Храна и пијалоци од нашето детство

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Се ова е тазе после ратот море и после земјотресот..ај нешто од мое време кога бев зелен и мал...е тогаш сите деца на улица од дома излезени со кришка леб и шеќер попрскана одозгора со вода за да не падне шеќерот од лебот при игрите и брканиците.
 
Мило ми е дедо Анчо што пиша да прочитаме и од неговото време. Кога ја отворив темава на него и мислев дека ќе пише.

Би сакал да пише за некој производи храна и пијалаци што се купувало во негово детство пред земјотресот.
 
Прво нешто на кое ми текнува се сладоледот во пластична топка и кремот во чаши на кои беа изгравирани весели лица.
Потоа мастиките турбо и оние во форма на цигара.
Тешки класики [emoji4]

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Во една маалска/школска сендвичара, крајот на 90те почеток на 2000те, тост со кечап и мајонез 10 денари. Значи само тост, кечап и мајонез, ни салама ни бутур, шо е то салама. Ај шо беше 10 денари, туку повеќето од нас се запишувавме во тетратката дека должиме пари, немавме да платиме. Оттука научив еден збор - вересија, имаше два постери во сендвичарата, сосема онака комунистички, едниот постер е од човек доста успешен каде што плаќа пари се регуларно, вториот постер истиот човек ама клошар неуспешен пошо се запишувал на вересија.

Засега на 26 години се уште сум на вториов пример, ама сум богат во душа.
 
Изгледа ова со тостот било пракса насекаде низ Македонија. Истиве мемории ги имам јас, додуша малце покасно од твоите. Претходно имаше храна во школото па купувањето на ужина започна тек во 5-то. Исто таква школска сендвичара сместена во барака. Врвца од деца на одморот, сите трчаат да купат тост. Хаварија се ствара тука цела, прашање е дали ќе успееш за време на одморот да купиш или ќе останеш гладен.
Тука за прв пат научив што значи право пријателство. Јас таков мал, мирен, срамежлив, никогаш немаше да успеам да пробам од светите тостови да го немав другарот кој беше 3 глави повисок од мене и со тоа долгите раце преку сите успеваше да порача.
Тие светите тостови беа исто само со кечап и мајонез во нив, и ако доплатиш 5 денари (значи за цели 15 денари) добиваше и помфрит, ладен, пржен во масло од минатата недела. Пошто не јадев кечап и мајонез, за десетче добивав гратис компирчиња од тетката, за кое исто така се избори другарот.
После сите што јадеа од светите тостови си ебаа мамата, фатија салмонела и пола школо заврши во болница, освен јас, нели, како нејадач на мајонез. Одекна тоа во медиумите, тостерницата се затвори, а газдите сигурно јадеа дебели казни.

Денес гледам пак е отворена, под истото име. Еднаш купив тост, со кашкавал, салама и ладен помфрит. 60 денари кошташе тоа отровот. КрФта нивна!
 
Освен производите од Млекара Скопје (сладоледите и течностите пакувани во често дупната кеса), скоро се' има од тоа што јас се сеќавам од детство.
Све беше српско, хрватско, словенечко и уште се произведува. Сокови на Фруктал, Кокта, производи на Краш, Колинска го праеше Томи мајонезот, производи на ПКБ - чоколадното млеко и сладоледите Лени, Капри, после Подравка со Домаќица, Квики, Цедевита, бонбончињата Кики - се' ова го има и денес. Дури и скопска Европа тера и денес.
Се купуваше наше сирење во канта. Ајвар од продавница беше незамислива работа. За маслинки се одеше у Грција, ги пакуваа у едни црвени буренца, специфични. Причата беше што маркетите беа културни, немаше зеленчук у нив и оваа ѓоамити здрава храна која е актуелна последниве години.
Најглуп период беше оној кога фрчеа ембарга на нас, па на Србија, па имаше навала од турска ефтинија, најмногу од Велија и кога се купуеше у маалски дуќанчиња у кои продавачот требаше да те препраша со каква хартија се бришеш исл. дискретни прашања, а гајбите беа извадени пред продавничката.
 
Думам дека многу ретка работа беа свежите печурки (шампињоните, додека буковка не ни знаев дека има) по продавниците, освен ако не фатило мувла нешто. Портокалите и бананите беа ужасно скапи, урмите егзотика. Но денес нема млеко во тетрапак-пирамида.
 
македонските M&M

31100267.jpg

Пригат сокчиња од оние стаклените што им пукаа капачињата. :D

res_dcc11a3ab169f8fee4d2eb0e0d002983_full.jpg
 
34386.jpg
Најомилен чипс од детството имаше жетони со ликови од дизни цртаните сите ги собрав пошто секој ден јадев по едно пакетче. А старата амбалажа поинаква беше не можам да ја најдам, се продаваа со вкус на бифтек и кечап.
Nestle-Quik-Bar.jpg
Специфичен вкус имаше чоколадава и амбалажата од увек ми беше интересна затоа често ја купувавме. Сеа не знам дали има вакви не сум приметила.

20180822_103023.jpg
Агроплод! Најубавата ресана.

Naklejki1x.jpg
Покемон кроасаните на чипикао, ги берев сликичките за у албум, добро овде не бев толку мала, шесто можда или петто :D

Не знам дали се сеќава некој имаше у Охрид пицерија "Златно Јајце" се продаваше пица на парче, превкусна беше! Имам многу пици пробано на различни места ама таа најубава ми беше. :D
 
Јас се сеќавам кога бев мал постоеше млеко и јогурт во кеса спакувано, кратко траеше затоа што и тогаш веќе почнуваа повеќето во тетрапак да ги пакуваат. За почеток тетрапак пакувањата немаа капачиња туку самата картонска амбалажа се сечеше па не може да се држи ти се истура јогуртот/млекото бидејќи не беше цврста толку картонската амбалажа.
 
Думам дека многу ретка работа беа свежите печурки (шампињоните, додека буковка не ни знаев дека има) по продавниците, освен ако не фатило мувла нешто. Портокалите и бананите беа ужасно скапи, урмите егзотика. Но денес нема млеко во тетрапак-пирамида.
Покасно искочија, прво оние маринираните.
Млекото во пирамидален тетрапак мислам дека беше на ПКБ и као да го имам во Србија видено. А за овошјето што збориш, така беше и што е најбитно - се јадеше сезонски, а не као сега свежи шумски јагоди у јануари со цена некоја у несвест да паднеш.
Што си тиче пица. Првата ја јадеше Скопје во Аеродром, во Фуфо. Ете ако има информација дека имало некој пред тоа, нека ме поправи. Многу покасно го зема Пелистер од Метропол или се споија некако па стана Дал-мет-фу.
А кога веќе го зборам Метропол, своевремено, пошо имаа многу локали низ Скопје, имаа некое ребрендирање, па настана нешто што се викаше „Генерација М“, сендвичи што не ми се во лошо сеќавање останати...веројатно не биле којзнае што.
Ете, можам и за „Седмица“ (за која има цела тема на форумов) да кажам дека ја памтам од некои времиња кога беше некој доживљај, мада многу брзо ја надживеав, а и квалитетот и отиде у к***ц многу одамна.
 
Све беше српско, хрватско, словенечко и уште се произведува. Сокови на Фруктал, Кокта, производи на Краш, Колинска го праеше Томи мајонезот
и Коктата беше на Колинска.

, производи на ПКБ - чоколадното млеко и сладоледите Лени, Капри,
Мене Чоко-Моко и Рум Коктел ми беа најдобри.

после Подравка со Домаќица
Домаќица беше на Краш. Краш е доста полош од порано. Европа е подобра од порано.[DOUBLEPOST=1534929856][/DOUBLEPOST]
македонските M&M

31100267.jpg

Пригат сокчиња од оние стаклените што им пукаа капачињата. :D

res_dcc11a3ab169f8fee4d2eb0e0d002983_full.jpg
да, македонските на Свислајон[DOUBLEPOST=1534929926][/DOUBLEPOST]
Агроплод! Најубавата ресана.
ерм, друга Ресана не ни постои, па во ред, ваљда затоа и е најубава
 
Како мислиш не постои?
Едноставно, тоа е производот Ресана (се вика така според градот во кој се наоѓа фабриката), друга нема, па да можеме да споредуваме која е подобра/најдобра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom