Ептен архаично звучи тоа армијата како коректив на власта, во нашиот случај дури е смешно. Основно правило е дека војската треба да биде доволна моќна да служи како одвраќач (deterent) на надворешните непријатели за да може да ја штити или одигра улогата на заштита на државата од внатрешните непријатели. А денес дефинирањето на (не)пријател и тоа внатрешен/надворешен е прилично еластична категорија во зависност од поставеноста на политичката констелација во одредена земја, регион...
Кај нас едноставно АРМ не може им служи онака како МВР во гестапо операции за се и сешто шо гледаме дека се прави и да биде дел од спрегата на криминалот и политиката, па затоа се маргинализира. А тоа не би било баш така ако и нема некој поширок консезус за тоа, и на домашните ама и меѓународните чинители.
Веројатно армијата се разбива паралелно со сите останати државни инститиуции во периодот после распадот на СФРЈ, меѓутоа да биде доведена до степен на ловно здружение отворено се прави за време на мандатот на Љубчо Ѓеоргиевски, со првиот план за систематизација и интероперабилност по НАТО стандарди во мала мобилна армија која треба да брои околу 14к активен персонал и некоја повисока бројка на т.н активна резерва, меѓутоа со добра ПВО и дел ВВ компонента, оклопни единици итн, нешто шо би доликувало на називот кој го носи.
Тој првичен план е прифатен од грото(ако не и од сите формално) НАТО членки и ставен во развој меѓутоа тука се јавува MRPI како советник на тогашната влада предводено од Генерал Мајор Роналд Грифитс (пензиониран и неформално повторно во служба) и таа бројка се преполовува заедно со опремата и вооружувањето кои се планирани, паралелно со ова сите постари старешини кои се противат се предвреме пензионирани како кочничари на реформите и еве каде сме денес. Ова започнува во периодот на кризата во српската покраина Косово, и кулминира некаде пред кризата во 2001. Кога отпочнува конфликтот кај нас Началник на Генералштабот на АРМ е инжинериски офицер па се тоа надолу хиерархиски доведено да биде сервилно со се она шо е нечија агенда.

Инаку тоа шо си пишал дека армијата е таа која би требало да служи како коректив на поедини опшествени состојби и да не се дозволи да истите излезат надвор од контрола, може некоја компаративна анализа да се направи со Труција и Грција каде и би имала некоја смисла тезата, обете НАТО членки со офицерски кадри изнедрени од најпрестижните воени академии како Вест Поинт, Сандхрст, Сент Сир итн, но контрастно едните онаму каде преовладува исламот строго секуларни, за разлика од другата страна каде има некоја левичарска непожелна историја строго конзервативно, десно задоени. А во секој случај и едните и другите западни производи но со различна намена во зависност од потребите т.е агендата во дадените гео-опшествено-политички околности.
Мислам дека со тебе баш на тоа муабетевме зошто Ердоган ги анулира овие кадри од армијата но и генерално од воено безбедносниот систем на Турција на друга тема.
Пикирана е Битола одамна од некој и тоа од повеќе причини, едноставно градот вештачки се носи во состојба на клиничка смрт.