Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Драга,

Долго време се немаме видено. Откако дојдов тука, ретко имам време, а и желба да те посетам. Животов никогаш не ми бил толку исполнет со активности. Работа, хобија, тренинг, излегување... Сам сум, а од друга страна одамна не сум имал толку контакт со луѓе како сега. Во последниве 6 месеци запознав повеќе луѓе отколку во претходните 6 години. Германциве не се толку лоши колку што сите ми збореа дека се. Отворени се за дружење, особено за викенди. Од понеделник до петок работат турбо, ама штом дојде петок 17:00, како да им се активира некој switch во главата и се претвараат во party animals. Од afterworks до пијани ноќи и останувања до сабајле. Ваков ноќен живот одамна не сум имал.

Кога сме кај пиењето, конечно се откажав од секојдневното пиење сам по дома. Го заменив со здрава исхрана и тренинг минимум 4 пати во неделата. Резултатите се присутни: никогаш претходно не сум изгледал толку добро и не сум се чувствувал толку добро и силно како сега.

Живеењето сам ми годи. Да, плаќам поскапо отколку да живеев со цимери, ама парите не се битни. Тоа што ми е битно е дека нема кој да замара, нема кој да јаде од јадењето што ќе го купам и направам за мене, не треба да делам ништо со никого, нема кој да остава смрдливи чорапи по земја. А ако јас сакам да оставам смрдливи чорапи по земја, нема кој да ми каже да ги соберам. Ќе ги соберам јас кога ќе сакам. Ако нешто научив од претходните неколку години, тоа е дека мразам кога некој ми кажува што да правам и како да го живеам животот.

Толку, го испив утринското кафе и викендот е пред мене. Се читаме во некоја наредна прилика. Поздрав :)
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.435
Поени од реакции
19.646
Драа

Сфакакфи срања ми текнуеф пред да заспију.Сеќаш се на онуј глупу фору сс “сфи...само...”.Ичера пред да си легну вртесфа ми се некои биљарда такфи...или снукер:icon_mrgr: Некои су психоделични, друи бесмислени,некои за алкохол
Пример
Сфи пиеф бифитер само Џими хендрикс
Сфи пиеф џони само Џена џејмисон
Сфи пиеф водку само Норма џин(Мерилин Монро)

Излитена фора нели,ама мене ми е креаривна пред спање

Сфи поеф дур само сити мол:ROFLMAO:
Сфи пиеф битолски само њу баланс
Сфи играф доту само Енес кантер(NBA играч)
Сфи слушаф саф само лаки страјк хаха
Сфи ебеф само Бутрос гали
Кој се сеќа на Бутрос Гали???
:D
Мислу дека прф преговараше у врску сс име у девеести.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Ај ке бидам скормен да не мислат лошо луѓето за мене, ај да намалам со моите очекувања и барања можеби стварно претерувам, да не изгледам како одбивна личност пред другите, ај да не бидам себичен, да се обидам да ги разберам другите (да мислам и за другите не само за мене)... за на крај со овој начин на размисливање веќе повеќе од 10 години да завршам во ова наше општество како нај потценет уствари да ме сметат како наивен или погрубо како глуп
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.392
Додека живеев со домаќинот, одма до мене беше еден супер кјут комшија, хокејаш кој билда во слободно време и често знаеше да ми заѕвони на врата и да ме извести нешто, баш кога мојот не беше дома. Неколку пати дури и ме канеше на кафе кај него, да сум му го видела гуштерот(не се заебавам, стварно чуваше гуштер човекот).

Сега кога живеам сама, претходно комшии ми беа една фамилија, сега една самохрана мајка со бебе.

Судбино, курво!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Д...не да се фалам не сум бил фраер ама мангуп ДА и тоа скопски.
Кој е од онаа вунтраста генерација,ќе ме разбере, шо ги има живеено златните времиња на правиот скопски мангуплук? Мотање риби, мотање гидан на Фичо или Шкода 1000 МБ, руки намачкани со уље, дремење у гаража со комбинезон и пиење пиво додека на транзистор иде некој хит од Биз Без или Битлси? Кој ги памти искачањата у Опатија и Ќермез кога населбите од Скопје држеа ред кој каде ќе излага? Пред Кенан,Громби или Кооператива.Кој памти на викенд се одеше на Кривината или на Градска и Руска Плажа.Платамона и Улцињ си беа само на глобус или атлас.Имаше цури тука, немаше секс. Имаше цицки и многу отечени муда. Накај дома си идевме суви као барут али со пуно срце возбуда дека сме чепнале цице или газе. Ако си пикнал рака и во пиче тогаш наредните три-четири дена не ги миеш рацете,туку секоја вечер се фалиш пред другарите за победата и им пикаш прстите под нос и тие да помирисаат од шлагот.Немаше пердашење као денес иако мангуплукот беше оригинален а многу евтин.

