet " jadat burek " protiv A.A....i site si odavaa počit
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.826
Поени од реакции
17.052
Сопругата на Миле Јанакиески гневна распали по Груевски

Sanja Janakieski
Вчера во 22:20 ·
Политички линч, наместо правда!
Апелациониот суд е должен да одговори:
1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?
2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?
3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?
4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?
5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!

Најдобро да ја пратат Катица златицада го донесе милом или силом Бутин и тој да одговара....

 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Татко му е Владо Малевски, познат писател. Мајка му на Денко Малевски е албанка...за тие што не го приметиле неговото изразито про-Ш во неговите колумни, дискусии.
Беше министер за надворешни.
Мајката на Денко е по татко Егеец, по мајка Гркина. Но Денко всушност е одгледан од втората жена на Владо, која е пола Србинка пола Хрватица.
https://okno.mk/node/21708
https://okno.mk/node/21738
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.685
И да - во Шарената револуција имаше и млади луѓе со идеали, кои се надеваа на подобро утре и на пристојна држава...Истите тие не бараа за возврат вработувања или привилегии , бараа ПРАВДА, бараа казнување на криминалците, бараа пристојно здравство и образование, независно судство, демократија, чист воздух...Истите тие можат сега само среден прст да добијат...
Шарените со идеали извисија...Профитираа мамини и татини синчиња како Туфекџиќ и Павле - им ги седнавме газовите во фотељи...
Времето најдобро ги покажува сите вистини и ги разрешува сите дилеми.
Се спиеше по шатори и се мереа улици секоја вечер, се блокираа раскрсници на сред лето на +40, за да се вработат швалерките на челниците од Бихачка...
Една од вистините што се потврди на дело е дека политиката е далеку од она што ние обичните смртници го гледаме и читаме по медиуми и го дискутираме меѓу себе на слави и седенки...
И најзакоравените СДСМ-овци сеуште цврсто веруваат дека без знаење на никој од влада и од МВР, Грујо побегна во Будимпешта...
Профитираа Павле и Ивана, а вие верувавте на ПРОЕКТОТ МРЕЖА :)

Гледам на Алфа сеа го спомнуваат. Памтиш коа ми бараше на фб потенцијални гласачи на мрднатиов од муртино пред 2 години:D пошо сум бил критички настроен.
За проектот мрежа:cautious:

Не дека имам некоја поента и ја гласав против гвујо на осет дека овие нема да се полоши али бар не губев време да наоѓам 10 гласачи за тендерите на кочо и грантовите на ќеркитр на ласкова
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.330
Поени од реакции
1.181
Денес брат ми ми кажува дека се продало за 300 евра квадрат земјиштето спроти Холидеј Ин Ние имаме куќа до ТЦ Буњаковец и дојде еден инвеститор и ни нудеше 1000 евра за квадрат дворно место,иако куќата сегледа според потенцијалот кој го поседува за градба,ама човекот видел што може да се гради и даде таква понуда.
Е сега ако го споредам потенцијалот на нашата куќа со потенцијалот на тоа место и самото место тогаш таму најмалку би требало да биде 1200 евра квадрат пазарна вредност.
Замислете ги димензиите на криминалот ако се работи за 4000 квадрати.Наместо да платат 4 800 000 евра тие платиле 1 200 000 евра.Што мислите колку добиле овие за да ја потпишат оваа непосредна спогодба?
А овие претходните го продадоа земјиштето на Веро за 500 евра.кое рака на срце не е толку атрактивно како ова,ама сепак замислете ги димензиите и на тој криминал.
И сега погледнете се во огледало вие што сесрдно ги подржувате и гласате за нив.А ова е само капка во море од тоа што тие го прават со 3.7 милијарди евра секоја година од нашите одвојувања за буцетот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom