Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
28.Колку години имаш бе ти?
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Јас те мислев 16 год28.
90-та сум роден.
naah,Пред мало дуќанче се бираше од слика сладолед. Па 15 минути и повеќе се мислиш кој да го земеш, другарот ти вика земи го овој убав е. Брцаш со рачето во фрижидерот да си го земеш сладоледот на стапче.
![]()
Можеби не беше ваква сликата од кој биравме сладолет но некој од сладоледите тие беа.
Јас си го бирав Магнум или Корнетто.
Ваква мастика турбо ми беше наградата од кусурот кога ме праќаа на продавница
и пази со кеиф трчав, денес да му ветиш милка од 60 денари нема да ги мрднеш од дома.[DOUBLEPOST=1543431897][/DOUBLEPOST]
На пауза во основно спринт трчавме да јадеме баничка со месо/сирење од 10 денари, кога ја направија 12 денари ден на жалост беше, исто и тостови за 10ден, ако ми дадеа 20че да јадам од поскапите тостови на кои следуваше додаток оригано, поубава салама и млечен кашкавал проѕирно парче тоа беше гозба.Факинг векна со зелка. Кошташе 20 денари, векна со зелка, кечап и мајонез. Не ми текнува дали имаше помфрит. Хамбургер за сиромашни. Се продаваше во една сендвичара близу до школото кај што учев, и тоа редици беа за голем одмор, за што, за векна со зелка. Кејфој сите, ти се чини кузнае што јадеш. Ги гледам денешниве мајки како спремаат ручек за децата за на школо, да имало брокула, да имало протеини, овошје да имало. Сокче да имало. Јас каснев на час за векна со зелка.
На сите? Многу пари се ова бе.Денес kfc им е место за јадење со 350 денари оброк, толку месечно трошев за на школо и ќе кукаат сега било сиромаштија, не туку генерациите родени околу независност минавме низ сиромаштија, овие се само разгалени.
Па сега не знам на колку, али кога и да отидам во сити мол полни се ваквите места со дечурлии, јас кога растев дури и тие „богатите“ не јадеа сендвичи од 6 евра.На сите? Многу пари се ова бе.
