Фактички Денко Малески (или кој и да е т.н консензуален кандидат за претседател) е во суштина новиот шеф на државата.
Очигледно е дека во пазарот кој од поодамна е направен влезени се и претседателските избори, парламентарни веројатно нема да има а и тоа зошто е така испазарено, ДПСМНЕ ќе настапи со некој неартикулисан кандидат и со млака кампања, како и досега ќе ја игра улогата на умерена опозиција т.е дозиран отпор.
Во меѓувреме никој од големите играчи нема да одговара и ќе има по некое жртвено јагне, Хидрожмицко ќе ужива во хидроптенцијалите на библиската земја како што и сите останати „вмровци“ слични на него ќе си уживаат во благодетите кои ги стекнаа додека беа на власт нормално на слобода без никакви последици.
Затоа шо тоа шо СДС и командант Заеви го говореа предизборно за некакви епски криминали било обична заебанција.
Реформите и борбата со корупција, департизација итн се порачани од али експрес, се чека да стигнат.
Само уште едно боливудско сценарио во низата, но над се најмногу ми е криво шо се шо беше само и само во главата на Грујо стана реалност, и тоа без исклучок.
Денко Малески и не е лош кандидат, но самиот факт шо учкарите на чело со Али Ал Зајаси го предлагаат и/или му даваат поддршка автоматски ми го анулира како избор.