Македонија води стабилна надворешна политика, без разлика кој е на власт, посебно со северниот сосед.Сите признавања, пописи, закони и референдуми тоа го докажале.
Она што ме интересира е-доколку (нема друг доволно моќен) вмро еден ден освои мнозинство доволно за измени во уставот, дали може да направи промени (или да ги врати измените) кај што сега сака да промени власта? И како тоа меѓународно може да се одрази? Лошо се изразив, веројатно ме разбирате што ми е прашањето
Не ти го разбирам првиот дел.. „Сите признавања, пописи, закони и референдуми тоа го докажале.“.
Што се однесува на Договорот со Грција, во истиот содржи „ставка“ во која пишува дека не може да се вратат назад промените кои ќе произлезат од него и ако истиот се реализира.
Е сега, постојат многу „рачки“ кои ја доведуваат во прашање валидноста на акциите кои се преземени од страна на нашата власт (извршна и законодавна).
Прво, меѓународни договори од овој вид (Договорот со Грција) по Устав може да потпише само Претседателот на државата, не може министер, или Претседател на Владата.
Второ, кога на референдум нешто нема да добие поддршка, исходот на референдумот е обврзувачки, според нашиот Устав. (Консултативниот референдум е оној кој се спроведува пред некој закон да се донесе, затоа се вика консултативен, ама резултатите се задолжителни). Така, спроведувањето на Договорот со Грција што сега се прави (Менување на Уставот) е спротивно на Уставот.
Трето, Договорот со Грција нема важност, не е потпишан од Претседателот, со тоа, не може да биде објавен во Службен Весник, односно, не може да стапи на сила.
Овие работи, според мене се доволна причина за можност за поништување на „нештата“ кои ќе произлезат, но, знаејќи како кај нас може и незаконски работи да поминат... не верувам дека нешто ќе се промени. Уставниот Суд е сервес на властите и истиот носи смешни одлуки, например, прогласување на референдумот за уставен.[DOUBLEPOST=1542899426][/DOUBLEPOST]
Чибу бе. Знаеш ти многу добро кои.
Бладаш момче, нема ништо што треба да знам. Затоа и не кажуваш, добро знаеш дека измислуваш.[DOUBLEPOST=1542899580][/DOUBLEPOST]
Не било принципиелно? Нема ти што да мислиш бре! Не си ти за таа работа. Господинот Груевски донесе одлука дека тоа е скроз принципиелно и дека треба да му се одаде признание на ослободувањето на Косово, со тоа што ќе се признае. Веруј, он најбоље знае што е принципиелно и што треба да се праи. Нема што ти тука да мислиш, така да престани да се преправаш дека го правиш тоа! Он толку беше принципиелен у таа работа, што по признавањето на Косово, вршеше притисок врз спортските сојузи за гостување на нашите екипи во таа пријателска и независна држава и покрај тоа што ги гаѓаа со предмети таму и го палеа нашето знаме. Тоа е принципиелност, а не ти.....
Јас не сум Груевски, јас кажав што мислам
јас. Знам дека едно е да кажуваш како граѓанин, а друго е да носиш (спроведуваш) одлуки како политичар на власт, за кои и сам знаеш дека е политика (курвинска работа). И ние сме подложни на многу курвински работи.