ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62

Експертите кои заработуваат од тоа, советуваат кој како да ослаби и велат дека нема место за паника затоа што тие ќе го кажат начинот за губење килограми кој ќе даде резултати за четири до осум недели.
Водич низ галаксијата на слабеењето овој пат ќе биде Jay Blahnik, кој меѓу другото е и гласноговорник на „IDEA Health and Fitness Association“.
Водичот вели дека оние кои се надеваат дека за осум недели можат да ослабат 25 килограми, треба веднаш да се откажат од идејата и да ги намалат своите стремежи на 5 килограми.
Добар почеток, според стручњакот е поставувањето на реална цел.
Здраво слабеење според оваа личност е по еден килограм неделно. Доколку не е така, односно доколку се губи повеќе од еден килограм неделно, тоа значи дека освен масти телото губи и мускули.
Лош модел на слабеење е и оној кога храната се ограничува на 500 калории дневно. Тогаш телото (организмот) на „слабејачот“ се паничи и го забавува својот метаболизам за да му заштеди енергија.
Не смее да се претерува ниту со многуте и напорни вежби затоа што телото на оној кој слабее се изложува на повреди.
Доколку оној кој сака да загуби некој килограм, воопшто или многу малку бил физички активен треба да започне со едноставни вежби. Пешачењето би бил првиот чекор. За оние кои вежбаат треба да се зголеми темпото и да се смисли нешто ново.
За оние со кондиција, доколку не можат да најдат половина час во континуитет, најдобро би било времето за активност да го распоредат на три дела (наутро, на ручек и навечер) од по десет минути.

- Избегнување на пијалаци со СО2 (газирани)
- Да не се користи цевка за пиење или гума за џвакање го задржува воздухот.
- Треба да се јаде бавно затоа што недоџваканата храна исто така содржи воздух
- Да се избегнува храна која произведува гасови како што е грашок и броколи
- Пијте вода и јадете сочно овошје за да се прочисти вашиот организам.
- Не јадете солена храна што ви ја собира водата во организмот.
За да се изгуби еден килограм масти неделно, треба да се направи дефицит од 3 500 калории, односно да се јаде помалку, а повеќе да се вежба.