Не беше замачкан со кеш, скупи аута, статус или позиција као денес. Проста мангупарија. Или те бива или не те бива бе брааат. Од Синѓелич и Чаир се тегнеше пешачката до Центар али најголемиот подвиг беше да влезеш у Пелистер, Метропол, Мусандра…Не ти палеше таму фраерлукот на батерии ако си у суратот ко шпорет и ако имаш пантолони кренати над пупак и над глуждеви. У тоа време белиот чарап беше бел чарап. Него го носеа батките од Сарај кои пецаа риби на састав кај Вардар. Белиот чарап и опинокот си беа засебна категорија која беше светлосни години далеку од градот.
Сакаш уште нешто да ти напишам.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
dragana, pomalata braceda mi se mazi. I am a happy peraon and very drunk right now.

mn sranja po narodot, vo drzaviceto, zaboravivr da se sakame. da ziveeme...

have a happy everything!

p.s. bye for a while, valjda ke ti pisat okej decki vo idnina, I am on a break

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Рита Ора и Маја Берович ја издоминираа, маста и' ја извадија на 2018та значи. Браво децо, свака чаС:bravobe:
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Паркираш колата на паркинг ко нормално створење, буквално во средината меѓу двете линии. Идеш на пола саат да завршиш обврски,се враќаш и затекнуваш на врата вдлабнатина акната од друга врата. :tapp: Многу, многу глуп народ има д.кајгана.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Па да започнеме:На дневна основа има многу смрт тоа е неприкосновено.Таков е циклусот на животот едни се раѓат,други умират нема констатна смрт без раѓање на живот нема ни континуиран живот без смрт,и така ќе тераме се додека Елон маск не не качи на Марс што па од друга страна ние од Марс ќе ја видиме само Белица(инаку село во областа Порече во нажалост наскоро по модерно Северномакедонскиот брод како и да е возможно тоа).Да го оставиме хуморот настрана,и патем тркнете до тоа место доста сте укотиле у тоа општинските макијата.
Него овде дојдов да говорам што нажалост успеа да го кутне мојот ден.Да го нокaутира-бутне(кутне) за оние без деадлус интелегенција.
Да се навратиме на смрта како што кажав ја има доста,застапена е,посакував овде у Скопје луѓето да си живеат малку подолго од тие 50+(кој нажалост ги слушам многу во последниве години како некоја доминатност на почетокот беше реткост но сега е веќе пракса и зачестеност)да ги оставиме и Скопјани на мира.Тука сме да говориме за Колорадо и тоа што се случи таму.
Знаете има многу приказни на дневна основа многу смрт:Ова е една од нив.
Прво започна откако го видов видеово на Рокфид:Why Is Metallica Being Linked To A Convicted Murderer? Видеото горе-доле е ствар која беше хит во 90с со тие Баба рога приказни.Не е ни толку битно колку тоа што од каде започна приказната за која сега и ја говорам.
На 13 Август 2018 Крис ватс ја уби својата бремена сопруга,а заедно со нејзе ги уби и двете ќерки.
Знаете 2019 сме и се е на интернет,мислам дека овој интернет модел на убиства(во овој случај не)Но да се обидеме да допреме некако ја започна Елиот роџер(кој кој НЕ-популарно но може да се нарече еден од доаените на таа сцена)во случајов за Колорадо нема ни на крај памет да ви текне дека тој може да направи таква ужасна работа.(Ги има доста на социјалните мрежи) слики,видеа и тн,и делуват онака како што човек може само да позавиди,совршено.

Знаете погледнете ја фотографијава.Делуват како од бајка во овој момент тргнете го Крис ватс од фотографијата и ставете се на негово место кажете ми дали посакувате уште нешто во животот?Не.(и сам дадов одговор во име на сите).Има преубава жена,две прекрасни деца,и уште едно дете требаше да дојде на овој свет но нажалост......
Вртев фотографи вртев видеа никако не ми оди во глава неможам да сфатам.Неможам да поврзам никако.Трагедијата да биде поголема ова чудовиште ја изневерувал својата сопруга.Она мислам how dare u,да ти роди две прекрасна ќерки,трето дете да биде на повидок,во едно од видеата жена му вика:Имаме 2 деца,живеме во Колорадо,и тој е најдоброто нешто што ми се случило во животот.Го потврдува засега убиството на својата жена,и го негира на својте деца кој заедно ги фрлил во oil tank или по македонски ќе му дое цистерна за нафта.Многу портали пишуват по Америка,густо...Неможе со сигурност да се знае точноста на изворот за било што..
Еве отворете и сами гуглајте малце видете ги фотографите делуват на едно вистинско среќно семејство,излезени од фурната правени според рецепт за среќа,незнам што се случило кој прекидач му паднал на Крис но ова е неопишливо,луцидно,и како ли уште да го наречам овој настан.Да се разбереме Америка има Mass murders,serial killers,додуша што нема има се,имаат долга листа на масакри,на работи кој неможе ни филмска скрипта да ги исере,се сеќавате на sandy hook elementary school shooting беа убиени 20 деца на 6 годишна возраст да не одвлекувам имаат премногу материјал,и премногу приказни она што сакам да кажам е дека се случуват многу ужасни работи но на некој начин ова ми дое како трн у око.
Тука некаде и ќе го привршувам овој текст,додека ја читав ова приказна денеска на пладне,знаете,недела попладне,беше некаде 14часот,она како важи правилото недела дома е целата фамилија,се собират сите заедно.


Еве и интервју со него каде што ги пријавува за исчезнати,читам и по портали,и на јутуб коментари,сите типуват,сметат дека e guilty as fuck.Видете го видеово,ако неможе да забележите од прва,погледнете го уште неколку пати,тоа смеење,она,говорот,телото,погледнете донесете си свој суд.Имате и доста форензичари( : ) ),психолози и што ли уште не во коментарите,како што кажав и претходно,модерна ера,модерни убиства,онакви како ни холивуд неможе да ги исере.Во еден дел вика ги сакам назад.
Крис ќе добие или доживотен затвор,или ќе оди на електрична столица.


На крај ве оставам со Брајан Кренстон

Лека ноќ и пријатно,и да Чувајте се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom